Фудбал

Фантастично одбранет пенал на Столе Димитриевски

Голманот на Македонија одново покажа зошто заслужува поголема минутажа во Валенсија. Фати пенал во четвртфиналето од Купот на Шпанија против Атлетик Билбао и тоа во 75 минута при резултат 1:1. Но, сепак Валенсија не издржа до крај и прими гол во 96-та минута. Во полуфинале ги однесе Ињаки Вилијамс.

Одличен гол на Бојан Миовски, висок триумф на Ренџерс

Се вжешти трката за титулата во шкотскиот фудбалски шампионат. Хартс загуби, Миовски погоди, Глазгов Ренџерс победи.

Мато за драматичниот трансфер: „Снемав интернет, па немав како да му кажам на Вардар“

Одличниот 22-годишен крилниот напаѓач од Уганда, Рожерс Мато прво му донесе есенска титула на ФК Вардар со врвни игри, 12 гола на 13 натпревари и бројни асистенции па неминовно беше да замине во поголем клуб. Неговиот договор го откупи изненадниот лидер во шкотски Премиершип, Хартс.

Голот во 90+7' минута кој го однесе Арсенал во финале

Арсенал уште е активен на сите четири фронта. Синоќа обезбеди големо финале на Лига Купот откако на реваншот од двомечот со Челси го совлада големиот ривал со 1-0. На првиот меч „топџиите“ славеа 2:3 на „Стемфорд Бриџ“. Синоќа немаше голови сè до седмата минута од судиското продолжение (90+7') кога Кај Хаверц, германскиот репрезентативец го реши победникот со гол од контра.

Страшна левица на Асенсио

Фенербахче го совлада Кочалиспор, каде игра Чурлинов, со 0:2. Машала, Марко Асенсио го има можеби голот на месецот во Турција.

Барселона спречи сензација и не баш лесно го совлада Албасете

Фудбалерите на Барселона избегнаа голем срам каков што претрпе Реал Мадрид и го совладаа второлигашот Албасете на гости 1-2 во четвртфиналето на шпанскиот Кралски Куп.

Кога требаше да се соочат Карлос и Кан, ама се сменија плановите

Сега појасно ли ви е како на времето се мамеа врвни голмани од рангот на Оливер Кан?

Сè за љубов

Необичен прекин се случи на мечот меѓу Славен Белупо и Вараждин. Кога судијата свирна, на никој не му беше јасно што се случува. Македонскиот дефанзивец, Марио Младеновски влегол на терен со бурмата.

Какви спомени: Барселона игра против Албасете 20 години по првиот гол на Меси

Откако на 14-ти јануари го направи најголемото чудо сезонава во шпанскиот фудбал и со 3:2 го елиминираше големиот Реал Мадрид од Кралскиот Куп, Албасете вечерва лови нова сензација. На гости им доаѓа страшната Барселона, лидер во шпанска Ла Лига.

Аргентинецот кој дава само дрски голови

Николас Барос Скелото е 10-ка во Химнасија Ла Плата. Има само 19 години а веќе е лидер на екипата. Во 1. коло од аргентинската фудбалска лига постигна прекрасен гол од корнер, а сега даде можеби уште поубаво од скратен корнер. Вредноста на пазарот му е 500.000 евра и наскоро би можел да замине во некој голем европски клуб ако продолжи вака.

Џани Инфантино: „Да се тргне забраната за настап на Русија, само се шири омраза“

Првиот човек на светската фудбалска куќа ФИФА Џани Инфантино вели дека тој лично сака забраната за Русија да настапува на меѓународни фудбалски натпреварувања конечно после четири години да прекине затоа што ништо не се постигнало со тоа.

Судија морам до тоалет, направете пауза

Триесет и осум годишниот бразилски голман кој бранеше и за репрезентацијата пред неколку години, а бранеше и за Гремио, ПСВ и Спарта Ротердам, стана легенда на Коринтијанс со 548 настапи. Сега е во Крузеиро. Пред некоја вечер на дуел против Бетим на гости, на старт на вториот дел побарал од судијата да го прекине на кратко натпреварот за да отиде до тоалет. И го чекаа 5-6 минути.

