Го носи прекарот „Питбул“, што не е за фалење нели, а на терен и надвор од него има направено низа инциденти. Синиша Михајловиќ до вчера излезе од болница каде се бореше со смртоносна болест, а тој фати и со него да се тегне и оправа. Плус тренер му е.
Во Италија гестот број 1 го направи Лукаку, а во Франција тоа признание оди кај Мбапе. Што се вика уште е дете, а веќе знае како со децата. Нема место за паника, мал е, ќе научи дека не смее друг пат да влетува на терен. Инаку можеби е прв кој успеал да добие автограм во книга на сред натпревар.
Лацио синоќа го совлада Јуве со 3:1 во Супер Купот на Италија, а финалето се играше во Саудиска Арабија. Пехарот преку контролата на аеродром го пренесе Данило Каталди кој ја олади Старата Дама со голчиште од слободен удар во 94-та. А контролата е иста за секој, без разлика што носи в раце.
Иако губеа со 1-0 на гостувањето кај Сасуоло, фудбалерите на Наполи предводени од новиот тренер Џенаро Гатузо, стигнаа до три бода. Најмногу благодарение на македонскиот репрезентативец кој постигна гол во длабоко судиско продолжение.
Обично навикнати, кога се гледаат стрелците на Баерн да прочитаме Левандовски, Алаба, Кутињо, Милер, Перишиќ. На последните 2 меча 6 бода и тоа како вредни за титулата, му носи анонимен клинец.
Во рамки на португалскиот Лига Куп, Виторија Сетубал одигра 2-2 против големиот фаворит Бенфика. Јунак на мечот беше Хелдер Гуедеш кој прво во 83' намали на 1-2 а после во 90+2' минута постигна гол за прераскажување против трофејниот гигант.
Има многу лакоми играчи за гол кој по секоја цена сакаат да билдаат бројки, а Ромелу Лукаку вечерва направи гест со кој докажа дека не е воопшто фудбалер од таков ков.
По европската титула освоена против Тотенхем и трофејот во Супер Купот против Челси, Црвените предводени од маестралниот Јирген Клоп остварија хет-трик со меѓународни трофеи во оваа календарска година.
За да не се збуните, уште на старт да расчистиме. Типов заменува петмина музичари и со помош на монтажа го има во видеово со пет различни дресови. Свири на четири виолини и една виола. Филхармонија на отворено.
Роден на 23 март, 2001 година, Јарно Деуринг има само 18 и се прослави на меч од една од холандските аматерски лиги. Тргна во слалом како Алберто Томба, а на крај фалеше уште и редарот позади гол да го издрибла.
Се мислевме дали да пишеме глума на денот, ама сепак прво мора да се потенцира дека е глупчо, бидејќи откако падна на земја НАМЕРНО, не сме сигурни дали стварно глуми кога се држи за глава или од ударот му е. Како и да ја вртиме сепак е глупчо.
За него фактите велат дека е лидер во Премиер лигата со 10 бода зад вториот, брани европска титула, а утре во Катар ќе атакува и на светска. Но ова кусо интервју не е за овие теми. Со него било кој агол да го фатите не е здодевно и ќе ви даде оригинални одговори.
Има многу вистина во она ништо не е невозможно. За оваа крилатица и тоа како може да раскажат двајца млади другари од Англија кои во краток временски период стигнале до врвот.
Одиш на Светско клупско првенство и тоа на финале од Бразил до Катар за да го гледаш твојот Фламенго против Ливерпул. Го носиш и син ти на аеродром и моментот пред да се поздравите го снимаш. Вадиш авионска карта, ама и за двајцата. Малиот уште не конта.
Содржината на приказната која доаѓа од словенечкиот фудбал не треба да е спорна, љубов е љубов нели, на Берлускони на пример зет му беше Пато. Туку спорното е што некој ја измислил во Нигерија за нивни човек кој игра во Словенија.
Зе Луис, напаѓачот на Порто сакаше да фати ултра атрактивни ножички и да даде еврогол, ама на пат му се најде Нене од Санта Клара против која играа во Купот на Португалија и победија 1:0. Нене го извадија од игра и веднаш бил префрлен во болница на компјутерска томографија на главата.
Во трка по тираж, англискиот жолт печат непрекинато пишуваше за некаков си конфилкт меѓу Мо Салах и Садио Мане, творците на најмоќниот Ливерпул во историјата. Некои египетски навивачи кои се дојдени на Светското клупско првенство во Катар, го прашаа Сенегалецот дали стварно има проблем со Мохамед?
Французинот потпиша за Јуве на 1 јули годинава, па по шест месеци престој во Италија Буфон седна да го испраша барем за основи работи од типот дали знае што значи „Fino alla fine“. Ама професорот мислеше така ќе помине, па мораше и тој да одговара за Франција.
Ветеранот и поранешен англиски репрезентативец, левиот бек Лејтон Бејнс со еврогол му донесе продолженија на Евертон во Купот против Лестер (на крај конечни 2:4). Веројатно Карло ќе го мрдне малку од клупата за резерви.
Секој што прати и чита повеќе фудбал, треба, а веројатно знае дека за да стане Кристијано Роналдо тоа што е денес се убил од работа, што подразбира тренинг, тренинг и само тренинг, секогаш повеќе од другите.
Секогаш е убаво кога ќе излезе по некое видео од зад сцената, како што е ова со Јуве. Во интерес на времето, приајтелскиот дух, па и парите за бербер, човекот задолжен за опрема се реши да се шиша, односно бричи кај Бонучи.
Она што не ни е јасно во видеово од аргентинскиот фудбал е зошто малоумников се решил воопшто да игра фудбал, кога можел да одбере некој спорт со кршење нозе, ако постои такво нешто воопшто.
Со оглед на тоа што немаше никакви активности, македонската фудбалска репрезентација останува на истата позиција како на претходното рангирање на ФИФА.