Ви рековме дека ФК Осогово на Твитер доби конкуренција по име ФК Каменица Саса и тоа е веќе јасно. Дечките се до толку добри следачи на трендови, што си снимија и свое интервју со шефот на стручниот штаб на клубот, Мите Митев, ама според новата мода.
Освен тоа што искусниот стратег делува сигурно и пред камера, тој е брутално искрен и затоа е најјак. Тренер е на Саса, омилен клуб му е Работнички, а најнеомилен Барселона. Во кино не бил 40 години.
Си кажа и за водителката, а кажа и виц за власи. Цар, цар, цар. Ние веќе три пати го гледавме и не остануваме на тоа.
Плус амбиентот е ептен автентичен за второлигаш, од изгледот на канцеларијата па сè до тоа дека веројатно нема греење со оглед на стајлингот на Мите.