Метју Рајан настапува за премиерлигашот Брајтон кој утре му гостува на Евертон, а со мислите е во Австралија која со денови се бори со пожари распрскани на многу локации.
Рајан веќе донираше 27.000 долари, но викендов ќе донира повторно, но овој пат голманите во Премиер лига ќе мора да бранат подобро. Колку повеќе одбрани, толку повеќе пари. За една ќе дава по 500 долари.
Како помош за уништувањето предизвикано од пожарите кои се вратија дома, донирам 500 австралиски долари за секоја регистрирана голманска одбрана во Премиер лигата на секој меч кој ќе се игра викендов.
Одбрав да донирам на фондот за итни случаи @wireswildliferescue. Ви благодарам на сите за досегашната поддршка и како нација навистина ја цениме вашата благодарност и дарежливост.
Сепак и натаму луѓето губат домови, бизниси и сл, а има и жртви и меѓу луѓето и животните.
Се надевам дека ќе можеме да продолжиме да помагаме и да продолжиме да ги охрабруваме луѓето и да влијаеме да се собираат пари за засегнатите.
I’ll be donating $500 for every registered save by all @premierleague goalkeepers this weekend.
— Maty Ryan (@MatyRyan) January 9, 2020
Please visit any of the sites below if you’re able to contribute. Thank you 🙏🏼 https://t.co/ALkFfMdOL8https://t.co/XhnSbJMHX0https://t.co/cOYyfGOZMVhttps://t.co/3aUufmplV7 pic.twitter.com/07QarFLEBJ