Фудбал

Голман, ти не треба да браниш

Не знаеме кој го излажал голманчево од втората норвешка лига дека треба да брани. Чист промашај му е таа улога, кога го гледаш што може да направи во напад. Абе Жунињо го имате во тим, го запели другиот голман за статива.

Овој па како од небо да паднал

Мечот меѓу Сасуоло и Интер донесе голеада од 7 комада, односно гостински триумф од 3:4. Натпреварот во еден момент беше прекинат поради еден падобранец на терен, ама буквално падобранец. Што бараше тука да слетува само тој знае.

Еврогол во стилот на Барди

Не за џабе го споредуваме голчиштево со наш човек, затоа што во шпанскиот фудбал токму Енис Барди знае вака да ја свитка. Во исчекување на неговото деби ремек дело за сезонава, да уживаме во она на Дани Парехо од Валенсија кој ги постигна конечните 1:1 во Мадрид.

Каша попара пред голот на Лацио

Публиката на Олимпико во Рим денеска гледаше трилер натпревар меѓу Аталанта и Лацио. Гостите имаа убедливи 0:3 на полувреме, а во 92-ра минута од пенал Чиро Имобиле израмни на 3:3. Домаќините утнаа и два зицери во второ, но најголемата драма се случи пред нивниот гол во 89-та минута. Тука не се знае кој јаде, кој пие.

Школска маказа

Во првенството на Виетнам, од 4 гола на мечот Ха Нои - Кванг Нам, најубав беше првиот на гостите. Го даде Бразилецот Родриго да Силва Диаз.

Кога Ибрахимовиќ му предложил кладба на Лукаку

Во прилично долго интервју за Газета дело Спорт, Златан Ибрахимовиќ меѓудругото раскажал и една анегдота за Лукаку.

За љубителите на драмата, мексикански тим му пушти 2 гола на противникот

Во петокот вечер, во најдобрата мексиканска лига, играа Депортиво Веракруз и Тигрес. Откако цела недела се шпекулирало дали играчите на Веракруз ќе го играат мечот поради тоа што не земале плата со месеци, натпреварот почна и имаше чуден тек. Домашните им пуштија 2 гола на гостите во знак на протест.

Најнов хируршки потег на Роналдињо, со еден пас испаднаа 7 играчи

Мајсторот се врати на терен, за пријателскиот меч меѓу Индепендиенте Санта Фе и Атлетико Насионал во колумбискиот град Богота. Бразилецот покажа дека и на 39 години ја поседува магијата.

Штета за Палермо, погледнете какво екипиште можеа да имаат

Лоши вести пристигнуваат за довчерашниот клуб на Несторовски и Трајкоски, тоест најлоши. Симпатичниот сицилијански клуб со антипатичен газда, згаснува.

Пријателе, ти си пиел водка пред фудбал

Втора руска лига, играат Сатурн и Химик Арсенал. Уште не почнат дуелот, домашниот голман Арби Межиев излетува како да е поднапиен, а гостинскиот напаѓач Изотов шутира како веќе да е пијан.

Бразилскиот фудбалер од Астон Вила кој добил дете на 14 години, а на 16 имал две

Додека сите познати спортисти на поодминати години им раскажуваат на своите внуци колку биле славни на времето, на бразилскиот центарфор кој игра во Астон Вила нема да му треба многу време. Децата ќе го памтат како „талентираниот шпиц“.

Импресивен прием + магично додавање = Роналдињо

Рафа Маркез дува една топка која на прва изгледа безвезна. Ама, тука е чичко ви Роналдињо, која со два потега прави 100% шанса за гол. Ако приемот за коментаторот е „аааа мадре миа“, тогаш што да се каже за додавањево?

Албанска криминална група ги крадела фудбалерите на Реал, Барса и Атлетико

Шпанската национална гвардија привела четири лица кои ги ограбиле домовите на познати фудбалери кои живеат во Мадрид. Сите се со албанско државјанство.

Најголемата афера во бугарскиот фудбал во која беше измамен и македонски репрезентативец

За местенка, некои газди на клубови се спремни ако треба и да го ослабнат сопствениот клуб само да го шитнат мечот за тие пусти пари. Каква балканско - мафијашка лакрдија беше ова. Работава одете во Русија да видите дали сум таму.

„Бев гладен, играв бос и знам како е да се нема, што ќе ми се 10 Ферари“

Со 8 гола и 2 асистенции на 11 меча досега сезонава, Садио Мане потврдува дека е еден од најдобриот офанзивни фудбалери на светот денес. Неговата годишна плата во Ливерпул е проценета на 6,5 милиони евра, така што може да си приушти буквално што ќе посака. Ама не е таков.

Уште една победа на PES над FIFA2020

Франк Рибери, кој од летово игра во Фиорентина, на својот Твитер објавил слика од себе на новата ФИФА2020 и напишал „Играв FIFA2020 со децата пред некое време. Хеј @EASPORTSFIFA... Кој е дечково?“

Едно нормално интервју на Ибрахимовиќ

Меѓу другите прашања за плејофот против Минесота, за договорот, за 30-те постигнати голови, новинарите го прашаа Златан и дали е свесен дека одново неговиот дрес е најпродаван поради неговата популарност. „Камо среќа да имав 50% од тоа“, се насмеа Ибра.

Гледавме телевизија дома и ни заѕвони некој на врата

Бразилецот полека ги смири страстите кои во Париз ги предизвика со упорното инсистирање да се врати во Барселона. Навивачите го пцуеа, го гаѓаа со разни предмети, дури и не славеа негов гол за ПСЖ. Ама како одмина времето од летово наваму, пак го засакаа.

Девојката која отиде на ортопед после дуелов

Најсекси дриблинг еден на еден. Најнепредвидливите движења еден на еден. Најјакото мешање еден на еден и сè нај нај нај. Ја поништи без да ја пипне топката. Каква царица.

Ефектот на Кристијано Роналдо во Јувентус

Не успеа уште во првата сезона да им го донесе пехарот во ЛШ, ама затоа со реномето и влијанието во светски рамки, едноставно ја подигна економијата во клубот, која и онака им беше силна.

Диригенту, се загреваме како што можеш да видиш

Оркестар, залетан јуришнички, топ не го бие, не па двајца голмани што си подаваат на загревање. Виљареал, „Естадио де ла керамика“, некаква си прослава и манифестација.

А на денешното пленарно заседание на Собранието ќе запалиме бакљи

Ерменски парламент. Арарат Мирзојан од блокот Јелк и Лена Назарјан, негова сопартијка, запалија бакљи среде говорница, во знак на протест кон нивните политички противници.

Над 20.000 дечиња ја пееја романската химна на стадион

Во квалификациите за Европско првенство 2020, Романија на домашен терен ја пречека Норвешка и мечот заврши 1:1. Поради суспензијата која што УЕФА им ја врачи, Романците не пуштија карти во слободна продажба, туку по дозвола од УЕФА пуштија 30.000 деца на стадион.

Кој ќе користи Фејсбук или Инстаграм ќе остане без пола плата

Мортада Мансур, претседателот на еден од најпознатите клубови во Египет и општо во тој дел од светот, Замалек, ги собрал сите играчи и тренери и им рекол дека тој што ќе има профил на социјалните мрежи Инстаграм, Фејсбук и слично, ќе му биде намалена платата за пола. И ќе бидете казнувани за секој нов пост на тие мрежи.