Фудбал

Како најглупо да задржуваш време?

На дуел од најдобрата колумбиска лига Категорија Примера А меѓу Енвигадо и Америка де Кали гостите воделе од 25-та минута па до последни секунди кога домаќините од пенал израмниле 1-1 во 90+3’ минута. Ај што израмниле туку и пола екипа решила да задржува време мислиш играат за трофеј во Копа Либертадорес.

Комедии од автогол од преку 40 метри

Норвежанецот Јакоб Глеснес кој игра во МЛС за Филаделфија Унион си ја закопа од пола терен, како никој друг од толку далеку. Кутар голман не смееше со раце да ја фати.

Бучавата на Џузепе Меаца по голот на Марко Арнаутовиќ

Не е лесно да се постигне гол во нокаут фаза од ЛШ, особено не против дефанзивна екипа како Атлетико Мадрид која синоќа немаше ниту еден удар во рамки на гол. Интер се трудеше, притискаше, промашуваше и во 79-та минута се случи експлозија на Џузепе Меаца, која одлично се доловува со овој клип снимен зад гол и во близина на играчите. Пуштете ги звучките појако за да го почувствувате од близу делириумот.

Бернардо Силва го има слободниот удар на сезоната

Не можеше појако да ја смисли и да ја изведе. Мрежата им ја искина.

Арнаутовиќ го проби дефанзивниот Атлетико и ја фрли Меаца во транс

Лидерот во Серија А беше доминаннтен на речиси цел меч против Атлетико Мадрид кој во Милано прикажа дефанзивна игра со 0 удари во рамки на гол. Но момците на Инѕаги се изнамачија и се изнапромашија додека да стигнат до погодок, кој падна дури во 79-та минута, дело на џокерот Марко Арнаутовиќ. ПСВ и Борусија Дортмунд одиграа без победник. И двете осминафинални дуели од ЛШ ќе се решаваат на реваншите.

Херојскиот Мундијал на Андреас Бреме

Западна Германија стана првата селекција која во тие времиња одигра три последователни финалиња, подвиг што го повтори потоа Бразил. Имаа страшен состав, а како клучен играч се покажа левиот бек на Интер кој постигна три гола плус уште еден во пенал серија, од кои еден во финале вреден светска титула.

Не за џабе му е идол од детство

Ударна вест во фудбалскиот свет минатиов викенд беше дека Килијан Мбапе веќе го известил ПСЖ дека по крајот на сезонава и дефинитивно заминува, а беспрекорниот „свиркач“ Фабрицио Романо на Х објави дека Килијан веќе ги договара и условите со Реал Мадрид. Дали таму ќе ја продолжи својата чудесна голгетерска форма како што играше неговиот идол Роналдо останува да се види. Едно е сигурно: ќе ги прославува головите на негов начин како и досега.

Врската меѓу Меси и Барса е нераскинлива, доказ е осмата Златна топка

Без разлика што ја освои како играч на ПСЖ и Аргентина и што го продадоа на глупав начин во 2021-ва, последната Златна топка, Лео решил да ја донира во музејот на Барселона.

Цвајта - Бундеслига 1:0, за прв пат во историја

Во втората германска лига просекот на посетеност сезонава е 29.000 навивачи по натпревар или подетално од викендов: Шалке – Висбаден (60.542 гледачи), Херта – Магдебург (52.652), Нирнберг – Кајзерслаутерн (35.462), Хановер – Фурт (31.500).  Некоја друга земја со вакви второлигашки бројки?

Кој е новиот анонимен тренер на Наполи?

Валтер Мацари очекувано доби отказ од претседателот на Наполи Аурелио Де Лаурентис поради катастрофалните резултати на екипата под негово водство. На клупата на шампионот на Италија седнува селекторот на Словачка, Италијанецот Франческо Калцона. Помошник ќе му биде легендата на Наполи Словакот Марек Хамшик.

Нов вид на протест во Германија

Германските навивачки групи стриктно се противат на намерата на германската фудбалска федерација (DFL) да продаде осум одсто од тв правата на странски фондови. Германските стадиони се полни, држат рекорди во посетеност во последните неколку години и навивачите не сакаат никаков бизнис план на сметка на клубовите и гледачите.

Пожртвуваност на гол линија со глава во 94-та минута, невидена во Шпанија и пошироко

По дебаклот од Реал Мадрид со 4:0, Жирона запиша нов пораз од 3:2, овој пат од Атлетик Билбао и падна на -6 од кралевите и на само +2 пред Барса. Во 94-та минута се случи драма и пол. Кога сите мислеа дека топката е во гол и резултатот е 3:3, дефанзивецот на Билбао, Дани Вивиан потрес на мозок жртвуваше на гол линија.

