Стемфорд Бриџ е место како втор дом за Португалецот, каде остави белег, трофеи, пријатели. Нема шанси да не сретне некој познат. Се виде со Џо Кол кој му беше во состав, а се поздрави и со Харгривс. Жозе ко Жозе, секогаш непосреден.
Жозе Мурињо се врати на местото каде стекна слава и резултати, кои потоа му го отворија патот во Интер. Беше тренер на Челси во два наврати (2004-2007) и (2013-2015). Освои 8 трофеи од кои 3 во Премиер Лига, 3 Лига Купови и по еден ФА Куп и Комјунити Шилд. Навивачите тоа не му го забораваат. Тие го скандираа неговото име, тој им врати со бакнежи.
Јенс Питер Хауге, кој играше за Милан и Ајнтрахт сака да ви покаже како се игра еден на еден. Ова е тој пример за игра која се вика: дриблинг, шут, гол. Фантастично одиграно на мечот против Тотенхем на кој имаа водство од 2:0, но Англичаните стигнаа до бод во 89-та минута.
Три петарди пукнаа во првиот ден од 2. коло во ЛШ. Реал и Баерн на гости, Атлетико дома против Ајнтрахт. Убедливи беа и екипите на Интер и Марсеј, а изненадувањето на вечерта го направи Галатасарај против Ливерпул. Бодо Глимт прокоцка водство од 2:0 против Тотенхем.
Ливерпул не знае како да му се оддолжи и да го испочитува нивниот довчерашен фудбалер Диого Жота, кој загина заедно со брат му на 3 јули. Навивачите организираа, уметникот Пол Куртс црташе. Резултатот е преубав.
Дебитантот кој првпат во историјата игра во Лига на шампиони, шампионот на Казахстан, Каират од Алмати вечерва ќе го пречека најтрофејниот европски клуб кој мораше да пропатува околу 13 часа за овој натпревар.
Чудни се навистина патиштата фудбалски. Не знаеш кој каде и кога ќе отиде, кој од каде ќе замине. Жозе Мурињо кој се раздели со Фенербахче, добил утредента богата понуда од португалскиот гигант Бенфика. После цели 25 години се враќа во клубот кој на времето кратко го водел на само 12 натпревари. Мурињо сега во Лига на шампиони со Бенфика ќе му гостува на Челси, клубот во кој проживеа славни денови од тренерската кариера.
Обидете се да се ставите во кожата на тренер на противничка екипа, која треба да се соочи со бандава. Што да им прави човек? Инаку кога сме кај Барселона, во среда од 21 играат против европскиот првак ПСЖ.
Екипата која се наоѓа во криза поради што навивачите протестираат против управата и бараат да замине, синоќа на гости кај Евертон одигра 1-1. Губеа 1-0 ама капитенот Џаред Боуен со прекрасен гол израмни и им донесе многу важен бод од тешкото гостување. Вест Хем играше за првпат под новиот тренер Нуњо Еспирито Санто кој дојде на местото на избрканиот Грем Потер.
Шпанците по неколку дена се занимаваат со градското дерби. Објавија комуникација од теренот меѓу Винисиус и Коке: „Плачеш како бебе, гомно едно“. Одговорот на Коке: „Мбапе ти го јаде лебот (ти го краде вниманието). Тој е најдобар“.
Франко Мастантуоно има 18 години и 6 настапи во Ла Лига, први општво во европскиот фудбал од доаѓањето од Ривер Плејт. Некој треба да го научи дека навивачите не му се криви што примија петарда на градското дерби. Не ти требаше ова дете.
Се вика Алдин Јакуповиќ, има само 19 години и веќе го постигна еден од најубавите и потенцијално најјак гол на кариерата. Игра за Браво, а мајсторијата му успеа на мечот против Копер.
Центарфорот на бразилски Коринтијанс, Јури Алберто на дуелот на неговиот тим против Фламенго проба атрактивно да даде гол од пенал ама голманот многу лесно му ја фати „паненката“ и го посрамоти. Јури Алберто подоцна во 47' минута постигна убав гол после силен продор за 1-0 ама на крај Фламенго победи 1-2 после пресврт.
