Фудбал

Мајката на Пандев: Земи да учиш, остај фудбалот, Пандев денеска од фудбалот: 9 трофеи во Италија

Се излажал кога му се јавил Прандели за во Галатасарај, затоа што сакал да остане во Наполи и плус имал понуди за Фиорентина и Милан. Но горд и свесен е за успесите во Интер и Лацио, белег на неговата блескава кариера.

Турците ѝ пркосат на УЕФА

Во само три дена, турските репрезентативци, и покрај предупредувањата од УЕФА, одново направија војнички гест со кој ја поздравуваат турската акција на северот од Сирија против Курдите.

Од каде ја извади девојко левицава?

За Михајловиќ, Роберто Карлос, Бекам и Жунињо некако ќе разбереме, ама дека женско стапало може вака дрско во агол од 40 метри, искрено не ни се веруваше. Запознајте ја Каталина од Колумбија.

700 пати Кристијано Роналдо, уште 67 гола и рамо до рамо со Пеле

Невоспитаниот тинејџер кој на 18 години добиваше чврги од Кин, Гигс и баграта, денеска е во друштво на великаните кои беше потребно децении за некој да им го освежи друштвото.

Кој се пласираше на Европско, кој има уште шанси и на кој што му треба?

Печат на картите за Европско првенство преку традиционалните квалификации обезбедија Украина, Полска, Италија, Русија и Белгија. На 1 бод од пласман се 5 селекции, а другите чекаат да им се поклопат коцките.

Само за кого ја давате оваа пара?

Со никакви успеси, никакви резултати, па и никаква игра во изминативе 6 години откако се разделија со Ферги, Манчестер Јунајтед постави рекорд во најнеадекватниот период од својата историја. Достигнаа безобразно највисок плафон на плати во историјата на лигата.

Коинциденција со составот на Шпанија, невидена еден век

Квалификацискиот меч меѓу Норвешка и Шпанија беше историски за гостите поради еден исклучително редок момент кој многу тешко е да му се стрефи на некој селектор, освен ако не го направи намерно.

Како да се купат карти за Европско 2020, колку чинат, каде ќе се игра?

Пошироката македонска јавност, дали поради временската дистанца (март), дали поради карамкашата што ја направи УЕФА со 234 турнири, или поради нешто трето, не е запознаета со тоа дека Македонија 180 минути ќе ја далат од историски пласман на едно Европско.

Чакир, нешто не е во ред со тебе

Во 35’ минута од дуелот на „Стожице“ во Љубљана, гостинскиот десен бек Улмер го имаше најкриминалниот прекршок во квалификациите за Европско (конкурент му е нашиот Несторовски), иако делува дека и двајцата немаа никаква намера. Настрада шпицот Роман Безјак кој за кратко време го продолжи натпреварот а Улмер доби само жолт картин од Чакир.

Кога Марадона за Светско 1994 се спремал на селска ливада

Додека репрезентацијата на Аргентина тренирала во својата база, Диего решава да се пушти на една селска ливада и таму да набива кондиција за Мундијалот во САД 1994.

Несмасниот потег на Несторовски кон Левандовски

Малку фалеше фудбалерот на Удинезе и шпиц на македонската фудбалска репрезентација да го повреди најдобриот европски напаѓач во моментов. Од чиста небрежност, сосема случајно.

Бејл го прати Ракитиќ во пензија

Ел Класико дуел на средбата Велс - Хрватска на која Иван Ракитиќ бајаги го изеде, а потоа и неговиот клупски колега Модриќ. Третиот мораше на сопка да оди кога ќе тргне фудбалерот на Реал како товарен воз.

Да не требаше да ја изведете или не?

Гранит Џака и Стефан Лихштајнер го направија најциркузантскиот слободен удар на денот, неделата и годината. Прво се збунија самите себе си, а потоа сите други.

Чесен пораз во Варшава, Македонија без изненадување се враќа од Полска

Седумдесет и четири минути Македонија се носеше со силната Полска, но на крајот не издржа. Франковски и Милик го совладаа Столе Димитриевски. Австрија и Полска на прагот од Европско, а нашите фудбалери оставија одличен впечаток пред баражот од ЛН во март 2020.

Цела Италија пишува и го величи Елмас

По само 7 кола во Серија А си ја качи цената за 7 милиони евра според Трансфермаркт, но со вакви партии како синоќа против Словенија кој знае каде ќе му биде границата. А да не заборавиме дека неодамна наполни 20 години. Нема медиум кој не ги одбележа неговите мат потези против Облак.

И Столе Стоилов е горд на Елмас

Убава и голема беше синоќешната победа на Македонија против Словенија која котира 11 места погоре од нас на ранг листата на ФИФА. Пред сè поради тоа што и покрај тешкотиите кои следат, сепак остануваме во игра за пласман на ЕП. Капитенот на Вардар го величи нашиот фудбалски бисер.

Фешта на Градски со гранде Елиф Елмас

Македонската фудбалска репрезентација ја оствари многу посакуваната победа против Словенија со двата гола на македонскиот бисер и член на Наполи. Лошо прво, но фантастично и борбено второ полувреме во кое Пандев, Елмас и другарите покажаа кој е газда во Скопје.

Епскиот балкански дуел на кој Македонија помогна со гол во 94-ра минута Србија да оди на ЕП

Европските квалификациски средби не вратија назад во времето две децении, на една незаборавна и ризична битка меѓу Хрватска и Југославија. Натпревар со многу славни имиња, емоции, лоши меѓусебни односи и тешки моменти за нашите северни соседи.

14-те правила на Гери Невил за да се стане прав играч на Манчестер Јунајтед

Сакате наречете ги правила, сакате совети. Битно тие се поставени од страна на Невил на влезот од академијата. Во едно време кога се создадоа душата и симболите на клубот во ерата на Фергусон. Генерацијата 92`. Станаа легенди и примери од кои многумина може и треба да учат.

Пијана работа, батка

Пред почетокот на пријателската меѓу Германија и Аргентина во Дортмунд, по интонирање на химните играчите застанаа во круг на центарот за да оддадат едноминутен молк во чест на жртвите од терористичкиот напад во Хале. Некој во тој момент ја пеел химната на глас, а некој друг му се издрал: „Halt die Fresse!“ (Затни ја муцката!).

А мислевме дека Мбапе е најбрз

Саудиска Арабија извади спринтер кој не би требало уште долго да игра во Саудиска Арабија. Овој 100% почнал како атлетичар на 100 и 200 метри, па го прекомандувале на фудбал.

Аплаузи за солидарноста на Атлетик Билбао

На дефанзивецот на Атлетик Билбао, Јераи Алварез му е дијагностициран рак на само 24 години. Сите фудбалери на шпанскиот прволигаш ги избричија главите во знак на солидарност. Каков гест.

Ако се засекиравте за Жереми Менез

Поранешниот француски репрезентативец држеше добра линија на клубови како Монако, Рома, ПСЖ, Милан, Бордо. Сега игра за францускиот второлигаш Париз, што значи не останал на таа линија.

Голманот на Сент Етјен морал да го теши син му што ќе носи дрес од Лион

Најжестокото дерби во Франција, после она ПСЖ - Марсеј, е Сент Етјен - Лион, едни од најтрофејните клубови во Франција. Во минатото коло се сретнаа меѓу себе, а славеше Сент Етјен со гол во последната минута. Пред мечот, домашниот голман Жеси Мулин го тешел син му дека само кратко ќе го носи дресот на Лион додека излегува на терен со другите дечиња.