Компанијата Amazon Prime Video ги претстави првите кадри од серијалот „Марадона“ - за животот на големиот аргентински фудбалер.
Во раниот период од животот Диего Армандо ќе го игра 31-годишниот Николас Голдшмит, а подоцнежниот период од неговото патешествие го играат 32-годишниот Назарено Касеро и 57-годишниот Хуан Паломино. Сите тројца неверојатно многу личат на фудбалската легенда во одреден период од неговиот живот.
Клаудија Виљафане која му беше сопруга на Диего и живеела со Аргентинецот од 1989 до 2003 година, ќе ја играат 24-годишната Лаура Ескивел и 40-годишната Хулиета Кардинале.
Серијалот е сниман во Аргентина, Уругвај, Шпанија, Италија и Мексико. Секоја епизода ќе трае 1 час а точниот датум на пуштање на серијата во етер уште не е објавен.
Шефот на одговорното продукциско студио BTF Media Франциско Сордеро изјавил дека ќе демонстрираат една невидена страна од животот на аргентинската ѕвезда и ќе го покажат не само како шампион, туку и како човек со сите негови недостатоци и маани.