Фудбал

Што треба да знаеме за новото, трето натпреварување на УЕФА

Од сезоната 2021/22, УЕФА сериозно ќе ја смени структурата на еврокуповите. Овие промени нема да ја тангираат Лига на шампиони, но затоа групната фаза на Лига Европа ќе се скрати на 16 клуба и ќе се појави трет еврокуп.

Проблемот е што и на кров не ја нашле

Ја немало ниту кај Ѓоре во двор, ниту под кола, ниту кај пченките. Се претпоставува дека завршила во реката.

Облак голманиште

Атлетико Мадрид освои 3 златни бода во Москва против Локомотива, а еден од најзаслужните за триумфот беше Словенецот Јан Облак.

Потегот на вечерта го имаше Левандовски, а Гнабри со два збора собра 100.000 лајка

Баерн Минхен постави неколку рекорди, откако синоќа со 2:7 го прегази актуелниот вицешампион во Лига на шампиони, Тотенхем.

Заедничкото навивање на Црвена звезда - Олимпијакос

Фудбалерите на некогашниот европски првак после пресврт го совладаа грчки Олимпијакос 3-1 (0-1) и ги освоија првите бодови во групата во Лига на шампиони. Навивачите на двата клуба, кои се во братски односи, постојано пееа заеднички песни. Почетокот на мечот го одбележа кореографија со грбовите на двата клуба.

Дисциплината на Атлетико кога треба да се бранат

Кога на Атлетико Мадрид ќе им земеш топка на нивна половина, мора да побрзаш со брзина на светлината, инаку ќе ти се сипе цел тим. Погледнете ги овие атлетски спринтови на момците на Симеоне против Локомотив Москва. Мислиш трка на 100 метри имаат.

Ноер го прати Сон во Кореја

Кога Мануел Ноер ќе добие топка во шеснаесетник на нога, не завршува акцијата како и со секој друг голман. Уште па да се обидеш да му ја земеш, ќе те излета ко мало дете.

Тотенхем изеде 7 парчиња дома за прв пат, Звезда со пресврт го нокаутираше Олимпијакос

Гол првенец за Мауро Икарди вреден 3 бода во Турција. Рутинирани победи на Сити, Јуве и Атлетико. Европскиот вицепрвак со црвени образи го напушти стадионот, а Црвена Звезда во финишот ги разби Грците.

Фантастична левица на Алиоски против ВБА

Лидс Јунајтед има тешка дерби пресметка против ВБА во меч пеѓу првиот и вториот на табела. Кога на никој не му оди тука е македонскиот репрезентативец кој распали во негов стил за 1:0 во 38-ма минута.

Реал го прими најциркузантскиот гол во ЛШ

Момците на Зинедин Зидан во 85-та минута се спасија од срам против Клуб Бриж кој имаше 0:2 на полувреме. Двојниот стрелец на гостите и на двата гола за ушепртља, а првиот му е антологиска комедија. Шахтјор пак во 95-та минута направи пресврт во Бергамо.

Како изгледа будење во соба, ама на стадион на СП 2022

Катарците до таму отидоа со паметот и парите. Смислија како да отспиеш на стадион во хотел со 5 ѕвезди по што нема да треба да одиш на натпревар, бидејќи натпреварот ќе дојде кај тебе во соба.

Малиот син на Фати му преведуваше од турски

Во минатото коло во турската фудбалска лига Анкарагуџу со 2:1 го победи Генчлербирлиги. После мечот полушпицот на домашните, Рикардо Фати дошол во микс-зоната да одговори на неколку новинарски прашања.

До утре можеш да бидеш фудбалер на Челси, казна е казна

Англискиот репрезентативец Рос Баркли решил да искористи слободен ден да скокне од Лондон до Ливерпул, ама таму во такси направил бербат со остатоци од храна, па одбил да плати глоба за чистење по што таксистот решил да викне полиција. На крај Баркли отишол до банкомат да извади пари за казната.

Јунајтед го има најлошиот старт во последните 30 години, ни со Мојс не беше вака

Со ремито 1-1 против Арсенал во големото дерби на 7 коло од Премиер лига, Манчестер Јунајтед се наоѓа на 10 место на табелата и го бележи најкатастрофалниот почеток на една сезона откако е основана Премиер лигата во ваков формат.

Кога Тоти стана најстар стрелец во ЛШ и тоа против Сити

Им дојде тогаш на „граѓаните“ на „Етихад“ во 2. коло од групите во ЛШ и на 38 години им покажа на Компани, Клиши, Јаја Туре, Давид Селва, Френк Лампард, Серхио Агуеро и Един Џеко, каква фудбалска интелегенција има.

Тројца голмани на Арсенал не го бранат ова

Детето за кое Фергусон уште на Мурињо му рече дека треба да го игра повеќе, еве го во едно друго издание. Скот Мектоминеј има 22 години, задача му е да ја пази средината, ама вчера гаѓаше на Олд Трафорд, онаму каде што не му ги фаќаа на Бекам. Трет гол за него во кариерата која ја почна во Јунајтед во 2016/2017.

Велемајсторија на Кристијан во стилот на Пандев

Кристијан Нобоа е искусен 34 годишен Еквадорец кој настапува за Сочи. Па впрочем само стара коска умее вака да го наштелува шутот кога ќе го сети голманот дека не е на свое место. Преубаво.

Дејан Кулушевски растура за Парма во Серија А

Кулушевски е роден во Стокхолм на 25 април 2000 година. Има потекло од Македонија. Настапи на 2 меча за нашата репрезентација до 16 години и постигна 3 гола. Подоцна ФФМ проба да го разубеди во намерата да не игра за Шведска и да заигра за земјата на неговите родители (дури и Пандев му прати потпишан дрес), но тој реши да го носи дресот на Швеѓаните (веќе има пар настапи за У21).

Куриозитетот кој викендов се случи трет пат во 120 години фудбал во Италија

Романецот Стефан Раду викендов на тимот на својот поранешен клупски колега, Горан Пандев му опали една левица по која сите на Олимпико се држеа за глава. Гол кој извади една ептен ретка коинциденција.

Кој би можел да го замисли Интер без Pirelli на дресот? Кинезите наскоро го менуваат спонзорот

Во сезоната 2018/2019 Интер првпат надминал приходи од 400 милиони евра. Клубот заработил 415 милиони, односно 20% повеќе од лани (346 милиони). Од нив 19,1 милион носи договорот со Pirelli, најверниот партнер на Интер во последните 24 години.

Магичниот трик на Жоакин

Шпанското крило кое се прослави во Валенсија, цепа уште на 38 години како член на Бетис веќе петта сезона. Фати да му прави некоја магија на колега со која за момент ги укочи со работа сите масери. Ма каква бре магија, реметење до солзи е фората.

Милан го има најслабиот старт на сезона за 81 година, навивачите излегоа предвреме и свиреа

По примерот на Манчестер Јунајтед, и Милан докажува дека кога еден гигант ќе го допре дното, многу е тешко да се врати на старите патеки на успехот. Со години росонерите не можат да се опорават, а нов шамар синоќа им залепи Фиорентина предводена од ветеранот Рибери.

А ние мислевме дека вакво нешто има само на Сони Плејстејшн

Барнсли - Брентфорд во Чемпионшип. Гостите славеа 1-3, ама моментот кој им се случи во 38’ минута од мечот беше пресликан циркус од фудбалчето на Сони Плејстејшн после што најчесто страдаат џојстици.