Некогашниот врвен англиски репрезентативец кој играше одличен фудбал во Њукасл, Бирмингем и Тотенхем, сега на свои 34 години иако не е многу стар реши да игра на Тајланд. Пред неколку месеци потпишал договор со клубот Канчанабури а веќе на 6 натпревари има 1 гол и 2 асистенции. И тоа каков гол дал во саботата погледнете:
На дуелот меѓу Рен и Ленс во француската Лига 1 гостинскиот фудбалер Жонатан Градит направи груб фаул како последен играч уште на почеток во 48-ма секунда и доби директен црвен картон. Неговите соиграчи лавовски 90 и кусур минути се изборија за 0-0 и голем бод од тешко гостување.
Шпицот на Милан позајмен во Лече, Франческо Камарда на 17 години и 202 дена постигна гол за новиот тим во 90+4' минута од дуелот против Болоња за конечни 2:2 и голем бод на неговата екипа. Камарда на тој начин стана најмладиот стрелец во историјата на Лече. Претходниот го држеше Бугаринот Валери Божинов кој на 17 години и 330 дена исто против Болоња на 11-ти јануари 2004-та постигна гол.
Домашните натпревари на Њукасл на „Сент Џејмс Парк“ се право уживање за гледање. Полн стадион кој реагира на секое случување на теренот. Поведоа црно-белите со преубав гол на Волтемаде со глава и водеа до 84' минута кога прво Мерино возврати со глава за 1-1, а потоа и Габриел Магаљаеш во 90+6 кој им донесе луда победа на „топџиите“ 1-2 во последни секунди. Стрелците на головите Габриел и Волтемаде имаа и расправија на теренот откако Бразилецот намерно го удри Германецот во еден дуел.
Милан го совлада Наполи 2:1 во 5. коло од Серија А, со играч помалку од 57-ма минута и сега е прв на табела со 12 бода, исто колку што имаат Наполи и Рома. Човек на одлука Пулишиќ, кој првиот гол го намести со страшен трк од својата половина, а беше стрелец на вториот. Елмас влезе во 72-ра место Де Брујн.
Надреални 18 секунди од полскиот прволигашки фудбал меѓу Видзев Лоѓ и Раков. Ај еден до двајца да не се океј, ама овде кој фати топка, не знае кај тера.
Барселона го совлада Реал Сосиедад со пресврт 2:1 и сега е пред Реал. Стрелци Кунде и Левандовски. Пољакот стигна до гол број 700 во кариерата, а она што воодушевува плус кај овој тим се нивните златни деца кои фудбалот го прават забавен за гледање.
Дваесет и пет годишниот грчки фудбалер Александрос Киѕиридис го постигна најубавиот гол на колото во шкотската Премиер лига. На мечот на кој неговиот Хартс со 3-0 го победи Фалкирк, Каѕиридис го даде првиот погодок во 22' минута. Невидено голчиште кое долго ќе се врти по најдобрите моменти на сезоната во Шкотска.
На еден тренинг на Интер Мајами, светскиот шампион со Аргентина Родриго Де Пол кој е најдобар другар на Меси поради кого дојде во САД, пробува да даде гол од позади гол. Не успева па доаѓа Лео да му покаже како треба.
Канада, Мексико и САД на 11 јуни следната година или за нешто повеќе од 8 месеци, ќе го пречекаат фудбалскиот свет. Почнаа да откриваат дел од маркетингот.
Ливерпул по којзнае кој пат во последниве пар сезони, а особено сезонава постигна гол во последните моменти од мечот, во 87-ма минута за да израмни против Кристал Палас. Ама и првпат сезонава прими гол во 90+7' минута за прв пораз во Премиер лига, 2-1 од Кристал Палас. После натрпеварот некој луд лик, навивач на домаќините од Лондон клекнал да врзува патики на мајтап пред автобусот со играчите на Ливерпул.