Матрикс шампиони на Бизнис Лигата

Во неизвесна завршница екипата на Матрикс дојде до шампионската титула во Бизнис Лигата на Македонија

Макпетрол 4-5 (1-2) Матрикс

Макпетрол: Ибраим Исмаили 24’ Бенер Бекиоски 16’ Мишо Ѓорѓиевски 31’ Марко Костенцовски 34’

Матрикс: Никола Христовски 4’ Мирко Богески 12’ 34’ Драган Брњарчевски 27’ 40’

Крајно израмнет натпревар како што доликува на едно финале во кое одлучуваа нијанси одиграа екипите на Макпетрол и Матрикс. Екипата на Матрикс одлично го отвори овој натпревар со погодокот на Христовски во 4та минута и водство од 0-1. Овој рано постигнат погодок и влеа дополнителна самодоверба на екипата на Матрикс па во 12та минута успеаа да постигне уште еден погодок за водство од 0-2. Екипата на Макпетрол не се откажуваше лесно од овој натпревар и вршеше жесток притисок кон голот на Матрикс, па успеаа во 16та минута да постигнат погодок за резултат од 1-2 со кој се замина на полувремето. Во второто полувреме видовме една нова екипа на Макпетрол со многу повеќе креативност што на стартот од полувремето им донесе погодок за израмнување од 2-2. Кон средината на полувремето Брњарчевски со одлична соло акција и прекрасен погодок повторно ја врати предноста за екипата на Матрикс за 2-3. Екипата на Макпетрол во 34та минута со голот на Костенцовски успеа да израмни на 3-3, и да ги направи последните минути од финалето вистинска драма во која во последните секунди од натпреварот со голот на Брњарчевски славеше екипата на Матрикс која со резултат од 4-5 стана овогодинешниот шампион на Бизнис Лигата на Македонија.

 

Лукоил 4-2 (0-1) Рамстор

Лукоил: Александар Аврамовски 33’ 34’ Мартин Алаѓозовски 23’ 40’ Антонио Фенов 27’

Рамстор: Хурјед Шаќири 19’ Енгин Мемеди 33’

Натпреварот за третото место помешу екипите на Лукоил и Рамстор започна со висок ритам на игра, со многу шанси за погодок на екипата на Рамстор во првата фаза од полувремето. По ова следуваше одличен период за екипата на Лукоил во кој успеаа да креираат исто така голем број на шанси за погодок но имаа слаба реализација што екипата на Рамстор го казни со голот на Шакири во 19та минута за резултат од 0-1 со кој се замина на паузата. На стартот од вториот дел екипата на Лукоил успеа да постигне погодок и да го израмни резултатот на 1-1, а неколку минути подоцна односно во 27та минута со голот на Фенов успеа да дојде до целосен пресврт од 2-1. Овој пресврт на екипата на Лукоил и даде дополнителен мотив па преку својот голман играч со два ефектни погодоци успеа да се стекне со предност која доста умешно ја чуваше се до крајот (5-2) за победа и освојување на третот место.


Награди за регуларен дел од сезона 2018/2019

Прво место – Матрикс (регуларен дел)

               Второ место – Макпетрол (регуларен дел)

               Трето место – Лукоил (регуларен дел)

               Ведат Арслан (Рамстор) најдобар играч (регуларен дел)

               Маријан Цветковски (Лукоил) најдобар голман (регуларен дел)

               Јован Младенович (Матрикс) најдобар тренер (регуларен дел)

               Мартин Ливрински (Еуро Табак) најдобар стрелец (регуларен дел)

               Најдобра публика Уни Банка (регуларен дел)

               Кире Атанасов (Гранит) за развој на Бизнис Лигата

               Еуро Табак најголем напредок (регуларен дел)

               Гранит најефикасна екипа (регуларен дел)

               Маријан Казаковски (Фабрика Карпош – ГИМ) најдобар ветеран (регуларен дел)

               Фер-Плеј - Пекабеско (регуларен дел)

               Цанде Павлов - најверен навивач

14 јуни 2019 - 15:10