Од април 2017 година Борусија Дортмунд нема победа во Минхен против Баерн. Баварците и во саботата ја продолжија оваа серија откако со 4-0 го демолираа ривалот во Der Klassiker. Полјакот Левандовски даде два гола а имаше и еден луд прием на топка.
Првиот голман на Леванте, составот кој ја растури Барселона пред една недела, Аитор Фернандез во последен момент не знаел дали ќе добие дозвола од државната изборна комисија на Шпанија да брани во првенството, на гостување на „Сан Мамеш“.
Фудбалерите на Интер губеа 0-1 дома од Верона до 65' минута кога Весино израмни на 1-1, а во 83' минута еуфорична експлозија на „Џузепе Меаца“. Николо Барела, репрезентативецот на Италија донесе 3 бода.
Мирољубиви 0:0 во македонскиот дуел на Елмас и Пандев со што Наполитанците ја продолжуваат кризата. Пандев излезе во 80-та минута, а Елмас влезе во 66-та и за влакно не успеа да го извади својот тим од калта во финишот од средбата. Погледнете за колку малце не влезе цела топка во гол. Мајсториски му ја сврти со глава.
Ако не го видовте финишот од првиот дел на средбата Барселона - Селта, сте испуштиле многу. Двајца јужноамериканци се такмичеа кој ќе даде појак гол од слободен удар. Во 42-ра минута Уругваецот Лукас Оласа го замолчи Камп Ноу, ама затоа го предизвика доктор Лео Меси.
Па не би рекле, бидејќи големи ривали се, очи ќе си извадат, така што сè е ова една екстремно ретка коинциденција, особено меѓу два клуба од ист град во Серија А.
Ви посакуваме убав викенд со Баерн Минхен - Борусија Дортмунд (сабота 18:30), Ливерпул - Манчестер Сити (недела 17:30), и Јувентус - Милан (недела 20:45). А ви посакува и судијава. То бе мајсторе, само весело.
Пирс Свинеј е одбранбен фудбалер на англискиот четвртолигаш Ексетер Сити. На еден претпладневен тренинг толку без осет ја рогнал топката што таа паднала врз неговата кола во близина на игралиштето и скршил ветробранско стакло.
На 1 октомври наполни 18, ама без разлика на годините, Солскјер на Мејсон Гринвуд веќе му даде 12 шанси за настап на сите натпреварувања. УЕФА одлучи за „Skill of the Day“ да ја прогласи неговата “зидановка“ против Партизан.
Го знаеме како страшно добар учител за фудбал, тактичар, врвен стратег со милион трофеи сите со еден клуб. Човек кој практично направи легенди за кои се зборува со години. Познат е и по својата строгост, ама за гестови како овој не сме знаеле баш или па можеби ги правел често, ама не се фалел.
Од 3 гола кои руски Краснодар му ги кладе на Трабзонспор, вториот беше многу интересен. Го даде Мануел Фернандеш со петица. Краснодар сега има 6 бода колку што има и вториот Хетафе на 2 кола пред крајот.
ЦСКА Москва сезонава е тапа џонс во Лига Европа и синоќа стигна до првиот освоен бод. Ференцварош - ЦСКА 0:0, благодарение само и само на Игор Акинфеев.
Во 78’ минута од дуелот Вулверхемптон - Слован Братислава, најдобриот играч на домашните, шпицот Раул Хименез со полна нога во лице го удри стоперот на Слован Кенан Бајриќ и го онесвести. Среќа сè добро се заврши и Кенан брзо се врати. На крајот, дури во 90+9’ минута од судиско продолжение, Хименез даде победнички гол за Вулвс.
Откако на првиот натпревар во Шкотска извадија парола на која беше насликан основачот на фашизмот Бенито Мусолини како виси обесен (така е убиен од италијанските партизани во Милано), навивачите на Селтик и вечерва ја славеа победата над римски Лацио со блага доза на хумор.
Селтик, Севиља, Базел, Еспањол и Манчестер Јунајтед се пласираа во следната рунда од Лига Европа, откако вечерва освоија по 3 бода. Рома ќе има тешка задача затоа што гостува во Истанбул кај Башакшехир во следното коло.
За време на мечот Борусија Менхенгладбах - Рома во рамките на 4. коло од Лига Европа, домашниот голман Зомер го залепи својот бек толку силно со една топка, што овој не можеше да се опорави долго. После 75 минути игра резултатот е 1:1 а и двата гола (еден автогол) ги даде стоперот на Рома Фацио.
Фудбалерите на Селтик направија целосен пресврт и по триумфот во Глазгов, го победија Лацио и среде Рим, идентично со 2:1 после катастрофална грешка на Валон Бериша во 95-та минута од мечот. Севиља е во следна рунда, а голема неизвесност ќе има речиси во сите останати групи.
Со оглед на тоа што минаа пет години од дебито на Лудогорец во ЛШ, можеби некој заборавил како изгледаше тоа неповторливо сценарио за влез во групи. Работата ја реши романски дефанзивец против романски клуб, ама со ракавици на раце.
И покрај тоа што летово на сите ѕвона најавуваа битка за скудетото со нов, освежен состав, Наполитанците веќе заостануваат сериозно зад директните конкуренти за титулата, а кризата ја продлабочи одлуката за карантин на претседатлот и бојкотот на играчите.
Не играше минатото коло поради повреда и пак изиграва бесни глисти, а плус го очекува двомеч со Македонија. Двете последни квалификациски средби, против Австрија на гости на 16-ти и дома со Израел на 19-ти ноември.
11 гола на 11 меча може да имаат само клубови од долниот дел на табелата, но не и Милан. Росонерите се до толку слаби во напад, што Болоња, Сасуоло, Лече и Џенова кои се под нив на табела, имаат подобра реализација. Несфатливо.