Фудбал

Златан: Јас си заминав, сега вратете се на гледање бејзбол

Дојде со стил, играше со стил, си замина со стил, ама сето ова во својот уникатен и оригинален стил. Незаборавни 21 месец и за него, но пред сè за американската публика и новинарите.

Не па не му легна на волеј, само топката ја издиша

Детево од Шведска на мечот против Словенија за играчи до 19 години, немаше респект ни кон топка, ни кон голман, ни кон мрежа.

Каде леташ бе, јас сум Мане, европски првак

Во квалификациите на Африканскиот Куп на Нации, Сенегал се сретна со Конго кој го совлада 2:0, а Мане начека еден несреќник кој го совлада со 1:0.

Роналдо без Бензема vs Бензема без Роналдо

Ха, интересна е споредбата бидејќи може да се гледа од повеќе агли, ама ај да не навлегуваме премногу, бидејќи пред се фудбалот е тимска, а не индивидуална игра.

На сите маки, во Наполи уште и ги пљачкаат фудбалерите

Откако изби мала војна на релација играчи и стручен штаб - управа, во Наполи деновиве фудбалерите биле мета на крадци и бандити поради што жена му на Алан која е трудна 7-ми месец била преселена во хотел, а на Инсиње жена му кај неговите родители.

Казните на Челси vs оние на ФК Осогово

Откако излезе ценовникот или казненикот за фудбалерите на Челси потпишан во август годинава од Френк Лампард, клубот од Кочани му удри контра на премиерлигашот во свој стил. Френки дај олабави малку и ако ништо друго бар научи ги играчите како се постапува тимски кога некој ќе фати на спортска.

Голман, пази кај гледаш, ете ти сега црвен картон

Луд меч Карлсруе - Хановер пред неколку кола. Можеби еден од најлудите во германскиот фудбал сезонава. 6’ минута 0-1, 8’ минута 1-1, 43’ минута 1-2 од пенал, 76’ минута 2-2, 90+3’ 2-3 и 90+5’ 3-3 плус и црвен картон за гостинскиот голман Роб-Роберт Цилер.

Ценовникот на Челси за казни

Кога се јаде, се јаде и телефоните мора да бидат на сајлент, ако не 1.000че казна, ама во фунти. По нашки 71.000 денари. Најдебело се плаќа доцнење на тренинг.

Учебник за тимска игра од Ајакс само од сезонава

Лани импресионираа, го елиминираа Јуве и стигнаа до полуфинале во ЛШ. Ама лани за лани. Погледнете ги овие момци што играат сезонава во која водат мртва трка за нокаут фаза во ЛШ, а во првенство имаат 43 гола на 13 средби и скор од 11 победи и 2 нерешени.

Кога Романци на Клоп му подарија клоп и го израдуваа

После натпреварите во Премиер лигата, тренерите не даваат интервјуа и изјави само на англиските медиуми, туку и на странци, и тоа е пропишано во согласност со ТВ правата. Јирген Клоп после победата над Манчестер Сити од 3:1 одговараше на прашањата на новинарот на романски Eurosport. На крајот од интервјуто репортерот му подарил клоп - традиционална романска шапка.

Играчите пеат, Марадона пак мрдаше колкови во соблекувална

Од почетокот на септември Марадона работи во татковината. Тренер е на Химнасиа Ла Плата. Тој ја користи секоја прилика да покаже колку е спремен за дружба и забава, па така и во Аргентина танцува во соблекувална. На екипата не и оди баш најсјајно (со Диего имаат 5 порази на 8 меча), но во неделата славеа 3:0 против Алдосиви.

Моментот на Клоп со италијански новинари и Гвардиола зад него

Во неделата Клоп и Пеп го одиграа најголемото дерби сезонава во Премиер лига, а веќе во понеделникот слетале во Швајцарија на годинешниот тренерски елитен форум на УЕФА кој се одржува од 1999 година. Во еден момент после форумот Јирген го начекале италијански новинари и забавата можела да почне. Дур не свратил Гвардиола.

