Фудбал

Од 47 пријателски за 6 години, Бразил дома одиграл само 9

Кариоките во полн состав синоќа одиграа пријателска против Камерун и победија 1-0 со голот на новата ѕвезда на Евертон Ричарлисон. Местото на одигрување на средбата беше невообичаено.

УЕФА ги измеша брзините со Лига на Нации и квалификациите за ЕП

Селекцијата на Косово е нашиот противник во полуфиналето од плејофот за пласман на Еврошампионатот, ама додека да дојде денот кога треба да играат ќе заборавиме за што играат. Можевте и во 2030-та да ја закажете, што фали?

За конечната слика во Лига на нации, кој испаѓа, кој оди погоре

Новото натпреварување на УЕФА се испостави како интересен турнир во кој видовме многу занимливи средби, голови, пресврти и необични епилози. Некој на крајот се радува, а некој ќе чека шанса преку традиционалните квалификации да обезбеди пласман на Европското 2020.

Германија vs Гибралтар во 2018-та

Испаднаа од Светско уште во групна фаза. Испаднаа во Лига на Нации уште во групна фаза. Нема да бидат во прв шешир на ждребот за ЕП 2020 и годинава имаат 6 порази. Со оглед на најлошата година во историјата на германската репрезентација следува ваков тип на спрдња кој за трагедијата да биде поголема е жива вистина.

Кој не би посакал ваков стопер

По дегажманот на голманот прави многу сомнителен прием по кој се чинеше тој пред него ќе му ја прибере топката, но потоа следи шах мат потег за почит. Ај што се ослободи од него, туку и даде страшен пас со надворешен фелш по кој на Италија и се отвори 100% шанса.

Детето кое ги продава играчките за да оди на Суперкласико

Се вика Ренцо, има 6 години и има голема животна желба, а тоа е да го гледа фудбалскиот натпревар за кој се вели дека мора да се доживее пред да се умре. Далеку му е 500 км.

И после немало ќар од победи против аутсајдери

Море не да имало. По освојувањето на првата позиција во групата 4, доста фино се опари и ФФМ, ама и репрезентативците кои ќе поделат по неколку илјади евра од самото ФФМ.

Листот кој стариот лисец Куман му го дал на Ван Дајк после што овој даде гол

„Во нашата земја викаат дека Германија секогаш на крај дава гол, а сега Холандија имаше повеќе среќа да израмни на крајот“, вели Роналд Куман кој раскажа како со еден згужван лист успеале да дадат гол и освојат голем бод.

Сите го величаат Енис Барди

Убаво е кога Македонија победува, убаво е и кога тоа го прават фудбалери кои се веќе добро познати во меѓународни рамки, а уште поубаво кога играчите ни ги фалат разни влијателни медиуми од повеќе држави. Колку само си ја крева цената снајперистот на Македонија.

Трогателна сцена со судијата на мечот Германија - Холандија

Во последното коло од групата 1 во Лигата А од Лига на нации, Германија и Холандија одиграа фантастичен натпревар во кој гостите во последните секунди од мечот дадоа гол и се пласираа во плејофот од ова натпреварување.

Чиста 5-ка за учениците од V-1 од „Никола Вапцаров“

Со оглед на тоа што македонските љубители на фудбалот тотално потфрлија во давањето поддршка на Македонија во овој циклус кој може да им донесе историја на нашите фудбалери, највисоката оценка за тоа оди кај ученици од Струмица.

Статистиката од Македонија - Гибралтар е живи комедии

Столе Димитриевски синоќа можеше комотно да се смести и да пополни место на празните трибините, бидејќи Македонија си имаше работа со тотален фудбалски аутсајдер против кој 90 минути играше викторија. Добро им досудија еден офсајд, значи поминале половина.

Репрезентативците грмеа од соблекувална

Со 5 победи и 1 пораз, македонската фудбалска репрезентациа успешно ја мина групната фаза во натпреварувањето кое ни дава најголеми шанси за пласман на ЕП 2020. Момците на Мрме заслужено го славеа плејофот во соблекувална, а диригент им беше Гого Јовчев. Го поздравија и капитенот.

