Столе џабе бранеше одлично на мечот кој го прекинаа левичарите од Рајо Ваљекано

Во неделата вечер, напаѓачот на шпанскиот второлигаш Албасете, Украинецот Роман Зозулија дојде на гостување кај клубот кој пред три години на барање на навивачите се откажа од договор со него поради некои негови ставови.

Роман Зозулија, украински центарфор, пред 3 години требаше да потпише со Рајо Ваљекано, сè беше спремно, но членови на навивачката група „Ваљекас“ се спротивставиле на оваа одлука, затоа што Украинецот неколку месеци претходно објавувал слики во војничка униформа, и како држи оружје во рака и како застапува десно-ориентирани политички ставови за време на конфликтот во Донбас и Доњецк меѓу украинските сили и руските пара-воени формации.

Рајо Ваљекано е клуб основан во годините меѓу двете Светски војни и целото преградие каде што е клупската база и стадион важи за ултра-левичарски и анти-фашистички настроен. За време на режимот на Франко, Ваљекано било едно од ретките места во земјата каде војската не можела во целост да го освои регионот поради отпорот на левичарите.

Да се вратиме на Зузулија. украинскиот фудбалер, после три години доаѓа во Рајо Ваљекано и тоа како фудбалер на Албасете. 

Во текот на првите 45 минути од мечот, неколку пати од трибините се слушаа навредливи песни на сметка на Зузулија, па гостите одбија да излезат на терен за вториот дел во знак на солидарност со својот соиграч, кој наводно во соблекувална се расплакал.

По 30 минутен прекин мечот и официјално беше суспендиран при резултат 0:0.

Рајо Ваљекано сега го очекува драстична казна од челниците на шпанскиот лигашки фудбал.

16 декември 2019 - 12:58