Мбапе даде гол за победа, го повреди коленото и ја напушти репрезентацијата
Зинедин Зидан тргна победнички на дебито како селектор на Франција. Ја доби Турција на гости 0:1 со голот на Мбапе. Но, ѕвездата на Реал не се израдува на голот, туку се повреди и излезе од игра. Завршија неговите настапи во првиот прозорец од Лига на нации.