Фудбал

Биди мангуп па изведи ваков пенал кај Гатузо да те видиме

Во 2. рунда од Копа Либертадорес аргентинскиот Атлетико Тукуман со 2-0 го победи Стронгест од Боливија и откако ја стигна негативата од 0-2 на првиот меч, се изведуваа пенали. А таму циркуз изведуваше Роландо Блекбурн.

Сари, а да пробаш да бидеш поштар од врата на врата

Еден од подобрите италијански стратези на денешницата, тренерот на Јувентус Маурицио Сари проаѓа низ тежок период: доживеа два тешки порази во три меча, новинарите го напаѓаат, управата му е наострена.

Кенеди Бакирчоглу - култниот лик од Менаџер со епската прослава на гол

Роден во Шведска на 2 ноември 1980 година, Кенеди Бакирчиоглу потекнувал од асирско православно семејство кое во Шведска дошло во 1972 година од градчето Мидјат во Турција. Ова е приказната за еден од најомилените фудбалери во Шведска и култен лик на видео играта Менаџер.

Алваро Рекоба, еден од најдобрите левучари кој фудбалот го видел

На навивачите на Интер им е мило кога ќе се спомне Бобо Виери, Никола Вентола, Горан Пандев, Диего Милито и Самуел Ето. Ама посебни симпатии имаа за Уругваецот кој од ништо правеше нешто со топката. Страшна левица!

Краткометражниот филм „ФК Нефта“ за двајца мали браќа од Тунис кој се бореше за Оскар

Ноќта меѓу 9 и 10 февруари во Лос Анџелес се одржа 92-та церемонија на доделување на премиите Оскар. Меѓу филмовите „Џокер“, „1917“ и нашата „Медена земја“, имаше и еден интересен краткометражен.

Што е со фелшов на Милинковиќ?

Релаксиран тренинг на Лацио во сред недела на сончево време. Топки колку сакаш околу играчите. Една од нив ја си ја тапка Сергеј Милинковиќ Савиќ и гаѓа во гол ама од позади. Се слуша гласот на Симоне Инѕаги кој наеднаш занемува. 

Кога ќе те најде доктор Иниеста од пола терен

Ти ја мислиш акцијата на сам почеток, а тој после второ додавање на позиција на бек ја прима и со неговиот програмиран мозок за делење топки со очи, мести гол. За шах потегот да се претвори во мат се погрижи неговиот соиграч кој ја заврши многу паметно.

Во Ангола има голман што брани клекнат како Спајдермен

Се вика Неблу и брани за футсал репрезентацијата на Ангола. На Африканскиот футсал Куп на нации 2020 бил најголем хит. Бранел како Спајдермен. Неговата селекција на крај завршила трета и се квалификувала на Светското првенство 2020 во Литванија заедно со Мароко и Египет.

Ваков слалом англиските дивизии не виделе скоро

Ај што им даде три гола на гости, ај што одигра неверојатна партија, туку слаломот кој го направи за третиот гол стварно потсеќа на најлудите продори на Лионел Меси. Дечково се вика Чарлс Вернам, игра за Гримзби, а синоќа против Колчестер на гости (2:3) правеше дар-мар.

Ако имаше кафе внатре со клизач ќе ти влезеше пред сите

Сите луѓе на масата, а и пошироко, се загрижиле дали келнеров ќе го помине жив и здрав остатокот од вечерта. Ние ја видовме најмеката можна реакција на Гатузо, а тоа е обид за заушка.

Пјонтек ги менува тренерите или тие бегаат од него?

Се разбира дека се мајтапиме со насловот, ама во иднина не му посакуваме вака во кариерата. Па ќе се шашардиса од толку разни тренерски замисли во кус период. Зарем има играч кој би сакал на секои два месеци да работи со нов тренер? Луда работа е ова што му се случува.

