Фудбал

Како еден гол на Осасуна му спасила живот на Шпанец

Фудбалот, а општо и секој спорт често знае да донесе неверојатни пресврти. Епизода на луда среќа ни доаѓа од Андалузија.

Рашфорд го врати Модриќ во Тотенхем

Фудбалерите на Хрватска бадијата го славеа толку триумфот над Шпанија во Лига на нации, бидејќи не успеаа да го минат другиот сериозен тест наречен Англија. Гордиот Албион со пресврт победи 2:1, а на социјалните мрежи хит број 1 е дриблингот на Маркус Рашфорд против Златната топка.

Еден вообичаен натпревар меѓу Лесото и Танзанија

На мечот меѓу овие две селекции од квалификациите за африкански нации Лесото победи 1-0 со гол во 76’ минута, а резултатот можеше лесно да биде поинаков.

Рики е цар

Стефан Ристовски беше повреден и не можеше да и помогне на Македонија на мечот против Лихтенштајн, но тоа не го спречи да го облече националниот дрес, да го гушне телевизорот и да ја пее химната заедно со своите колеги. О д л и ч е н.

Македонија го освои Вадуц, на ред е Гибралтар

Со евроголот на Енис Барди и погодокот на Нестогол, Македонија ги освои планираните 3 бода на гостувањето против Лихтенштајн кој не угњави 90 минути со тоа досадниот бункер.

Лихтенштајн се запозна со мајсторот за слободни удари

Пукна бункерот на Лихтенштајн, а го разби од слободен удар кој друг ако не, човекој од стравуваат сите голмани во Шпанија. Прв гол на Енис Барди во Лига на Нации, многу важен за Македонија која поведе во 53 минута од средбата.

Како се реализирал трансферот на Ибрахимовиќ во ПСЖ

Во денови кога постојан силни шпекулации за кам бекот на Златан Ибрахимовиќ во Милан, одиме со еден телефонски разговор меѓу две будалетинки. Рајола му се јавува на Ибра во сред одмор за да му каже дека од Милано се сели во Париз.

Волејот со кој Бобан го тресна Лихтенштајн

Спомените од последното гостување во Вадуц ни се релатино свежи бидејќи се од ланска година. Македонија тогаш му гостуваше на Лихтенштајн во квалификациите за СП 2018 и го совлада со 0:3. Да се потсетиме на еден од трите гола, бомбастичниот удар на Бобан Николов.

Како голманот на Англија се спрема за пенал

Џордан Пикфорд беше едно од најголемите изненадувања на Светското во Русија. Овој млад голман на Евертон го зацементира местото на голот на Англија и тешко дека некој брзо ќе го смени. На пријателската против САД на која Вејн Руни се прости од репрезентацијата (120 настапи), Пикфорд пиеше вода од шише на кое си напишал (или му напишале) кој од Американците каде обично шутира пенал.

Бркаме две победи за да играме полуфинале на Филип Втори

Лихтенштајн и Гибралтар се последните две пречки во групната фаза од Лигата на нации во која полека привршува борбата за четирите лидерски позиции во групите од Лигата Д, која нас не засега. Ако Македонија сака историја, ќе мора квалитетот кој го поседува да го докаже на терен.

Тргнал Ирец да продава шалови

На преубавиот „Авива“ стадион во Даблин синоќа пријателска средба одиграа Ирска и Северна Ирска која заврши мирољубиво 0:0. Поинтересно од резултатот било меѓу реквизитите надвор.

Германскиот репрезентативец кој игра во втора лига

Иако игра во втората Бундеслига, без никаков проблем веќе неколку години, Јонас Хектор капитенот на Келн е прв избор за левата бековска позиција во репрезентацијата на Германија.