Македонија победи и обезбеди домашно полуфинале во плејофот од Лига на нации

Македонската фудбалска репрезентација успешно ја заврши групната фаза од Лига на нации, откако вечерва го совлада Гибралтар 4-0 во Скопје и спремно ги чека противниците во плејофот.

Мајсторијата на Барди

Дваесет и седум минути им требаа на македонските фудбалери да го скршат отпорот на тоталниот аутсајдер Гибралтар. Резултатот го отвори 23-годишниот фудбалер на Леванте, Енес Барди со прекрасен гол.

Малку се фудбалските богови на кои им аплаудирал „Сантијаго Бернабеу“

На 19 ноември 2005 година се случи нешто незамисливо на стадионот во Мадрид: Навивачите на Реал станаа на нозе и долго му аплаудираа на Бразилецот кој ги изрезили нивните миленици, даде два гола и направи самба шоу.

Еден детал од мечот Лихтенштајн - Македонија

Додека фудбалерите се концентрираа и се фокусираа на 3 бода на петочното гостување против Лихтенштајн, еден од членовите на стручниот штаб на македонската репрезентација бараше помош и од оној горниот на помогне. Се работи за поранешниот репрезентативец Гого Јовчев кој е тренер на голманите. Со Господ напред до победа, која на крај и ја остваривме со головите на Барди и Несторовски.

Сите комбинаторики за полуфиналето кое го очекуваме на Филип Втори

Македонската фудбалска репрезентација вечерва има задача само да ги победи аматерите од Гибралтар кои ги совладаа на првиот меч од Лига на Нации, а потоа ќе го чекаат противникот во плејофот за ЕП 2020 во Скопје. Во опција се три селекции.

Најтрофејниот трет резервен голман на светот е од Бенфика

Освоил 12 големи трофеи со само 11 натпревари за 13 сезони во составот на Бенфика и важи за најтрофејниот трет резервен голман на светот.

Во чест на човекот кој го смисли легендарниот жолт дрес на Бразил

Целиот свој живот го поминал на 200 метри од границата со Уругвај, земја која што многу ја засакал. Од рана возраст цртал многу убаво па случајно решил да се пријави на конкурсот за нов дрес на фудбалската репрезентација на Бразил.

Тешки навреди на Бонучи до навивачите на Милан

Стоперот на италијанската репрезентација, Леонардо Бонучи немаше пријатен кам бек на Сан Сиро, каде викендов играше меч од Лига на нации против Португалија. Навивачите на Милан го искористија неговиот репрезентативниот настап за да му свират поради тоа што по една сезона ги напушти и се врати во Јуве, а тој им реплицираше со дрска и арогантна изјава.

Господска изјава на хрватскиот селектор Далиќ

Иако “коцкестите“ не само што рамноправно се носеа во група со Шпанија и Англија, туку на моменти и сериозно претендираа да бидат први во групата. Од таков подвиг ги одвоија 7 црни минути против Англија синоќа на „Вембли“. Хрватите имаа водство од 0-1 но во рок од 78’ до 85’ минута Англија даде два гола и победи. Еве што изјави Златко Далиќ после мечот.

Зошто во Аргентина одложија натпревар?

Дербито меѓу Бока и Ривер е поим за опасно ривалство кое често знае да кулминира со жртви. Но во аргентинскиот фудбал не е ризичен само овој меч. Ние уствари појма сме немале што се случува во четвртата лига. Фотографијава вели дека не може да биде полудо. Па добро зар стварно мислеле да ги рокнат во воздух гостинските навивачи под чија трибина имало бомба?

Како еден гол на Осасуна му спасила живот на Шпанец

Фудбалот, а општо и секој спорт често знае да донесе неверојатни пресврти. Епизода на луда среќа ни доаѓа од Андалузија.