Венди Ренар е една од најдобрите француски фудбалерки на Светското првенство за жени кое се игра во оваа земја. Игра на позицијата стопер и ја викаат француски Ван Дајк поради тоа што личи на Холанѓанецот и игра на негова позиција. Но на мечот со Норвешка во 54’ минута направи нешто како да е француски Дејан Ловрен.