Го нацртавме ова за единствената македонска машина, напиша Твитерџијата кој го направи графитот во чест на Езџан Алиоски познат под прекарот Џани.
Какво изненадување за македонското офанзивно крило. Вистинска реткост е навивачите да ти посветат вакво нешто кое пред сè треба да се заслужи.
Со оглед на неговите партии Џани го заслужи. Дел е од тимот на Лидс веќе трета сезона и до сега има 111 настапи и 18 голови. Покрај со добрите игри и залагањето на терен, тој ја плени публиката и со својот позитивен дух.
Here you go, for you @ezgjanalioski!!! 😁 https://t.co/6B28NaL2Om
— Andy McVeigh (@pantsdanny) January 8, 2020
Како реагираа навивачите
Графити од истиот навивач
Популарноста на Алиоски не е од сега во Лидс. Погледнете ја реакцијата на навивачкава од пред една година.