Фудбал

Врвниот муабет на Роналдо и Меси на свечената средба

На гала вечерата во Монако, покрај ждрепката за Лига на шампиони, се бираше и најдобар игач во Лигата на шампионите за минатата сезона. Го избраа Вирџил Ван Дајк од Ливерпул, а момент на вечерта беше муабетот на Меси и Роналдо кои седеа еден до друг.

Најискрена можна реакција на луѓето од Славија Прага за ждрепката

Беа во четвртиот шешир и за очекување беше да им падне група со многу фаворити. А им падна најтешката, со Барселона, Борусија Дортмунд и Интер. Еве ја реакцијата на луѓето од чешкиот клуб кога го извлекоа нивното име.

Реал против ПСЖ, Јуве со Атлетико

Вечерва во Нион се извлекоа групите за Лига на шампиони, а најинтересна е можеби групата Ф во која Барселона ќе игра против Интер, Борусија Дортмунд и Славија Прага.

Жената која го облекува во кардиган и која го советува Пеп за тактички формации

Гвардиола го видел целиот свет. Победуваше во Шпанија, Италија, Катар и Мексико, тренираше во Германија и во Њујорк, а верен сопатник му била сопругата Кристина Сера со која има три деца.

Лорд Бендтнер со ново видео со девојка му

Лордот Бендтнер (31) во моментов игра во Розенборг, ама очигледно блесави видеа и фотографии по социјалните мрежи му се поинтересни од мрежите на противничките голмани. Последно постираше видео на кое се гледа разголена неговата девојка Филин Рупстроф.

Тотално луд потег на мал фудбал

Футсалот е непресушен извор на будалести дриблинзи, ама вакво нешто салите не виделе. Невозможно.

Голман на Монтреал му одбрани два пенали на ист играч

Во дуел меѓу Монтреал Импакт и Ванкувер, во американската МЛС лига, домашниот голман Еван Буш му стана права ноќна мора на гостинскиот шпиц Јорди Рејна откако му одбрани два пенали во рок од неколку минути. А гостите притоа водеа 0-1, а по два неискористени пенали, на крај изгубија 2-1.

Пожари до стадионот, тие фудбал играат

Во бразилската Серија Ц лига, Атлетико Акреано и Луверденсе како да не беа свесни што се случува околу нив, па играа како да ништо не е. При резултат 3:2 судијата пред крај решил да го прекине мечот поради густиот дим од околните пожари и безбедносниот ризик.

Така, работи си ги

Кајзер Чифс е 9-кратен шампион на Јужна Африка и еден од најтрофејниот на тамошниот континент. На еден меч против Платинум Старс, при водство од 4-2 толку многу го омаловажија противникот што видеото стана вирално.

Од толкав стадион баш таму да погодиш со топка

Ајнтрахт Франкфурт изгуби со 2-1 на гостувањето кај Лајпциг, а целата омраза која навивачите од цела Германија ја имаат кон симпатизерите на клубот спонзориран од гигантот Ред Бул како да ја искали Филип Костиќ.

Како Заха го прати Ешли Јанг во предвремена пензија

Капитенот на Манчестер Јунајтед важи за голем борец. Иако има 34 години, и натаму е фајтер број 1 во екипата. Ама дур не налета на дриблер како поранешниот играч на Јунајтед, Вилфред Заха.

Феноменот Лукаку - дава голови и зборува осум јазици

Летово Интер направи рекорден трансфер откако на Манчестер Јунајтед му плати 65 милиони евра за центарфорот Ромелу Лукаку. Белгиецот освен што е расен стрелец, важи и за полиглот кој зборува осум јазици.

Многу јак момент од бугарскиот фудбал

Шампионот на Бугарија Лудогорец одигра само 0-0 против Славија Софија во бугарското првенство. Во 79’ минута Бразилецот Вандерсон мислеше дека конечно го отворил резултатот и отиде да го прослави со жена му која ја бакна, без да примети дека колегите веќе се вратиле на свои места поради кренато офсајд знаменце.

Ибра и колегата од жив ѕид

На градското дерби на Лос Анџелес меѓу истоимениот тим и ЛА Галакси, Ибра даде два гола, имаше шоу пред домашните навивачи и фрли ко партал еден соиграч од жив ѕид.

Бомбата на Кандрева од друг агол

Антонио Конте ја запали машината. Интер со 4:0 го прегази Лече во последниот меч од првото коло на новата Серија А. Меѓу стрелците беше и Ромелу Лукаку кој постигна гол на дебито, а играч на мечот беше ветеранот Кандрева.

Помалиот син на Меси се израдува на гол на Бетис против Барса

Бетис синоќа неочекувано поведе против Барселона на Камп Ноу со гол на новото засилување Набир Фекир во 15’ минута, а помалиот син на Меси, Матео се израдува па доби укор од татко му и од Суарез.

Кога Роналд Куман ја направи најлудата асистенција некогаш видена

Еден од најдобрите холандски фудбалери кои некогаш играле во Барселона, легендарниот Куман на меч против турски Трабзонспор во Рекопа Купот 1990/1991 постигна до ден денес невиден гол

Гризман ги прослави головите на необичен начин, како Леброн и Џордан

За првите два гола на Гризман во дресот на Барса требаше да чекаме до 2 коло. После вториот гол на мечот против Бетис синоќа, Французинот дотрча пред трибината и фрли конфети во воздух со рацете во вис. Ваков ритуал има Леброн Џејмс.

Првиот тренер на Меси раскажал како случајно го викнал да игра со нив

Салвадор Апарисио, човекот кој починал во 2008-ма година, на времето раскажал како се случило Лионел Меси првпат да игра фудбал со поголеми и постари од него и како баба му е најзаслужна за тоа.

За Барселона дебитираше вториот најмлад фудбалер во историјата

Жестоките критики дека Барса полека го губи компасот со страшни милионски трансфери, а подзаборава на својот извор на таленти Ла Масија, полека како да вродија со плод. Малиот Фати е доказ.

Абнормални ножички во Бразил, еврогол каков што не се гледа секој ден

Во бразилската Серија А, на мечот Сеара - Фламенго (0:3) падна гол кој сигурно ќе биде кандидат за наградата Пушкаш. Џорџан Де Араскаета во 90+7’ минута, во длабоко судиско продолжение постигна велелепен гол.

Нови два гола на Ибрахомовиќ во големото градско дерби на Лос Анџелес

Во големото градско дерби меѓу Лос Анџелес ФЦ и Лос Анџелес Галакси, второ во само неколку недели, паднаа 6 гола. Во центар на вниманието беше Златан Ибрахимовиќ кој даде 2 гола. На другата страна постигна гол неговиот ривал во борбата за најдобар стрелец Карлос Вела.

Промашување со кое се доведуваат во прашање физички закони

При резултат 1-1 на мечот Вотфорд - Вест Хем, домашниот фудбалер Вил Хјуз промаши непромашливо. На крај „чеканите“ од Лондон славеа со 1-3 благодарение на головите на новото летно засилување Себастијан Алер.

Фантазија од гол со надворешна

Некогашниот шпански репрезентативец Алваро Негредо, во моментов игра за клубот Ал Наср Дубаи. Синоќа во триумот од 3-0 над Ал Итихад, Негредо во 73' минута постави нови стандарди за гол со надворешна.