Мане го сака селото и селото го сака Мане

Дечкото спие на пари, ама никогаш не заборава од каква сиромаштија потекнува. За леб немал, а не па за копачки. Толку е скромен што не дозволува ни со крал да му се обратат. Овие снимки се ептен логични, бидејќи им помогна на сите до еден.

Сенегалецот Садио Мане пред три дена беше прогласен за играч на годината во Африка, признание кое со посебна радост беше прославено во селото Бамбали. И како нема да бидат, ако се знае колку се даде финансиски за нив.

Овие снимки се доказ за взаемното почитување меѓу Мане и неговите соселани со кои до вчера ги делел истите маки, а е тоа е како да се обезбедат основни услови за живот од типот на храна на дневна основа.

Ѕвездата на Ливерпул им изгради болница, школо и стадион, а им помогнал парично на секое семејство за да имаат за храна и облека. Само за школото донираше 200.000 фунти кои не му се проблем со оглед на тоа што него неделна плата му е 150.000 фунти.

Но кај него работат чувствата и сенсот. Тој никогаш не заборава од каде потекнува и кога може го посетува родното село кое ептен бедно. Во една од неговите последно посети им рече:

„Образованието е многу важно. Тоа ќе ви овозможи да имате добра кариера“.

По одржаната церемонија во Египет, Мане планираше следниот ден да замине во Сенегал за да прослави со својот народ, но поради работни обврски не стигна, а колку е голем ќе забележите сами во изјавата. Им се извини.

„Се разбира дека сум многу среќен што ја освоив оваа награда која сакам да ја посветам на секој кој ми помогна во мојот пат уште од самиот почеток. Планот беше да отпатувам во Сенегал за да им се заблагодарам на луѓето од мојата земја и за се што ми даваат, но за жал не можев. Имаме голем меч против Тотенхем на кој морам да се фокусирам и сум разочаран што не можев да дојдам до дома да ви кажам благодарам. Но ќе се вратам во Сенегал колку што е можно побрзо, бидејќи тоа за мене е многу важно. Нема никогаш да заборавам што направија сите за мене, сите кои веруваа во мене и кои ми дадоа шанса да играм фудбал“.

Во 2016-та, Мане направи трансфер од Саутемптон во Ливерпул за 34 милиони фунти и стана најскап африкански фудбалер во историјата.

Но ова е само рекорд и огромна сума на пари кои стојат зад неговото име. Садио е пред се човек кој потекнува од Бамбали каде помага со срце.

Кога му рекоа дека е крал.

И моментот кога го прогласија

10 јануари 2020 - 10:43