Клоп им постави прашање на новинарите за Мурињо

Нова типична Јирген Клоп прес конференција на која харизматичниот Германец ги стави на тест новинарите дали знаат на која позиција играл Жозе Мурињо додека бил играч. Ова прашање им го постави откако го прашаа кој бил подобар фудбалер меѓу нив двајца.

Ајде гуглајте им рече Клоп на новинарите кои ги фати неспремни, иако и тој самиот не беше спремен на таа тема и рече дека бил голман.

Одговорот е дека играл во средина. Но за неговата играчка кариера многу малку се знае и зборува, бидејќи му била куса од само седум години.

 

10 јануари 2020 - 15:34