Со Антонио Конте нема лабаво ни на дожд, па макар се откорне од врнење и теренот е како за на ватерполо. Во недела не играат финале во Лига на шампиони, туку имаат гостување против Сасуоло. Ама него ич не му чуе, тој кисне и тие киснат. Тоа е, милиони лапаат.
Поимот доминација во играта на шпанската репрезентација си влече длабоки корени после онаа незапирлива серија од освоени ЕП 2008, СП 2010, ЕП 2012. Во квалификациите за ЕП 2020 имаат 6 победи и 2 нерешени. Дечките не само што не грешат со топка, туку и да сакаш не можеш да им ја земеш.
Ја остава лабаво да му оди зад грб и не само што ја удира, туку ја смирува со петица без да ја гледа и си ја мести на другата нога за да ја врати. Ете затоа имаме тотално право за некои играчи да кажеме дека се волшебници со топка.
Во понеделникот репрезентацијата на Украина го победи европскиот шампион Португалија со 2:1 и меѓу првите обезбеди пласман на Европско првенство 2020. „Жолто-сините“ играат многу убедлив фудбал, а ренесансата ја направи легендарниот Шева.
За да поверувате дека воопшто може да постои гол со глава од пола терен, ќе мора да го видите видеово. Го постигна извесен Стеф Галински од нисколигашкиот фудбал во Англија. Коментаторот од што се збуни, го снема во еден момент.
32 години играат квалификации. Одиграле 136 натпревари и не победиле ниту еднаш. На ФИФА ранг листата се 210-ти од 210 репрезентации на светот. И секој нареден натпревар, домашните навивачи одат на стадионот „Олимпико“ со надеж дека можеби сега е моментот.
Бугарската фудбалска легенда имаше би рекле една неочекувана реакција кога во студио го прашаа што мисли и како да се спречи расизмот во неговата земја.
На гостувањето кај Шведска, Шпанците играа одличен фудбал, имаа посед на топка и неколку шанси, ама Швеѓаните поведоа први преку Берг во 50’ минута. Голем бод на Шпанија и донесе Родриго во 90+2’, ама и Де Хеа кој пред да излезе поради повреда во 60’ минута, бранеше добро.
Девет години како фудбалскиот свет е посиромашен без неговите игри (се пензионираше во Коринтијас 2011-та), а 11 како ја напушти Европа (последно играше за Милан 2007/2008). За ваков феномен со топка 13 клупски трофеи се премалку во кариерата, особено оние еден со Интер и три со Реал каде играше по пет сезони.
Момците на Андриј Шевченко ја совладаа Португалија и со 19 бода или 6 победи и едно реми, одат директно на Еврошампионатот следната година. Младиот бек на Манчестер Сити, Александр Зинченко скроз одлепи во живо, и тоа не еднаш.
Хрватска поведе со 0-1 во Велс, но домашните израмнија 1-1 и тоа беше крајниот резултат на мечот од квалификациите за Европско 2020. Хрватите се на прагот од пласман, а Велс ќе мора да се помачи. Исто како и овој нивен полициски службеник кој беше издриблан од хрватски навивач.
Да се немало почит ни кон играта, ни кон топката, ни кон салата, ни кон собирот, а да не зборуваме кон својот колега. Сè е тука погрешно, а ова ќе им поминеше само ако не снимеа, па и тогаш тешко.
Се излажал кога му се јавил Прандели за во Галатасарај, затоа што сакал да остане во Наполи и плус имал понуди за Фиорентина и Милан. Но горд и свесен е за успесите во Интер и Лацио, белег на неговата блескава кариера.
Во само три дена, турските репрезентативци, и покрај предупредувањата од УЕФА, одново направија војнички гест со кој ја поздравуваат турската акција на северот од Сирија против Курдите.
За Михајловиќ, Роберто Карлос, Бекам и Жунињо некако ќе разбереме, ама дека женско стапало може вака дрско во агол од 40 метри, искрено не ни се веруваше. Запознајте ја Каталина од Колумбија.
Невоспитаниот тинејџер кој на 18 години добиваше чврги од Кин, Гигс и баграта, денеска е во друштво на великаните кои беше потребно децении за некој да им го освежи друштвото.
Печат на картите за Европско првенство преку традиционалните квалификации обезбедија Украина, Полска, Италија, Русија и Белгија. На 1 бод од пласман се 5 селекции, а другите чекаат да им се поклопат коцките.
Со никакви успеси, никакви резултати, па и никаква игра во изминативе 6 години откако се разделија со Ферги, Манчестер Јунајтед постави рекорд во најнеадекватниот период од својата историја. Достигнаа безобразно највисок плафон на плати во историјата на лигата.
Квалификацискиот меч меѓу Норвешка и Шпанија беше историски за гостите поради еден исклучително редок момент кој многу тешко е да му се стрефи на некој селектор, освен ако не го направи намерно.
Пошироката македонска јавност, дали поради временската дистанца (март), дали поради карамкашата што ја направи УЕФА со 234 турнири, или поради нешто трето, не е запознаета со тоа дека Македонија 180 минути ќе ја далат од историски пласман на едно Европско.
Во 35’ минута од дуелот на „Стожице“ во Љубљана, гостинскиот десен бек Улмер го имаше најкриминалниот прекршок во квалификациите за Европско (конкурент му е нашиот Несторовски), иако делува дека и двајцата немаа никаква намера. Настрада шпицот Роман Безјак кој за кратко време го продолжи натпреварот а Улмер доби само жолт картин од Чакир.
Додека репрезентацијата на Аргентина тренирала во својата база, Диего решава да се пушти на една селска ливада и таму да набива кондиција за Мундијалот во САД 1994.