Фудбал

Нестогол го даде првиот гол за Удинезе и го исмејуваше ВАР системот

По 13 минати кола, Илија Несторовски го постигна деби голот во дресот на Удинезе на гостувањето против Сампдорија која сепак го сврте на крај резултатот на 2:1. Нестогол реагираше иронично спрема ВАР технологијата, со која во 3-та минута му беше поништен гол поради претходно играње со рака на негов колега.

Евра запеа хит на Оливер Драгоевиќ

Не е лесно да се оди на млади години во пензија. Патрис Евра веќе не знае како да го помине слободното време, па откако даде интервју за хрватски медиум, му посвети песна на поранешниот колега од Јуве, Марио Манџукиќ. 

Сантијаго Бернабеу силно го исвирка Бејл

Зинедин Зидан синоќа против Сосиедад го стави во игра Герет Бејл, а публиката му приреди пречек како што се очекуваше. Ти не нејќеш? И ние те нејќеме.

Голман, ти не си арен

Тоњо Родригез, голманот на мексикански Чивас, на мечот против Веракруз во домашното првенство, во 93' минута реши да проба нешто невозможно. Ја зарога топката силно од гол на гол, зошто го виде својот колега подизлезен и постигна многу јак гол за победа од 3:1!

Лудо финале на Копа Либертадорес - Фламенго славеше со голови во 89 и 92 минута

Во Јужна Америка дефинитивно не може да се одигра мирен, неемотивен меч без напнатост и тензија.Така беше и во саботата вечера, кога за вредниот златен пехар во Копа Либертадорес се судрија титаните Фламенго и Ривер Плејт.

Убавина од акција на Тотенхем и генијален пас на Деле Али

Фантастичен старт на Жозе Мурињо кој на деби мечот му донесе гостинска победа на Тотенхем по пауза од 11 месеци и тоа на дербито со Вест Хем 2:3. Погледнете какво акцииште врзаа и каков магичен пас изведе Деле Али.

Кој му дал на овој да шутира пенал?

На Куп натпревар во Бразил меѓу екипите на Пајсанду и Куијаба, финалето после нерешениот исход се решавало на пенали. Куијаба загуби затоа што довербата на крај му ја даде на човек кој после ова корнер не треба да му дадат да изведе.

Шакира, Енфилд Роуд е тоа

Епскиот меч на кој Ливерпул на „Енфилд“ со 4-0 ја прегази Барселона и направи сензационален реванш, во неверување ја фрлил и Шакира, сопругата на капитенот на Барселона Пике.

Топ 5 голови на Македонија во квалификациите за ЕП

Со оглед на тоа што квалификациите завршија, а полуфиналето во Лига на нации против Косово е дури на 26 март, преостанува уште да се потсетиме какви голчиња брцнаа момците на Ангеловски во циклусот што заврши.

Финалето за ЕП 2020 Македонија ќе го игра во Грузија или Белорусија

Немавме среќа во Нион. Ако во полуфинале го совлада Косово, македонската фудбалска репрезентација последната пречка за европско нема да може да ја мине дома.

Боксерот кој нокаутираше судија ќе заигра пак фудбал кога ќе почне Мундијалот во Катар

Германија минатиот месец беше згрозена и се чудеше на насилничкиот потег на еден играч кој направи потег, типичен како за селски фудбал каде судиите се најнезаштитени. И така и беше, бидејќи немаше ни лекар во близина.

Кога Атилио Ломбардо играше Ламбада

Пар британски ентузијасти во ’90-те години, во најубавото време по италијанскиот фудбал, прават емисија за Серија А. И еднаш го викаат пред камера Атилио Ломбардо, легендарната ќелавица на калчото.

Кој од кој поубав

Францускиот спортски канал RMC Sport објави видео со 20 најубави голови од почетокот на оваа сезона во неколку европски првенства + во Лига на шампиони. Да не знаеш кој од кој поубав.

Последната порака на Почетино до своите фудбалери

Маурисио Почетино во моментов е најбараниот тренер на светот. За него се заинтересирани најголемите светски гиганти како Баерн Минхен, Реал Мадрид, Манчестер Јунајтед. Разделбата меѓу Аргентинецот и Тотенхем, тешко им падна на навивачите кои жалат по човекот кој ги однесе до финале на Лига на шампиони. Почетино им напишал порака на играчите а ја сликнал неговиот помошник Хесус Перез.

Првата хит изјава на Мурињо како тренер на Тотенхем

Ја почнал прес-конференцијата со: „Јас по природа сум скромен човек“, за после пет минути да одговори вака на прашањето дали поразот во финале на Лига на шампиони влијаел врз тимот на Тотенхем:

Погба до Јане: Горд сум на тебе пријателе

Јане е цар и гордост на Македонија затоа што испрати силна и моќна порака по повод Светскиот ден на детето и тоа директно од глобалниот самит на ОН во Њујорк, каде го запозна и Дејвид Бекам. А Пол Погба е цар бидејќи не го заборавил после онаа средба на Олд Трафорд.

Дембеле што им направи бе дете?

Ти мислиш се загрева на тренинг, а тој тргна и почна: еден, двајца, тројца, четворица, лоб и гол. Им влезе без пардон како ненаигран да е или поточно во стилот на се знае кој.

Првото интервју на Мурињо како тренер на Тотенхем

Упати многу пофалби до клубот, играчите, стадионот, тренинг центарот. Но во ветувањата беше претпазлив и ја потенцираше страста со која ќе работи. Реално повеќе и не може да си дозволи со оглед на тоа што презеде клуб кој по 12 изминати кола освоил само 14 бода и се наоѓа на 14-та позиција, со дури 20 бода заостанување зад лидерот. Го чека многу тешка работа.

ФК Каменица Саса да ви каже еден виц

Дали можеби ФК Осогово доби конкуренција на Твитер?

Почетино добил отказ зошто не сакал Амазон да им снима тактика и тренинзи

Фудбалот дефинитивно е отиден во погрешна насока. Овој спорт стана машина за пари. Веќе не се важни никакви чувства и стариот романтичен фудбал, туку сега се оди до баналности кои оваа омилена игра ја прават таблоидна.

Марка го спружи Бејл на насловна со свој редослед на зборови

Додека Велс го славеше пласманот на ЕП 2020, Герет Бејл ептен ја оплеска, бидејќи ја прифати шегата со знамето на кое стои каде му е Реал Мадрид според приоритетите. Навивачите на Реал збеснаа, силно удри и шпанскиот печат, а од клубот како уво да ги боли.

Малиот Јане испрати моќна порака од Обединети нации и се сретна со Бекам

11 годишниот Јане Велковски, како застапник за децата со попреченост од Македонија му се придружи на УНИЦЕФ на глобалниот самит на ОН во Њујорк. На годинашниот Светски ден на детето порача дека треба да се отстранат сите бариери со кои се соочуваат лицата со инвалидитет.

Кога був слета на терен и го прекина мечот Финска - Белгија

Пред 12 години, во квалификациите за Европско 2008 пред 35.000 луѓе во Хелсинки играа Финска и Белгија. Во еден момент на терен се појави непоканет гостин поради кој мечот се прекина на повеќе од 6 минути.

Во шпанската фудбалска федерација фали само уште Касандра

По срамот со отпуштање селектор на ден пред почетокот на Светско првенство 2018, шпанската фудбалска федерација сега ја дрма нов потрес. Ама како да не се виновни тие, туку плачкото кој жали што Енрике се враќа на клупата по семејната трагедија.