„Далимаунт Парк“ важи не само за еден од најкултните стадиони во Ирска на кој понекогаш игра репрезентацијата, туку се смета и за најголем плоштад на музички концерти.
Во 70-те на оваа арена грмеле рокерите Thin Lizzy и Boomtown Rats, во 80-те култните Боб Марли, Meatloaf и Black Sabbath, во 90-т Faith No More, Sonic Youth, Ice Cube и RHCP.
Стадионот „Далимунт Парк“ станал центар не само на фудбалските случувања туку и на музичката култура на Даблин и цела Ирска.
Фудбалскиот клуб Бохемиан во чест на еден од најголемите музичари кои свиреле на овој стадион, Боб Марли, пуштиле во продажба колекција на дресови за новата сезона со ликот на славниот Јамајчанец.
Официјално овие убави дресови ќе може да се купат од 25 декември односно на денот кога Католиците го прославуваат најрадосниот христијански празник Божиќ.
Боб Марли бил голем љубител на фудбалот и самиот го играл многу добро. За една од причините на неговата смрт дошла како сериозна последица од незгодна фудбалска повреда. За таа приказна повеќе тука.
Неговите најблиски другари често раскажувале дека Боб тешко поднесувал пораз на фудбал и дека често барал реванш веднаш после изгубена партија.
„Фудбалот е цел свет. Цела вселена. Јас го љубам фудбалот затоа што за да го играш треба да бидеш искусен. Тоа е цела уметност. Слобода! Фудбалот е слобода“, рекол Марли во 1979 година.
„На терен Марли беше перфекционист. Многу сакаше да биде лидер, но во тоа време секогаш беше спремен да остане во сенка во служба на екипата. Боб сакаше да игра на крило во средината. Имаше дриблинг, техника, брзина. Да не го заборавам и неговиот силен шут. Кога шутираше шутираше многу јако“, се сеќава Невил Гарик, близок другар и основач на музејот на Боб Марли во Јамајка.
„Ја засакав музиката многу порано пред фудбалот, раскажувал Боб Марли за внатрешната борба на две страсти, - Да се случеше поинаку, ќе беше опасно. За мене да се игра фудбал и да се пеат песни е опасно. Затоа што фудбалот може да биде многу жесток. А јас пеам за мир и за љубов. Кога на теренот противникот силно ќе ти влезе, може да настане конфликт. Дури и војна.“
We are delighted to reveal our 2019 away jersey.
— Bohemian FC 🔴⚫ (@bfcdublin) October 23, 2018
Designed by #Bohs in conjunction with our new kit suppliers O’Neills, it gives a nod to Dalymount's special place in the hearts of football and music fans.
Available for pre-order in time for Christmas: https://t.co/gCjzKUSiJK 👈 pic.twitter.com/H6ZMlIMLQA
Боб Марли им се восхитувал на тројца фудбалери: Пеле, младиот Марадона и на Освалдо Ардиљес. Последниов го сакал особено многу и го следел на Светското првенство 1978. За време на овој Мундијал Марли со групата имал турнеја низ САД како промоција на албумот Kaya. Бандата од Јамајка се возела со автобус во кој постојано бил вклучен телевизор за Боб да не пропушти ништо од Светското. Притоа цело време го исклучувал звукот за да не ги слуша коментаторите: постојаните звуци му сметале да ја следи играта.