По долга дводецениска кариера, двометрашот вчера потврди дека се повлекува од фудбалот. Тоа е за пофалба бидејќи играше на позиција напаѓач до 38 години.
Бугарскиот напаѓач се мести во шеснасетник да ја збрца по изведен слободен удар на Роналдо, ама пола гол е на Немања кој му кажал на српски дека ќе му прави блог, за никој да не ги разбере. Договор е повеќе од успешен.
После 467 меча во Премиер лига со 108 гола и 58 асистенции, харизматичниот Питер Крауч (38) кој забележа 42 настапи за Англија со 22 гола, денес објави дека ја завршува својата фудбалска кариера.
Лига Европа е ситна риба во однос на Лига на шампиони. Фондот за тоа натпреварување е четири пати послаб од најелитниот. Едно реми да изиграш во ЛШ и во клупска каса ти легнуваат 900.000 евра. Годишен буџет за еден македонски клуб. Од прилика.
Македонскиот репрезентативец се врати на подготовки во Леванте за да се спрема за сезоната број 3 во шпанското првенство. На пик го фати новинарот со кој тераше малку мајтап.
Рами Бенсебаини од Алжир дефинитивно заслужува дебела суспензија бидејќи оваа снимка е срамна за сите пари. Му ја зема раката на Заха да се поудира по фаца и потоа падна ко покосен како да го тепале со боксови. Е не сме виделе вакво нешто до сега. Инаку Алжир го доби четвртфиналето против Брегот на Слоновата Коска на пенали.
Априлска вечер во Москва. Интер игра против Спартак на стадионот на Динамо. Во составот Паљука, Бергоми, Занети, Симеоне, Заморано, Роналдо... Бразилецот на буквално земјен терен играше самба со топката.
Во исчекување на новите засилувања меѓу кои се споменуваат нашиот Елмас, Хамес Родригез и Ирвинг Лозано, фудбалерите на Наполи тренираат под надзор на Карло Анчелоти. Имаа забавна игра на тренинг.
Каталонците од година во година вадат екстравагнтни дресови, некои повеќе а некои помалку убави. Среќа па не им текна онаа розевата циркузантска пак да ја дизајнираат. Овојпат се враќаат на корените, на времето кога Кројф и Ринус Михелс создавале историја.
Слован Братислава одигра 1:1 против Сутјеска во првото квалификациско коло од Лига на шампионите. Гостите израмнија дури во 95-та минута и тоа на спектакуларен начин, со еврогол на Црногорецот Дамир Којашевиќ кој играше за Вардар во сезоната 2016/2017.
Габриел Барбоса познат како Габигол од што се покажа како толку добар отиде на три позајмици за две години по заминување од Интер, кој џабе фрли 30 милиони евра за него. Погледнете какви маки си има човекот, да не сте му во кожа. Инаку игра за Фламенго.
Едер Милитао е новиот Бразилец кој доаѓа во Реал Мадрид. Игра како штопер и се очекува долги години да биде столб на одбраната на кралскиот клуб. Ама голем тремаџија бил, се тресеше на презентацијата.
Се вика Марио Лемина, има 25 години, а едно време беше дел и од Јувентус за кого настапи на 29 средби. После Јуве отиде во Саутемптон и таму му се губи трага на голема сцена. Сега најново е дека го бараат Арсенал и Манчестер Јунајтед. А како и не би.
Додека италијанските медиуми го преселија во Наполи и тоа со тврдење дека денеска ќе се појави на медицински и ќе потпише за сума од 15 милиони евра, македонскиот репрезентативец мртов ладен се појави во Истанбул и тоа со следниов муабет:
Во Аргентина во моментов е зима со незгодни студови, поради што бездомните луѓе кои се најзагрозени бараат помош. Семејството на Лионел Меси направило убав гест за сите кои немаат каде да се нахранат.
Лето е период за трубење, шпекулирање и билдање цени на играчи со помош на освојување простор на насловни страни. Но со оглед на статусот и муабетите за нив, половина сигурно, а можеби и сите овие јаки имиња ќе го сменат дресот.
„Ни Лига на шампиони, ни индивидуални признанија, ништо друго не ме прави среќен како овој момент на европски шампион“ - Кристијано Роналдо, најдобар стрелец и играч со најмногу настапи во историјата на Португалија во говорот на денешен ден пред 3 години во Париз.
Додека во ПСЖ сигурно се напиздени од ситуацијата со Нејмар кој ем не го испочитувал договорот да се појави во клупската база на 8 јули и ем сака да си оди, дечкото е лабав на плажа во Сао Паоло.
Толку е сложена оваа тема, што може да се сними и холивудски филм. Најплатениот играч во историјата за кој ПСЖ плати 222 милиони евра, сега е на излезна врата од Париз, а во неговото враќање во Барселона се инволвирани 14 души.
Паднатиот гигант сфати дека мора да почне од нула, со нова структура, нов тренер, нова екипа и нов проект, за да се врати онаму каде што му е местото - на врвот на италијанскиот, европскиот и светски фудбал. Каков проект има новата управа?
Добро тој на Србинот против Шалке беше уште појак гол, нема збор, ама и ова не е за фрлање. Бугарскиот коментатор на квалификацискиот меч од ЛЕ меѓу ЦСКА Софија - Титоград, конечни 4:0: Кога то гледаме европејски мачове, сме свикнати да виждаме европејски голове. И во право е.
Фудбалерите на Реал Мадрид се појавија на медицински прегледи, а познатиот шпански вениск „АС“ направи несфатлив кикс со фотките од играчите. Главата на Еден Азар ја намонтирале на телото на Бензема, а во фотошоп му ставиле и тетоважа на раката.