Фудбалерите на Унионистас од Саламанка кои во 16 финалето на шпанскиот Куп направија големо изненадување и го исфрлија Виљареал, во следната фаза одат на мегдан на Барса, кој е актуелен шампион на Шпанија. Погледнете ги како реагираа на ждрепката.
Вака Алваро Ромеро ќе им збори на децата и внуците во иднина кога ќе им го покаже видеото на кое дава преубав гол против славниот Реал Мадрид. После толку муабет за стадиончето „Лас Пистас“, Реал дојде во Саламанка во јак состав, одигра и победи 1:3.
Се шегуваме. Дражта на Купот во секоја земја е токму во тоа, мал клуб од мало место да пречека некој гигант. Па да се соберат локалци, да го наполнат стадиончето, да испијат по некое пиво, да дофрлаат за фризурата на Рамос итн.
Претседателот на шпанскиот третолигаш Унионистас, Мигел Анхел Сандовал во петокот напладне на состанок со градското собрание во Саламанка решил да го пречека Реал Мадрид во шпанскиот Копа дел Реј на своето стадионче „Лас Пистас“ кое собира 4.000 гледачи. А пазете ова, на само 50 метри до нивниот стадион се наоѓа еден поголем (17.000 капацитет) на попознатиот клуб Саламанка кој има играно и во Примера.
И покрај тоа што играчите и малубројните навивачи на шпанскиот нисколигаш Унионистас полудеа од среќа кога на ждрепката слушнаа дека ќе го пречекаат Реал во Купот на Кралот, сега може да има измени.
Шпанската Сегунда дивизион Б е трет ранг на натпреварување. Во овој систем од 4 групи со по 20 тима игра и Унионистас, клуб од градот Саламанка. Кога попладнево дознаа дека на 22-ри месецов во Купот на Шпанија ќе го пречекаат големиот Реал Мадрид, полудеа од среќа и радост.