Кога ти си Нејмар, а другар ти е со две леви нозе

Ќе ја мислиш, ќе дриблаш, ќе се потиш да се избориш за простор, ќе му ја дадеш, а тој ќе се исправи пред гол како споменик и ќе ти го заебе цел труд. Не го викајте друг пат или стајте го нека дреме во одбрана. Па што?

Зошто италијанско сезонава не е за испуштање

Од каде да почнеме? Јуве повеќе не се бори сам за титула, туку гризат не една, две екипи. Интер пазари без престан звучни имиња. Милан го врати Ибра. Роналдо е машина за голови и магнет за публика. Плус Пандев уште е во форма, а Елмас е се подобар. Штета за Иле.

Првата конференција на Клоп во Ливерпул во 2015: „За 4 години ќе имаме титула“

Ај што во моментов важи за најдобриот тренер на светот кој создаде пеколна екипа која гази сè, туку од денешна перспектива се гледа дека Јирген Клоп е и визионер кој знаел да предвиди како ќе одат работите.

Голема статуа од Роналдо на карневал во градот каде се прослави Пандев

Кога ќе се спомне Виареџо, прва асоцијација во Македонија се Горан Пандев, Аце Стојков и сјајната генерација млади фудбалери на Беласица која подоцна доби уште неколку понуди да учествува на најголемиот младински турнир во Европа.

Разгаленото дете кое го намести Азар да добие црвен картон, денес е милионер

Вечерта на 23 јануари 2013-та, пред седум години, во вториот меч од полуфиналето на англискиот Лига Куп меѓу Свонси и Челси, се случи еден инцидент за кој зборуваше цела фудбалска Европа.

Уште не се родил дриблер како него

Играше во најголемите светски клубови, а никаде никој од ривалските клубови не го гледаше попреку. Секогаш позитивен и насмеан, а на терен како брз воз. Неговите дриблинзи треба да се изучуваат на катедрите за спорт.

Како ја опали во агол, двајца голмани не ја фаќаат

Египет, дуел меѓу Ал Ахли и Ал Гаиш. Домаќините добиваат 3-0 а вториот гол, дело на Амр Ел Солија во 69’ минута ќе се разгледува за гол на сезоната во Африка.

Од кај сакате шутирајте ми, сè ќе ви одбранам

За херој на колото и месецот во германскиот фудбал дефинитивно треба да биде прогласен голманот Јанис Гелиос. Неговиот Кил го совлада Сент Паули со 2:1 во втората лига, резултат кој висеше на конец бидејќи во финишот беше драма и пол пред неговиот гол.

Пред 29 години Зинедин Зидан го дал првиот гол во кариерата

На 10 февруари 1991 година, фудбалерот на Кан, 20-годишниот Зинедин Зидан го постигнал првиот гол на професионално ниво. На мечот против Нант во 26. коло од француската лига, Кан победил 2-1 а Зизу постигнал еден од головите.

Дај една банана, слабо сум јаден денес

Марсело Диаз игра за аргентинскиот прволигаш Расинг и член е на селекцијата на Чиле. Не знаеме дали ова се коси со фудбалските правила или не, ама типов мртов ладен јадеше на сред натпревар.

Редно беше да го чуеме Ибра во негов стил

Во САД кога ќе се вклучеа камери постојано беше во топ форма и новинарите едвај чекаа да се појави. Го следиме и сега во Италија, па ете го.

Ако има номинација за автогол на годината, детево ќе победи

Викендов тргна со автоголови. Во Париз на дербито ПСЖ - Лион, гостинскиот фудбалер Маршал си даде трагикомичен автогол, а ништо помалку чуден не беше ни оној на Мајк Трезор, играч на Вилјем Втори.

Автоголот на Лион е приказна за себе

Додека Барса и Реал се тркаа по нови бодови на гостувања, во Италија и Франција се играа дерби дуели. Интер го совлада Милан со 4:2 после пресврт од 0:2, а ПСЖ со ист резултат го победи Лион. Еден од головите за домаќините беше автогол на Фернандо Маршал.