Автоголот на Венди Ренар - францускиот Ван Дајк

Венди Ренар е една од најдобрите француски фудбалерки на Светското првенство за жени кое се игра во оваа земја. Игра на позицијата стопер и ја викаат француски Ван Дајк поради тоа што личи на Холанѓанецот и игра на негова позиција. Но на мечот со Норвешка во 54’ минута направи нешто како да е француски Дејан Ловрен.

Венди стана првата Французинка која си постигнала автогол на Светско првенство, но за нејзина среќа Франција направи пресврт и победи против Норвешка.

13 јуни 2019 - 10:58