Свазиленд и Сенегал играа квалификациски натпревар во Купот на Африкански нации на лудо време. Прво се спои небо и земја и не можеше човек да држи рамнотежа на таков ветер, не па топка, а потоа се отвори како за пикник на 1 мај.
Португалците ризикуваа во последното коло против Луксембург на гости да останат без пласман на Евро 2020, затоа што домаќините имаа неколку сериозни шанси за гол при резултат 0-0 и 0-1. На крај Роналдо со себичен потег го реши мечот.
Селекцијата на Косово помина далеку полошо дома, отколку на гостувањето во Англија. Таму 4:3, дома 0:4. а најмногу во игра еден на еден го окрка овој дефанзивец во дуел со Рашфорд.
Прво калта ја штопна топката, односно ја одбрани да не влезе во гол, потоа го имаше она “вратена до голман“, па судијата досуди индиректен удар и на крај сите на гол и општ хаос.
Енис Барди вечерва за влакно не стана вториот македонскиот репрезентативец во историјата со гол директно од корнер. Артим Шаќири и даде на Англија во Саутемптон во 2002-ра, а на Дејвид Симан не знаеше што му се случува. Слична велемајсторија за малку не реализираше и членот на Леванте. Штета.
Македонската фудбалска репрезентација не успеа да направи сензација на тешкото гостување на стадионот Ернст Хапел во Виена, но со оглед на тоа колку многу звучи имиња немаше во комбинација за прв состав, поразот воопшто не е катастрофален како што беше во Скопје.
Белгија со 1-4 ја совлада Русија и убедливо го освои првото место во групата. И двете селекции се пласираа на Европско 2020, па вечерва играа за свој мерак. Браќата Азар и Лукаку ги дадоа головите за Белгијците, ама момент на мечот беше кога стоперот Бојата влезе во игра и носеше дрес од шпицот Батчуаји.
Репрезентацијата на Сан Марино изгуби дома од Казахстан 1:3 во квалификациите за ЕП2020, а стрелец на голот за домаќините беше Филипо Берарди. Тој стана 16-от играч во историјата на оваа селекција којшто дал гол. Сан Марино последен пат постигна гол на 4. септември 2017 година против Азербејџан (1:4).
Италијанскиот селектор Роберто Манчини беше човекот кој ја направи потребната смена на генерација и тоа му донесе фантастичен резултат. Растурија во квалификациите и најавуваат поход на злато со фудбалери кои се полу-анонимни за светски рамки.
Селекцијата на Ирак од безбедносни причини квалификацискиот меч за СП 2022 против Иран мораше да го игра на неутрален терен во Јордан. Победија 2:1 со гол во судиско продолжение и сега се први на табела. Полудеа од радост.
Покрај Финска која пријатно ја изненади европската фудбалска јавност, ништо помалку труд не вложија ниту фудбалерите на Косово, една од последните членки на ФИФА и УЕФА која не е признаена од неколку земји домаќини на Евро 2020.
Бернар Шаланд е Швајцарец кој успешно ја води репрезентацијата на Косово. Успеа неколку месеци да нема пораз, да ѝ даде 3 гола на Англија среде „Вембли“ и 20 минути да го делат од голема шанса за историски пласман на Европско првенство 2020 (ќе им требаше бод со пласираната Англија во недела). Сега ги чека дуел со Македонија во плејофот од Лига на нации, на 22 март 2020 година.
Кристијано Роналдо после две замени по ред (викаат дека во кариерата немал такво нешто одамна), отиде да игра за репрезентацијата на Португалија и сам ја растури Литванија (6:0).
Србија очекувано го совлада Луксембург со 3:2 во квалификациите за ЕП 2020. Двоен стрелец беше Александар Митровиќ кој испрати бомба и го претвори голманот во гледач.
Сакавме клизач да ја крстиме интервенцијава, ама некако не ни оди и воопшто тешко е да се опише оваа фудбалска иновација на чисто одземање на топка. Како и да е, ова што се случи на квалификацискиот меч за светско меѓу Малезија и Тајланд е хумор на годината.
Во период на тензија меѓу кинеските власти и луѓето од Хонг Конг кои протестираат за независност, денес на мечот Хонг Конг - Бахреин од квалификациите за Светско првенство 2022 беше исвиркана кинеската химна. И тоа во услови кога можеш да заглавиш затвор ко од шала.
На денот кога Ибрахимовиќ се одјави од американската МЛС лига, многумина се прашуваат каде ќе продолжи. Има наслови дека го бараат Милан, Фиорентина, Болоња како и некои шпански клубови, а Ибра би можел и во Македонија.
Додека трае уште една студена зима во Финска, целата нација ја грее помислата на историски пласман на Европско првенство 2020. Ги очекува уште еден, мал чекор на домашното стадионче со 10.770 места.
Што ти е животот, никогаш не знаеш каде може да те однесе. А Џејми Варди го посака среќата па не заврши на Балканскиот Полуостров, туку направи сензационална кариера и освои титула во Премиер лигата.
Таму на удар најмногу е Месут Озил бидејќи пола од казните се поврзани со него. Пази ова, ако седиш во автобус до Озил, ќе бидеш казнет од 1.000 фунти 😊))))).
Трент Александер Арнолд е еден од клучните фудбалери на европскиот шампион под водство на Јирген Клоп. Игра толку сјајно што на „Енфилд“ во него гледаат иден капитен и лидер.