Слободниот удар со кој Удинезе ја совлада Рома

Со необичнииот погодок на Јирген Екеленкамп во 49' минута кога топката се одби од Дориен Мален кој беше во живиот ѕид и го зафркна голманот Миле Свилар, Удинезе со 1-0 ја победи Рома.

Најлегендарен волеј во кариерата на Џејми Варди

Каква незаборавна екипа беше тој култен Лестер Сити во 2016-та. Со Ријад Марез, со Каспер Шмајхел, со Н'Голо Канте и секако лидерот Џејми Варди кои со своите голови му ја донесе на Клаудио Раниери и навивачите сензационалната титула во Премиер лига. Таа сезона Варди го постигна можеби и најубавиот гол во неговата кариера. Против Ливерпул.

Пародија на мечот Бенфика - Реал Мадрид 4:2

Си немале дечкиве попаметна работа и фатиле во хангар со коли, да го „прераскажат“ лудиот меч меѓу Бенфика и Реал Мадрид, кој заврши со гол на голманот на домаќините и тоа во 98-ма минута. И тоа добро се спремиле, со сите нишани.

Ракетата на баскиското дерби Атлетик Билбао - Сосиедад

29-годишниот Португалец Гонзало Гуедеш кој играше во Бенфика, ПСЖ, Валенсија, Волвс и Виљареал, од минатото лето е во Реал Сосиедад. Сезонава на 22 средби веќе има 6 гола и 2 асистенции и се покажа како одлично засилување. Синоќа во баскиското дерби против Атлетик Билбао на гости постигна прекрасно голчиште во 37' минута за 0-1. Подоцна домаќините израмнија во 88-ма минута за конечни 1-1.

Го имаме ли голот на сезоната во Премиер лига?

Тотенхем успеа да анулира негатива од 0:2 на дуелот со Манчестер Сити на домашен терен, благодарение на двата гола на Доминик Соланке. Англискиот напаѓач поднесе кандидатура за гол број 1 на сезоната. Ова е сериозна велемајсторија.

Заврши конкурсот за најдобри ножички за 2026-та

Да не сте помислиле да ни праќате други видеа. Овие ги баравме.

Лига Европа: Динамо Загреб со Генк, Црвена звезда во Франција

Веднаш по извлекувањето на паровите за бараж за осминафинале во Лига на шампиони каде имаше комична ситуација и Реал Мадрид повторно падна со Бенфика каде ќе гостува по неверојатниот гол на голманот Трубин, се извлекоа и парови за бараж за 1/8 финале во Лига Европа.

Извлечени паровите за бараж за осминафинале: Реал пак оди кај голманот кој им даде гол

Попладнево во Нион во седиштето на УЕФА беа извлечени паровите кои ќе играат натпревари со реванш и подобриот ќе оди во осминафинале. Париз ќе игра против ривалот од првенството Монако, а Реал Мадрид пак ќе оди на нозе кај Жозе Мурињо кој ги победи 4:2 пред само неколку дена.

Комедии со голманот на Струга

Струга одигра 1:1 против Пахтакор од Узбекистан на пријателски натпревар во Анталија. За македонскиот прволигаш брани италијански голман по име Марко Анџелети, кој сам си ја пикна во гол во 87-ма минута. Циркузи.

Ваква паненка да ве видам да изведете

Колумбиецот Хулијан Кињонес од Ал Кадсија можеби отиде на голем ризик, ама на крај излезе мангупиште со пеналот против Ал Хилал. Мечот од првенството во Саудиска Арабија заврши 2:2. Многу смел удар.

Ко Пепе му влезе од радост за голот во 98-ма

Анатолиј Трубин е хит број 1 во финишот од првата фаза во Лига на шампиони. Бенфика ја славеше лудо големата победа над Реал Мадрид, а најлуд беше еден од помошниците на Мурињо, кој со две нозе му влезе на еден од играчите.