Уште не можеме да го разбереме потегот на газда Де Лаурентис да шутне тренер како Карло Анчелоти со три титули европски првак и клубот да го опоравува со Џенаро Гатузо. Но затоа многу добро го разбираме потегот на управата на Ливерпул.
На праг е 2020-та, Јирген Клоп го имаат со шест годишен договор 2016-2022, ама прават маневар кој не умее да го направи секој. Нов договор за царот до 2024-та. Како новогодишен подарок за навивачите.
Германскиот стратег кој плени со тоа харизмата, тренерската кариера ја почна во 2001-ва во Мајнц каде четири години го тренираше Николче Новески. Седум години таму, па уште седум во Борусија Дортмунд и од 2015-та е на кормилото на Ливерпул.
Што беше неговото ветување? Дека ќе ги направи европски прваци. И што направи? Во три од четирите досегашни сезони ги однесе на едно европско финале. 2015/2016 пораз од Севиља во Лига Европа, 2017/2018 пораз од Реал во Лига на шампиони и од трета мајка стигна ветувањето.
Го победи Тотенхем и им го донесе најдрагоцениот пехар во клупскиот европски фудбал, а потоа и Супер Купот на Европа. Она што за сега не му успеа е Премиер лигата која на Енфилд се чека 30 години.
Но за сега ита сигурно и кон тој успех. Ливерпул по 16 кола е непобедлив со 15 триумфи и едно реми и има 8 бода зад второпласираниот Лестер 14 повеќе од Сити.
Од тренер кој го водеше Мајнц во втора, а потоа за прв пат во историјата го внесе во Бундеслига, Клоп неодамна стигна до наградата за најдобар тренер според ФИФА.
Нема навивач кој не верува во него и од сегашна дистанца изгледа тешко е да се замисли друго име на неговата позиција во Ливерпул. Плус не мора да се дообјасуваме што човече е. Секој прес му е шоу.
Зошто велиме дека Ливерпул му го продолжи договорот со стил? Затоа што го сними, он да ни каже што и како се договориле. Со ова предвремено продолжување на договорот само дополнително покажаа колку го ценат тоа што го прави за нив.
Последниот негов прес по имаше продолжение.