Животот на фудбалски клуб во најкриминалниот град во Мексико

Сиудад Хуарез е град познат и како Пасо дел Норте. Се ноаѓа на реката Рио Гранде во реонот Ел Пасо на самата граница меѓу Мексико и Америка а во тој дел од светот е познат и како престолнина на нарко-картели, криумчари, шверцери, убијви, дилери... Едно локално фудбаско клупче се обидува да ја смени оваа лоша репутација на Хуарез.

Ловрен им се истури на Шпанците од соблекувална

Со голот на Тин Једвај во 93-та минута, Хрватска ја урна Шпанија со резултат 3:2 и скроз им ги расипа сметките во Лига на Нации, бидејќи кој ќе победи во последното коло на мечот Хрватска - Англија завршува прв во група. Дејан Ловрен по мечот се јави од соблекувална и во моменти на еуфорија прво му се обрати на Рамос со кој се препукуваат преку медиуми, а во еден момент упати и сочна пцовка, ама тивка која сепак се слушна.

Роберт ти ли ова бе мајсторе?

Полска синоќа загуби од Чешка на гости, што и не е така страшно бидејќи беше пријателска, ама расен стрелец како Левандовски вака да се обрука пред гол, некако не ни е верно.

Сузана ќе ја средува Премиер лигата

Наместо долгогодишниот шеф на англиската Премиер лига доаѓа жена која повеќе од 20 години е во телевизиската индустрија и во која „се крстат“ оние коишто ја предложија за шеф на најгледаното првенство на светот. Ја чека многу работа и многу отворени прашања.

Аплаузи за ова голчиште на Трајковски

Македонската фудбалска репрезентација утре вечер со почеток од 20:45 ќе брка победа на гостувањето против Лихтенштајн. На еден од тренинзите пред мечот во Вадуц, видовме дека Барди не е единствениот кој знае да нишани во агол од слободен удар. Конкуренцијата доаѓа од напаѓачот на Палермо. Сакаме и на натпревар вака.

Кога на Суарез му отекол зглобот, ги облекол поголемите копачки на Џерард и дал гол

„Уругвајските корени ме научија никогаш да не се предавам, а холандската школа ме научи да размислувам“, вели Уругваецот кој сите соиграчи каде што играл го паметат по страшната спремност да „изгине“ на терен со што ги заразувал и другите да бидат борбени како војници.

Дечково заслужува целосен респект

И девојката е одлична, особено ни се бендиса потегот со рамо, онака ладнокрвен, ама на видеово таа не е толку битна, туку момаков. Се гледа дека гори од желба да докаже и му успева да докаже дека сите сме исти, без разлика што тоа не изгледа така. Браво за упорноста. Секоја чест. Не го може ова секој.

Крокодили, спуштени шорцеви, возови - кои се најнеобичните слободни удари?

Во последните неколку месеци видовме неколку ситуации во кои и оние кои го изведуваат слободниот удар и оние кои го бранат, смислуваат разни начини за постигнување на целта, а сè во склад со правилата.

Доказ дека само Фелаини личеше на човек со таа грмушка

Маруан Фелаини синоќа отиде да бербер, објави слика и го сруши интернетот. За својот 31 роденден реши целосно да го промени имиџот и да се ослободи од тоа жбунот кој му тежеше на глава. Било кој друг фудбалер да се реши за истиот фриз би било ужас. Доволно е да ги видите само Ибра и Роналдо. Како дадилки од цртан филм се.

Во Иран пронајдено детето кое го имитира Дибала, Пауло ќе го запознае наскоро

Откако на социјалните мрежи веќе неколку недели се објавуваа видеа од едно помало дете кое шутира слично како Дибала и ја имитира неговата фамозна прослава со маска преку лицето, Аргентинецот упатил апел да го најдат малиот за да го запознае лично.

Како изгледа еден работен ден на Роналдо

За да бидеш јак како Кристијано Роналдо, треба да си к`не за работа како него, да си дисциплиниран како него и да имаш такви предиспозиции. Човекот ништо не остава на случајноста, впрочем и како ќе направи такви коцки на стомак.