Дознаа дека во Купот им се падна Реал Мадрид и полудеа

Шпанската Сегунда дивизион Б е трет ранг на натпреварување. Во овој систем од 4 групи со по 20 тима игра и Унионистас, клуб од градот Саламанка. Кога попладнево дознаа дека на 22-ри месецов во Купот на Шпанија ќе го пречекаат големиот Реал Мадрид, полудеа од среќа и радост.

Играат на стадиончето „Пистас дел Елмантико“ кое собира 3.000 гледачи. Ќе биде интересно да се види во кој состав ќе дојде Реал

14 јануари 2020 - 14:06