Дортмунд бара од Бундеслига дозвола за 15-годишно дете да може да игра

Јусуфа Мукоко е најпознатото дете во светот на младинскиот фудбал. Вестите за овој центарфор почнаа да се пишуваат уште во 2017-та година кога на 12 години даде два хет-трика за Дортмунд У-17.

Мукоко во моментов е најозборуваниот млад фудбалер во цела Германија. Тој би можел да биде причина за крупна, револуционерна реформа во Бундеслигата: неговиот клуб Борусија Дортмунд поднел барање до официјалните лица, во Бундес да може да настапуваат 16-годишни деца.

ВО ГЕРМАНИЈА ИМА СТРОГ МЛАДИНСКИ СИСТЕМ, НЕ МОЖЕ ДА СЕ ИГРА ЗА ПРВ ТИМ ДО 17 ГОДИНИ

На крајот од март ќе заседава извршниот одбор на Германската фудбалска лига. Борусија барала нејзиниот предлог да се разгледува на заседанието, а оваа идеја ја поддржала и комисијата за младински фудбал на DFB (Deutscher Fußball-Bund).

„Сметаме дека младите играчи треба што е можно повеќе да играат за индивидуален развој. Во исклучителни случаи може да има смисла да се стават најголемите таленти што порано на повисоко ниво, веќе покажавме примери од странство“, рекол претставник на DFB Јоти Чатциалексиу.

Во Германија има многу сложен сисем на јуниорски и младински фудбал. Според постоечките правила, фудбалерот може да заигра за прв тим кога ќе наполни 18 години. На 17 години смее да игра ама само ако претходно играл за младинскиот У-19 и тоа само од почеток на сезона, не после полусезона.

Така е структуриран и јуниорскиот фудбал во Германија. Има седум нивоа. Секое од нив (освен најмалата возрасна категорија У-7) вклучува во себе две возрасти. Например, за тимот У17 обично играат играчи од календарска година кога ќе наполнат 15 години, но можно е да заиграат за нив и фудбалери од У-15 односно 13-годишни деца. Токму затоа Мукоко почнал да игра за У-17 кога наполнил 13 години.

БУНДЕСЛИГА Е ЕДИНСТВЕНО ПРВЕНСТВО СО ВАКВИ ОГРАНИЧУВАЊА, СЕКАДЕ МОЖЕ ДА СЕ ДЕБИТИТРА ПОРАНО

Вакви ограничувања има само во Германија, во сите останати Топ 5 лиги фудбалерите можат да дебитираат за главниот тим и на 16 години. Така е во Франција, Англија, Италија и Шпанија каде најмладите дебитанти имале по 16 години.

На ова се повикува и Ларс Рикен, некогаш играчка легенда на Дортмунд, а сега раководител со младинските категори во овој клуб.

„Сега имаме голем конкурентен недостаток во однос на другите лиги и меѓународни натпреварувања, затоа што имаме многу млади играчи кои имаат извонреден талент, но не може да играат на професионално ниво во Германија“, вели Ларс Рикен кој го реши финалето на Лига на шампиони во 1997-ма година.

Бундеслига има чуден однос кон младите таленти: например минатото лето просечната возраст на фудбалерите кои дојдоа во Германија беше многу пониска од другите топ-лиги. Дури и репутацијата на Борусија како полигон за идни ѕвезди е светски прочуена: Обамејанг, Левандовски, Геце, Дембеле, Санчо итн.

Но има и голем дел млади таленти кои ја заобиколиле Бундеслига зошто биле многу млади за да дебитираат во прв тим како Ромелу Лукаку, Мартин Едегор, Рис Оксфорд и други.

„Сега за жал има неколку конкретни примери за тоа дека играчите не ја избрале Бундеслига само затоа што на други места можеле многу порано да играат за прв тим. Секој играч мора да има можност професионално да се развива, порано или подоцна“, вели Рикен.

Но оваа идеја има и противници. Еден од најдобрите млади тренери на светот, Јулијан Нагелсман кој го води РБ Лајпциг на 30 и кусур години, смета поинаку:

„Ако ги ставите играчите порано во прв тим тоа за нив може да биде голем притисок, медиумите ќе обрнуваат внимание на нив. Јас не можам да замислам дали е тоа корисно за развој на личноста - да играш со 16 години во Бундеслига“, вели тренерот на Лајпциг.

МУКОКО Е ЧУДО ОД ДЕТЕ, ДАВАЛ ГОЛОВИ ЗА У17 НА 12 ГОДИНИ, ВЕЌЕ ИМА БОГАТ ДОГОВОР ОД НАЈК

Да се вратиме на фигурата поради која Борусија Дортмунд се обидува да ги смени правилата и да воведе реформа во Бундеслигата. Јусуфа Мукоко во моментов има 15 години. Игра за У19 и сезонава веќе дал 26 гола на 21 меч.

Талентираниот Камерунец дебитираше за Борусија У-17 на 12 години и ја почна сезоната со два гола и два хет-трика. Татко му Жозеф Мукоко морал да се правда во медиумите кои пишувале за годините на Мукоко:

„Веднаш откако се роди јас го регистрирав во конзулатот на Германија во Јунде, имаме свидетелство дека е роден во Германија“.

Ова го потврдиле и од германскиот фудбалски сојуз: Јусуфа Мукоко е роден на 20 ноември 2004 година. Во април 2019 година кога имал 14 години, со него 2-годишен договор потпишал гигантот Nike. 10 милиони евра вкупно ќе заработи ова дете од американската компанија.

Јусуфа Мукоко минатата есен почна да игра во младинската лига на УЕФА и таму го постигна првиот погодок. А веќе следната сезона ќе може да дебитира во Бундеслигата.