Фудбал

Од Милан за Шевченко

Неговата игра не можеше да се опише со зборови, неговиот стил беше неповторлив а „Златната топка“ освоена во 2004-та стана признание за неговата уникатност.

Јохан Кројф за тоа колку мора да се знае странски јазик

Еден од најголемите фудбалери и фудбалски тренери на сите времиња, Холанѓанецот Јохан Кројф во една прилика изјавил дека секој играч мора да знае да зборува макар два странски јазици.

Милина од акција на шпанските млади фудбалери

На пријателска средба Шпанија У21 со 4-1 ја совлада Данска. Шпицот Борха Мајорал кој од Реал Мадрид е позајмен во Леванте, постигна три гола од кој едниот беше по маестрална акција.

Историскиот старт на Солари со кој ја заслужи довербата кај Перез

По очајниот старт на Лопетеги со кој Реал Мадрид немаше ниту саглам игра, ниту резултати, местото му зема човек со исто тренерско искуство какво што имаше Зидан. Но тоа не влијаеше да стартува како што не успеал ниту еден друг тренер на Реал Мадрид.

Голот на сезоната во МЛС е оној првиот на Златан

Се сеќавате ли на каков начин дебитираше Ибра во американскиот фудбал пред половина година? Со два гола од првите два удари и тоа во градско дерби кое го сврте од 2:3 на 4:3. Влезе во 71-ва минута и направи дар мар на терен. Неговиот деби гол во МЛС лигата од вкупно 22 кои ги постигна, заслужено е прогласен за најубав во сезоната.

Мајсторија од младинските денови на Џо Кол

По 20 години кариера од кои 7 сезони и 7 трофеи во Челси, поранешниот англиски репрезентативец Џо Кол одлучи да застане со трчање во професионалните фудбалски води. Човекот се изнаигра фудбал и оди во заслужена пензија. На клупски план се појави на 677 средби и постигна 95 гола.

Фелаини конечно ќе може да ја удира топката со глава

Не е лага, не е фотошоп, Маруан Фелаини си ги поштеди маките од детално трљање коса со шампон и фенирање. Реши конечно да фрли некој денар на бербер и да се опрости од афро фризурата која ако ја пуштеше уште малку, ќе почнеа љиљаци да му шетаат.

Сте можеле и телефонски да се јавите во Интер за Кеита

Фудбалската репрезентација на Сенегал ќе биде ослабена во квалификациите за Купот на Африка 2019, откако остана без еден од најважните напаѓачи, кој не е ни повреден ни суспендиран. Причините се банални.

Линиски судија на Милвол - Фулам дојден од кафана

Да е во првенство или куп на друга земја па да разбереме, ама ова да се случи во фудбалска Англија нема поента. Линискиот судија на мечот од англискиот Карабао лига куп судел со чевли а не копачки.

Оди дај ваков гол на 15 години да те видам

Не е ова У-16, У-18 или некоја друга младинска категорија, туку втора полска лига каде дете на 15 години по име Каспер Садлоха импресионира со приемот и волејот. Ова е лепота за гледање и веројатно тешко за изведување и за веќе зрел стрелец, а камо ли за дете на тие години.

За Борусија Дортмунд игра математички генијалец

Швајцарскиот стопер Мануел Аканџи гостуваше во студиото на германскиот канал SRF Sport и ја запрепасти јавноста со својата интелегенција и логика.

Опасноста на дербито Бока - Ривер во една слика

Британскиот магазин FourFourTwo го смета за најголемо дерби во светот, Daily Telegraph го рангира како меч со најголемо клупско ривалство, а Daily Mirror за број 1 дерби на планетава на листата на топ 50, дури и пред Ел Класико. Според некои статистики овие две екипи држат 70% од навивачите во цела Аргентина.

Секој би посакал вакво гостување на 8 години

Џек има 8 години, навива за Ватфорд и за прв пат во својот живот се наоѓа на гостински меч на својот омилен клуб. Голманот на Ватфорд, Бен Фостер со еден фантастичен гест му го направи гостувањето незаборавно. Заврши мечот и со прст покажа накај него. Ракавиците заслужено одат кај Џек. Се поздравија и со видео пораки. Ете што ти прави фудбалот.

