Ефектот на Милан со Ибра

Не дека он сам ги препороди, ама друго е кога ќе добиеш таков играч со авторитет во сред криза. За кусо време резултатите се поинакви, а табелата драстично подобра со реални шанси дури и за Лига на шампиони.

Се вратија насмевките на навивачите на Милан. Синоќа падна и Бреша на гости, а тоа значи четири победи во низа на сите натпреварувања, за прв пат сезонава.

Златан слета на 2 јануари во Милан, донесе огромна еуфорија и еве ги доаѓаат и резултатите. До сега има само еден гол, ама неговото присуство на терен тежи без разлика што има 38. Едноставно им е мотивација плус која очигледно им требаше, а тие се привилегирани што го имаат во тим.

На Стефано Пиоли синоќа му успеа истата тактика како против Удинезе која се вика Анте Ребиќ. Повторно влезе од клупа и повторно излезе џокер. Овој пат не со два, туку со еден гол доволен за важни 3 бода. Го стави во 58-ма, а овој го реши мечот по само 14 минути.

Инаку на Ибра му се случи промашувањето на сезоната, ама ништо страшно, важно тепаа.

Одма е подруга табелата. Во зона на Европа влегоа бидејќи месецов се без пораз.

25 јануари 2020 - 08:54