Како Кјелини од навивач на Милан, почнал да навива за Јуве

Како и на многу деца во 90-те и подоцна идол му бил Малдини, но потписот за Старата Дама на 20 години му ги има сменето работите во глава.

Што бе на колото, ова е минимум гол на месецот

Не е дека во босанскиот фудбал гледаат на секој меч по еден ваков соло продор со велемајсторски лоб па коментаторот да рече дека е само гол на колото. Семир Штимиќ од Железничар ала Пеле, Меси, Роналдињо и кој уште не. Уф какво чувство за лоб. Без кичма го остави голманот.

Кога ќе пораснам сакам да бидам Хавиер Занети

За таа цел морав да смислам најразлични тренинзи за градење на топка, инаку ќе останам салфетка.

Зошто Роналдо можел скапо да го плати заминувањето од стадион пред време

Едни тврдат дека не е баш во форма, други дека има повреда, а трети дека суетата е во прашање. Но, не е само тоа што го напушти теренот и ја кидна во соблекувална без да го поздрави Сари, туку што си заминал од стадион пред да заврши натпреварот, а не смеел.

Левандовски побудале и му урна рекорд на Герд Милер стар 50 години

Најголемата грешка на Борусија е веројатно тоа што не успеа да го задржи Роберт Левандовски. Пољакот си замина од Дортмунд во 2014-та и од тогаш до сега на својот поранешен тим му даде 16 гола. Само Вердер и Шалке во тој период и дале повеќе голови на Борусија, ама цели екипи.

Јас ВАР викнав, не снимка од гаража да ми пуштате

Во Израел имаше смешна случка со ВАР. На мечот Макаби Хаифа-Беитар судијата отишол да гледа спорна ситуација од 93-та минута, ама му пуштиле нешто друго.

Ете зошто Манчестер се распрашувал за Русинов

Фјодор Чалов е роден на 10 април 1998 година. Има 21, а за него веќе се плетат сериозни интереси од големите екипи. За ЦСКА Москва, неговиот роден и матичен клуб одиграл 81 натпревар и дал 33 гола. Робусен шпиц, незгоден за чување. Игра и со лева и со десна, а главата му е најсилно оружје во нападот.

Капитенот некапитенски, театар, гужва, па смир

Како е должен да се однесува капитен на екипа која во 90 + минута губи со 1-0? Сигурно не како Девид Абрахам од Ајнтрахт Франкфурт, минатогодишното најголемо изненадување во Бундеслигата.

Левучарите се попрецизни и немој да го негирате тој факт

Некој гледал на документарци, некој прочитал во книга, а нам теоријата ни ја потврди Сорен Бертрам, фудбалер на германски Магдебург кој против вториот тим на Баерн Минхен (II) го намали резултатот со снајпер.

Ја видовте ли магичната акција на Динамо Загреб?

Динамо З. ја има можеби најдобрата сезона во последните 30-40 години. „Модрите“ играат неверојатно убав фудбал за око, во Европа шамараат далеку побогати клубови од себе, а во првенството што да се каже освен дека со 0-5 ја прегазија Ријека на гости, нивниот најголем конкурент ако може да се каже конкурент. Динамо имаше 0-4 после 26 минути игра, а голот на Словенецот Петар Стојановиќ дојде после акција Барселона.

Емре викан торпедо

Најголемото изненадување во турската лига досега сезонава е Сиваспор, неочекуваниот лидер на табелата после 11 кола со 21 бод. Сиваспор играше викендов дома против Коњаспор и победи 2-0 со голови во 80’ и 89’ минута. Првиов беше тотален еврогол.

Маркус полека бе, зад гол го прати човекот

Манчестер Јунајтед вака така фати фин ритам, има 5 победи на последните 6 средби на сите натпреварувања. Ама гледајте го вие на Рашфорд ритамов. Роналдињо се гордее.