Како Ел Чоло ги пречека играчите пред соблекувална

Страшен мотиватор, голем темперамент и човек кој си ја работи работата со голема страст. Можеби некој мисли дека е во елемент само тие 90 минути, ама жарот го има и после натпревар. Погледнете го колку е среќен за победата. Ги чекаше еден по еден за да им честита.

Инаку оваа година Супер Купот на Шпанија кој се игра во Саудиска Арабија за прв пат се игра во форма на Ф4. Реал во полуфинале ја совлада Валенсија, а Атлетико на Барселона и направи пресврт на крај. Мадридското финале е во недела во 21:00.

10 јануари 2020 - 14:18