Фудбал

Хулк даде невозможен гол, кандидат е за наградата „Пушкаш“

Во групна фаза од првенството Минеиро, првенство кое се игра паралелно со најдобрата бразилска Серија А, синоќа Атлетико Минеиро со 2-7 на гости го совлада Итабирито. 39-годишниот легендарен напаѓач Халк постигна страшен гол во негов стил од речиси 40 метри!

Интер со гол во 90' минута го победи Јувентус во дербито на Италија

Интер го совлада Јувентус 3:2 на својот „Џузепе Меаца“ во 25. коло од Серија А со погодокот на Полјакот Пјотр Зелински во 90' минута.

Нов гол на Роналдо, се врати и потврди класа

Поради своевиден бојкот кон управата на клубот Кристијано Роналдо не настапи на два натпревари по ред, но сега заигра пак и му донесе победа на Ал Наср на гостувањето кај Ал Фатех со 0-2. Португалецот стрелаше прецизно во 18' минута, го славеше голот со познатото „сиииииууууу“ но во еден момент падна на тревникот па се насмеа сам на себе.

Модриќ играчина, на 40 години го вади Милан на гости

Милан се помачи против последнопласираната Пиза која ја доби со 1:2, со гол во 85-та минута на Лука Модриќ. Хрватскиот ас влета во шеснаесетник како напаѓач и му донесе многу важни 3 бода на својот тим кој е на -5 од градскиот ривал и лидер на табелата. Со 40 години и 257 дена, Модриќ е трет најстар стрелец во историјата на Серија А. Има 2 гола и 3 асистенции.

Носталија која не умира

За тие што не знаат која беше Парма во 90-те и колку култ имаше овој тим: Куп на Италија 1992, 1999 и 2002, Супер Куп на Италија 1999, Куп на УЕФА 1995 и 1999, Супер Куп на Европа 1993, Куп на Куповите на победницте 1993. 

Како ќе изгледа голот на Роналдо број 1.000

Пусти Роналдо, тртна 41, се испокара со сите во Саудиска Арабија, ама нема шанси да прекине се додека не стигне до опсесијата наречена 1.000 голови во кариерата. Веќе му го предвидоа јубилејниот гол.

Страшниот пресинг во 90+8' минута на син му на Диего Симеоне

Атлетико Мадрид ја прегази Барселона со 4-0. Сите четири гола ги дадоа уште во први 45 минути. Еден од подобрите на терен беше 23-годишниот Џулиано Симеоне, син на Диего Чоло Симеоне. Малиот истрча за сите пари. Имаше 2-3 страшни спринта од пресинг во 90+ во судиско продолжение.

Олисе за влакно не направи беља со Компани

Мајкл Олисе во епизодата кога играш фудбал пред зграда и за малку не си го скршил прозорот на комшијата.

Атлетико ја разби Барселона како ретко кој

Во првиот натпревар од полуфиналето на Кралскиот Куп, Атлетико Мадрид ја развали Барселона 4-0 со сите четири гола постигнати уште во првиот дел.

Дома си е дома, после 14 години дена Инсиње се врати во Пескара

Триесет и четири годишниот Лоренцо Инсиње, легендарниот фудбалер на Наполи кој освои Европско првенство со Италија, по авантурата во студената Канада, се враќа дома, во Пескара. После 5.000 денови одново го облече дресот на матичниот клуб. Влезе од клупата за резерви на дуел против Катанѕаро на култниот стадион „Адриатико“.

Еднаш и Златан да изгуби топка

Ибрахимовиќ беше една од ѕвездите на церемонијата на отворањето Зимските олимписки игри. За БиБиСи сними интересно видео во кое објаснува како се станува шампион во Милано. За време на снимањето падна жонглирање, мајтап, ама и топка.

Од таму мајсторе ни Михајловиќ нема погодено

Нисколигашки меч од Италија меѓу Виртус и Либертас, ни носи ретко видена мајсторија од слободен удар. Од таму обично сите нафрлуваат, а царов ја свитка во гол.

15 години од страшниот гол на Вејн Руни со Сити

На 12 февруари 2011-та година, Вејн Руни го постигна најубавиот гол во неговата богата кариера и еден од најпрекрасните евроголови некогаш дадени. Во дербито против Манчестер Сити за победа од 2-1 на „Олд Трафорд“.