Полупразни им се стадионите и пак не пуштаат деца без карта, а им следува законски

Во Италија постои закон според кој секој спортски клуб треба за половина од натпреварите во сезоната да ги отвори вратите за деца. Со исклучок на Рома и Јувентус, ниту еден друг клуб не го почитува тоа.

Голмански азил на денот

Се вика Костел Пантилимон, голман кој на млади години од Романија отиде во богатиот Манчестер Сити, па се ашкаше на позајмици по неколку клубови за да на крај се скраси во Нотингем Форест. Една негова реакција многу нè изнасмеа.

Најслаткиот начин на славење титула

По пауза од 9 години, АИК ја освои шампионската титула во Шведска. Оствари клупски рекорд од 67 бодови, 2 повеќе од второпласираниот Норкопинг и 9 повеќе од Малме кој беше на тронот изминативе две години. Кој знае колку им е убаво на навивачите кога го прават ова.

Легендарниот фудбалер на Ливерпул се занимава со чистење канализации

Навивачите на „Енфилд Роуд“ никогаш нема да го заборават стоперот кој важеше за еден од најпожртвуваните борци на теренот. За жал, рано прекина со фудбалот, ја заврши кариерата и се занимава со други нешта.

Аргентинецот кој намерно доби црвен, бил виден на Бока - Ривер

Зенит е еден од побогатите и помоќните клубови на светот. Ама тоа не му сметало на фудбалерот на овој клуб Леандро Паредес да добие два намерни жолти картони, автоматски црвен и да земе слободни денови да се врати во татковината за да го гледа големото дерби Бока Јуниорс - Ривер Плејт. Истиот ден неговиот Зенит изгуби 2-0 од големиот ривал ЦСКА Москва и прокоцка важни бодови во трката за титулата.

Селфи со Роналдо во многу погрешно време и погрешно место

По завршувањето на дербито со Јувентус (0:2), еден млад стопер на Милан кој беше на клупата за резерви, Раул Беланова отишол да прави селфи со Кристијано Роналдо во соблекувалната на Јуве. 18-годишниот Беланова жив радосен а тој што ги сликал не приметил дека во позадина Кјелини е пиштол гол.

Зошто не е добро да си судија во трета лига

Затоа што нема ни ред ни поредок и никој не те штити. Колку и да донесеш погрешна судиска одлука не може некој од играчите да се дрзне и главата да ти ја користи како топка. Да, токму тоа се случи во Венецуела, по што логично судијата не се помрдна од земја. Додуше имаше двајца од тоа желките, ама интервенираа по два века, односно не ни интервенираа.

Како Фабрегас украде простор на слободен удар

Челси киксна викендов против Евертон, а фудбалерот од кој неочекувавме вака да го мами судијата направи потег како да не знае дека 20 камери снимаат. Кој би рекол дека ќе видиме вакво нешто во волку сериозен клуб и лига. Ништо нема да му сменат 20 см, патем 0:0 заврши мечот.

Офсајд лик: Пак Џан Пјеро Вентура

Најнеславниот селектор на Италија продолжува неславно да ита во тренерската кариера. Еден месец не издржа во Киево. Каков несреќник.

Го паметите ли Жињак? Во неделата даде четири гола во Мексико

Откако реши да замине од француското првенство пред неколку години, се очекуваше дека ќе смени клуб и ќе остане во Европа. Ама Жињак го одбра Мексико за живот и кариера и не погреши.

Комшиски реакции во Буенос Аирес за време на головите

Во некој од поголемите квартови на главниот град на Аргентина имало различни реакции за четирите гола (2:2) кои паднаа на дербито Бока - Ривер на „Ла Бомбонера“. Интересно е што мечот се играше во 14 по локално време, сред бел ден, а улиците пусти како никогаш.