Не играше минатото коло поради повреда и пак изиграва бесни глисти, а плус го очекува двомеч со Македонија. Двете последни квалификациски средби, против Австрија на гости на 16-ти и дома со Израел на 19-ти ноември.
11 гола на 11 меча може да имаат само клубови од долниот дел на табелата, но не и Милан. Росонерите се до толку слаби во напад, што Болоња, Сасуоло, Лече и Џенова кои се под нив на табела, имаат подобра реализација. Несфатливо.
Европскиот вицепрвак ја потврди својата класа и со 0-4 ја згроми Црвена звезда во Белград во групната фаза од Лига на шампиони. Резултатот го отвори Ло Селсо во 34’ минута после една многу чудна ситуација со пречки, стативи и што уште не. Исто нешто имаше и на спротивната страна.
Актуелниот европски шампион Ливерпул на 17 декември почнува на Светското клупско првенство, од полуфиналето во Доха, а следниот ден има натпревар со Астон Вила во англискиот Лига Куп. Клоп решил да ги испочитуваат и двете натпреварувања и дека 100% ќе играат во предвидените термини. Против Вила најверојатно со младинци и резервисти.
Нападот врз ѕвездите на Арсенал Месут Озил и Сеад Колашинац го шокираа Лондон. Метрополитан полицијата објави ново видео на кое се гледа почетокот на нападот и лудата храброст на Босанецот кој мртов ладен стои додека напаѓачот мавта со голем нож.
Во ситуација кога и Кјелини и Де Лихт ги нема во состав, Јуве пак е раат позади бидејќи тука е капитен Леонардо Бонучи да спаси ситуација како линиски голман (без раце се разбира). Ова беше силна топка која влегуваше во гол за 2:1 за Русите. Искуство е во прашање.
Врвни сцени имаше синоќа во Лига на шампиони на мечот Аталанта - Манчестер Сити. Во 81-ма минута Клаудио Браво доби црвен, а Пеп не можеше да стави друг голман бидејќи имаше направено три измени.
Тотенхем си замина со убедлив триумф од Маракана од 0:4. Сон Хјунг Мин беше двоен стрелец, а еден од головите го искористи јавно да му се извини на Андрес Гомеш од Евертон на кој изминатиов викенд без никаква намера му скрши нога. Кореецот не можеше на себе да дојде од мака.
Еден од двајцата македонски претставници во ЛШ вечерва беше и стрелец, но кога Модрите мислеа дека ја имаат победата, украинскиот состав погоди во 93-та и 98-ма од пенал со ВАР. Мртва трка за втората позиција, Динамо и Шахтјор имаат исто бодови.
Центарфорот од Босна и Херцеговина, Армин Хоџиќ игра за Фехервар во унгарското првенство. На дуелот против Залаегерцег кој заврши 3:3, Хоџиќ доби жолт картон буквално во 3 секунда од мечот.
Се чека официјална потврда од Ибра што понатаму. Ќе направи ли нов трансфер или ќе остане во САД? Не веруваме дека размислува за пензија со оглед на тоа колку гола даде и како одигра во МЛС. 53 комада на 58 меча за две сезони.
Маркос Алонсо некогаш важеше за еден од најдобрите леви бекови во англиската Премиер лига, ама веќе некое време не може да се спои со топката. Тренерот Лампард со право го држеше на клупа, а вчера против Ајакс реши да му даде шанса. Така играше што на полувреме го извади од игра и го стави малиот Рис Џејмс кој му донесе на Челси 4-4 во 74’ минута со убав дебитантски гол.
Уште кога го направи трансферот се отворија муабети дека не го сакаат, а тоа не е добро ни за него, ни за нив, а најмалку за клубот кој губи од Леванте, а потоа не може да ја победи Славија Прага.
Пред мечот Барселона - Славија Прага (0:0, не знаеме кога последен пат не дале гол на „Камп Ноу“), децата кои излегуваат на терен со играчите не можеа да дочекаат тој да се појави, додека гостиве од Славија нервозни стојат во тунел и слушаат како одзвонува името на тој што треба да го чуваат.
Тимот од Местаља губеше 0-1 на полувреме од Лил во ЛШ, ама во второ заиграа како треба и со 4-1 го потопија францускиот претставник. Третиот гол за домашните го даде токму Французин, Кондогбија, од 30 метри.
Ама искрено човекот признава дека немал намера и дека сакал само да ја избрка. Судијата според правилата го искучил од игра, а газдарицата од куќата добила нова кокона.
Кој има добра меморија ќе се сети како Лилиан Турам направи слалом од гол на гол на мечот Победа - Парма, кој се одигра во Скопје на 14 септември 2000-та. Не ја даде Турам, а ниту синоќа Зума против Ајакс, ама битна е желбата. Лампард со симпатичен осмех, демек леле леле што ќе беше ова ако влезеше.
Артуро Видал е добро познат борец на терен, каде става глава онаму каде други играат само со нога, ама буквално. Плус успешно му беше додавањето до Меси.
Уште полудо е што Челси стигна до реми за 11 минути и веднаш им поништија гол за 5:4, а Борусија го шокираше Интер со три комада за 26 минути. Пресврт направи и Валенсија, а Барса и Наполи одиграа само реми. Елмас остана на клупа.
Симболот на Рома има 43 години и е далеку од престарен за да не ја одржува формата по турнири. Не трпи пораз и сега, па кога прими неговиот тим гол, вака им одговори.
Франчесто Ачерби му го откри стравот на италијанскиот напаѓач. Некои мислеа дека заспал, а тој уствари се плашел, особено на турбуленции. Инаку игра во страшна форма.
Константин Будеску е романски репрезентативец кој игра во домашното првенство за Астра Ѓурѓиу. Против Поли Јаси во понеделникот (4:0) даде два комада од кои и првиот и вториот беа „ексепционал“ што би рекол коментаторот.