Авторитетот на Ноер пуштен на најјако

Со головите на Кејн и Диаз, Баерн го совлада Лајпциг со 2:0 и по дури шест години обезбеди полуфинале во Купот на Германија. Интересна ситуација се случи меѓу Мануел Ноер и 19 години помладиот Конрад Хардер.

Капитенот на Барселона Араухо отворено за депресијата: „Ми помогна патот во Ерусалим“

Одличниот одбранбен фудбалер на Барселона и репрезентацијата на Уругвај, Роланд Араухо си отвори душа и во разговор за Мундо Депортиво раскажа низ што сè минувал во изминатите година ипол. „Анксиозноста ми премина во депресија и така играв“.

Мангупскиот гол на Шешко во 96 минута фатен од трибина

Манчестер Јунајтед ја прекина серијата од четири победи во низа, но барем не загуби и остана четврти подари ремито на Челси против Лидс. Ги спаси Бенџамин Шешко во 96 минута за конечни 1:1 против Вест Хем. Ептен со осет ја одигра. На прва.

Палермо да ви покаже како се организира акцииште во први 10 секунди

Фудбалерите на Палермо се борат за кам бек во Серија А, а ова што го одиграа не сме го виделе ниту од Барселона и Реал Мадрид. Акција во пет потези и голчиште и тоа во првите 10 секунди од средбата против Специја. Махери.

Руни за дечкото со косата: „Би го фрлил негде на крај од земјава, ми досади“

Младиот навивач на Манчестер Јунајтед Франк Илет стигна до 1 милион и 200.000 следбеници на Инстаграм. Лани тој стана познат откако се појави видео на кое тој со долга, пуштена коса рече дека нема да се шиша сè додека Манчестер Јунајтед не победи 5 натпревари по ред. Стигнаа до 4 триумфи во серија во Премиер лига и синоќа пред дуелот против Вест Хем беше спремен за бербер и машинка. Ама Јунајтед едвај извади 1:1 во 90+4' минута до дуелот.

Кол Палмер го има промашувањето на сезоната и тоа за победа во 94-та

Челси одигра само 2:2 против Лидс во 26. коло од Премиер лигата, откако гостите се вратија со два комада за само 6 минути во вториот дел. Домаќините испуштија чисти 3 бода. Кол Палмер имаше нестварно промашување во 94-та минута. За глава се држеа сите.

Докторски изведен пенал на Елмас, Милинковиќ сељачката на сила

Наполи е елиминиран во четвртиналето од Купот на Италија од Комо, кој оди во полуфинале после 40 години. Мечот заврши 1:1 во регуларниот дел, 8:7 на пенали откако Лукаку го утна цел гол, а Лоботка го промаши последниот пенал. Елиф Елмас го одигра цел натпревар и изведе перфекција од 11 метри, а Вања Милинковиќ Савиќ ги изнасмеа сите со ударот.

Евроголот на Собослаи од навивачки агол кој не се брише од телефон

Ливерпул прокоцка голема победа против Манчестер Сити откако поведе со голчиште за најавни шпици на 15 минути до крајот на средбата. Пазете ликов од каде успеал да го фати. Нема послатко.

Прием и лоб на месецот во Јапонија

Во првото коло од втората лига во Јапонија позната како Ј2 лига, Вегалта го победила Точиги Сити 1-4 а последниот гол за гостите кој го дал Ајуму Фуруја бил маестрален. Прием и лоб врвни.

Во Турција го учеа скромниот и срамежлив Канте да урла

Фенербахче го совлада Генчлербирлиги 3-1 и ја продолжи потрагата за лидерот Галатасарај кој на табела им бега 3 бода. Свое деби имаше легендарниот Нголо Канте (34) кој одигра 62 минути. После мечот фудбалерот Исмаил Јуксек и другите соиграчи од Фенербахче тргнаа кон навивачите и го учеа Канте за традиционалното навивање со одбројување 1, 2, 3. Тој кутриот скромен и срамежлив не е за тоа.

На братов треба со Марадона да му се обраќаат во маало

Земете урамете му го голов и делете го по скаути. Дечково е за на големите фудбалски сцени.