Фудбал

На тренинг во Јуве е интересно со Роналдо

На 18 август почнува новата сезона во Серија А. Шампионот Јувентус го очекува преполн стадион во Верона каде ќе му гостува на Кјево. А „Бјанконерите“ до тогаш се спремаат во сјајна атмосфера.

Каде оди фудбалот - Челси даде 80 милиони евра за голман

По неколкудневни преговори шпанскиот голман Кепа Арисабалага премина од Атлетик Билбао во Челси за вртоглави 80 милиони евра и стана најскап голман во историјата!

Претседателот на Рома е асли цар

Маркетинг службата организира квиз со прашања. Гости: газдата на Рома, Џејмс Палота, Американец со италијанско потекло, стоперот од Грција Костас Манолас и вундеркиндот Џастин Клајверт, син на легендарниот Патрик. Во еден момент паѓа муабет за тоа колку гола треба да дадат за претседателот да им купи ново Ламборгини. Комедија.

Како навивачите на Ливерпул го пречекаа Лорис Кариус?

Германскиот голман во Ливерпул ќе биде запаметен по катастрофалните грешки во финалето од Лига на шампиони против Реал. После тој меч Кариус беше исмеван по социјалните мрежи, добивал закани по телефон, клубот му најде замена во Бразилецот Алисон, а единствени кои го почитуваат се навивачите кои на пријателската против Торино го пречекаа со овации:

Што може жена, не може никој - добро знае Лука Модриќ

Тивкиот и повлечен Лука Модриќ не би можел да опстане во светот на менаџерските хиени ако крај него не била таа - русокосата Загрепчанка која детството го поминала во канцелариите на Максимир.

Врвна најава за новиот Football Manager 2019

Редизајниран и ребрендиран, новиот Football Manager 2019 официјално ќе излезе на 2. ноември. Трејлерот е преубав.

Хаос, карамбол, лудило во шеснаесетник

Во последните секунди од дуел од американската USL лига меѓу Северна Каролина и Чарлстон Батери се одигра права панаѓурска акција. Не се знаеше кој јаде кој пие.

Бесмислена прослава на гол што мора да ја смени

Бразилскиот Атлетико Параненсе со 1-4 го совлада Пењарол во Уругвај, а фудбалерот кој го постигна вториот гол за гостите, Марсио, имаше глупава прослава на погодокот.

Марсело со нова мајсторија на тренинг

Иако се шушкаше дека ќе ги спакува куферите да му се придружи на Кристијано во Јувентус, бразилскиот магионичар се врати на тренинзите во Реал и покажа кој е кој.

Луѓе што многу наликуваат на познатите фудбалери

10 познати светски фудбалски имиња имаат свои двојници, некои повеќе некои помалку познати.

Мурињо и проклетството на трета сезона на иста клупа

Уште четири дена остануваат до стартот на англиската Премиер лига. Во петок Манчестер Јунајтед на свој терен го пречекува Лестер, а сезонава ќе даде јасен одговор за иднината на Жозе Мурињо на клупата на Манчестер.

Тибо Куртоа на стара фора сака да го зафркне Челси

Најдобриот белгиски и можеби европски голман, Тибо Куртоа има намера преку проверени методи со отсуства од тренинзи и натпревари да го присили Челси да крене раце од него и да го продаде. Но што ако клубот се заинаети и го стави да брани за младинците цела сезона?

Неверојатна одбрана во данското првенство

Голманот на Оденсе, Стен Гритебуст на мечот со Копенхаген ја имаше можеби одбраната на сезоната.

Велат дека Ескобар е убиен поради автогол, но приказната е посложена

Иако важел за џентлмен на теренот, чесен и пристоен човек кој одбил да остане во Америка по испаѓањето од Светското и решил да се врати дома меѓу своите Колумбијци, асфалтот немал милост за него.

Реал го нема Роналдо, ама го има Дани Себалјос

Во ситуација кога Кристијано замина во Јувентус, а најголемите ѕвезди одмораат уште некој ден по напорите на Светското првенство, на тренинзите на Реал за забава е задолжен младиот талент Дани Себалјос.

На тренерот на Челси му се пали цигара, му се плаче, ама забрането е

Кариерата на харизматичниот Маурицио Сари во Англија започна не баш едноставно. За него велат дека тој не пуши само кога спие.

Новото засилување на Милан го чита Достоевски и не игра Плејстејшн

За разлика од неговите врсници кои за да остават добар впечаток пред девојките, велат дека читаат, најталентираниот италијански стопер вели дека чита за своја душа и дека книгите го формирале како личност.

Сезоната уште не почната, а во Словенија падна раскошен гол

Новиот словенечки прволигаш Мура го прегази Домжале (клуб кој пред две години го елиминираше Вест Хем од квалификациите за Лига Европа), со 5-1. Петтиот гол беше чудесија. Стрелец Нино Коутер.

Мајка му на Жоржињо го виде дресот на синот во Челси и се расплака

Мајка му на новајлијата во Челси Жоржињо Фрело заедно со својот син го посетила клупскиот фан шоп. Кога стигнала до штандот со дресот на Жоржињо тоа ја трогнало.

Постојат три сигурни работи - смртта, даноци и Пизаро да се врати во Вердер

По апокалипсата во 2179 година Клаудио Пизаро пак ќе потпише за клубот во кој ни самиот не знае колку пати се враќаше во кариерата.

Мојот прв фудбалски дрес

Лето 1995-та, Нови Сад, на тезгите полно со дресови. Чале ми избира поклон за роденден, бидејќи со денови му кукам како сите на игралиште во маало играат со дресови, а јас сум единствен што немам.

Два типа на фудбалери кои сите ги имаме во маало

Едниот сите го дупчат пошто е најслаб. Ти му ја местиш на лева, тој ја промашува бидејќи е со две леви, топката му се удира во десна, па уште и ролинг прави. А другиот се знае. Игра цело време напред, никогаш не се враќа назад, себичен е, ама затоа дроби со голови. Во видеово лесно ќе ги препознаете и двајцата.

Фотка со чичкото кој татко ти го направи мајмун

Андрес Гаурдадо од Бетис е еден од стотиците фудбалери кои се жртви на брзината и безобразните дриблинзи на Меси. Прво го измести од игра, заедно со уште двајца, а потоа го однесе син му да се слика со него. Тоа е, фаца си е фаца. Едно е татко, друго идол.

Бугарска работа

Му фали уште капче од Јуве, привезок од Манчестер и штуцни од Лацио. Инаку фотката стварно е од Бугарија.