Во Баерн е тензично, Кимих ја спукал со Тухел и негов помошник

Во рок од 9 дена, Баерн Минхен со соочи со три порази: 3:0 од Баер Леверкузен, 1:0 од Лацио и 3:2 од Бохум, што не ги личи со оглед на тоа што се Баерн.

Монца му приреди дебакл на Милан со 4 комада, црвен на Јовиќ за удирање шамар

Многу киксови на фаворитите во Серија А ова коло: Наполи - Џенова 1:1, Верона - Јувентус 2:2, Лацио - Болоња 1:2 и на крај капак на сè Монца - Милан, неочекувани 4:2 после победа на росонерите против Рен во Лига Европа од 3:0.

Парадата на Столе против Реал Мадрид е одбрана на колото

Рајо Ваљекано дефинитивно е тврд нескршлив орев за Барселона и Реал Мадрид. Речиси на секој меч дали во предградието на Мадрид, дали на страна, и двата гиганти „кршат заби“ на тимот кој против нив игра мотивирано. Посебно македонскиот голман Столе Димитриевски кој лани беше прогласен за играч на мечот Реал Мадрид - Рајо Ваљекано на „Сантијаго Бернабеу“ кога не прими гол од „кралевите“.

Пасот на Мусиала до Кејн кој требаше да биде асистенција на сезоната

Баерн Минхен го запиша третиот пораз во само 9 дена, а по Лацио изненадување им приреди Бохум кој славеше 3:2 и тоа со пресврт. Мусиала го отвори резултатот во 14 минута, а само 4 минути подоцна му сервираше страшно јака топка на Кејн која ја упропасти.

Миовски во Абердин доби аплаузи и на концертот на Трпчевски

Македонскиот центарфор кој растура со голови во Шкотска, до толку станува популарен, што и во концертни сали почнаа да го респектираат. Како гостин во публика го најави нашиот пијанист Симон Трпчевски, кој одржа концерт токму во Абердин.

Голманот на Аталанта е махер на колото

Аталанта со 3:0 го згроми Сасуоло во италијанската Серија А, а јунак на мечот беше домашниот голман, 20-годишниот Марко Карнезеки кој одбрани два пенали едно по друго.

Петар го даде најбрзиот гол во историјата на Австрија

Дваесет годишиот корпулентен српски напаѓач Петар Ратков го постигна најбрзиот гол во историјата на австриската фудбалска лига. После само пет секунди од почетокот на мечот со Линц на гости, Ратков на среќен начин ја погоди мрежата со одбиена топка по голманска несмасна интервенција. 

Што му значел гестот на Лукаку во Ротердам?

Рома под водство на Даниеле Де Роси првпат играше во Лига Европа и одигра нерешено 1-1 со Феенорд на гости. Холандскиот тим до овој дуел на пет меча по ред не примил гол а синоќа Лукаку го израмни резултатот откако претходно 168 сантиметри високиот бек Игор Паишао со глава му донесе водство на Феенорд.

Е ова е клуб

Дваесет и девет годишниот центарфор на Борусија Дортмунд Себастијан Але е играч кој каде и да играше се изнадава голови. Од Оксер преку Утрехт, Ајнтрахт Франфкурт, Вест Хем, Ајакс и сега Борусија Дортмунд. По настапи за сите француски репрезентативни категории решава да игра за земјата на својата мајка Брег на Слонова Коска. И на оваа репрезентција со голови во полуфинале и во финале ѝ го носи пехарот на големиот Куп на Африкански нации. А човекот во меѓувреме се оперираше на тестистите и прашање беше кога ќе се врати.

Какво мангупиште е овој Леао

Милан го збриша Рен со 3:0 и со една нога е во осминафиналето од Лига Европа. Не се гледаат секој ден голови како овој на Леао.

Реклама со Мурињо за албумот со сликици ЕП 2024

УЕФА потпиша договор со компанијата Топс која ќе им биде официјален партнер за следните две Европските првенства 2024 и 2028. Таа ќе биде должна за ребрендирање на турнирите со официјални производи меѓу кои и албумот со слики. За амбасадор го назначија Жозе Мурињо.

Последната победа на Лацио во нокаут фаза од ЛШ e со еврогол на Верон

Опта излезе со податок дека синоќешниот триумф на Лацио против Баерн им е само втор во нокаут фаза од Лига на шампиони. Да видиме кој е првиот.