Донарума во сезоната 2015/2016 се појави како голема надеж на Милан во која уште во првата сезона фудбалската јавноста гледаше како на идна ѕвезда, легенда на Сан Сиро, но и на италијанската репрезентација каде чекаше шанса после Буфон.
Малиот со своите способности и предиспозиции тоа го наговестуваше и бранеше како да е готов голман. Но 19 годишникот и покрај тоа што ја игра четвртата сезона за Милан делува како уште да не е испечен.
Киксот на синоќешниот меч не му е прв, а тоа го чинеше Милан пораз во градско дерби кое во Италија се смета за меч на сезоната. Пораз со кој Милан е на 12-та позиција со освоени 12 бодови од вкупно 24 и заостанување од 13 бода зад лидерот Јувентус.
Во прилог не му оди и еден многу лош статистички податок, а тоа е дека Милан е единствената екипа сезонава во Серија А која примила гол на сите натпревари.
Јувентус и Сампдорија се бранат најдобро сезонава и имаат по четири средби без примен гол, Наполи, Каљари, Фиорентина, Интер, Лацио, СПАЛ, Парма, Рома и Торино по три, Аталанта, Удинезе, Џенова, Емполи, Сасуоло и Болоња по два, а Фрозиноне и Киево успеале да не примат гол на само еден натпревар.
Тимот на Џенаро Гатузо последен пат го сочувал голот несовладан на 15 април 2018-та на мечот против Наполи кој заврши 0:0. СПАЛ и Каљари имаа примено сезонава по 10 гола, а Милан 11 и тоа со натпревар помалку.
Лошата интервенција на Донарума кој како да загуби концентрација на крајот и исплива во празно.
Камерата која го следеше само Икарди
Навивачите се до толку разочарани од него што сметаат дека не треба да брани. Еден изјави дека треба да му дадат шанса на Реина, а друг дека Донарума не е кадарен за да биде голман на Милан.