Македонскиот второлигаш Осогово одигра бледа прва полусезона и пред паузата поради глобалната пандемија беше на претпоследно место со само 6 освоени бода (16 кола, 14 порази, 2 победи) и пред испаѓање. Но фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) во меѓувреме одлучи да нема испаѓање сезонава, така што истите клубови ќе ја сочинуваат Втората лига (Исток и Запад)
Ова решение убаво им дојде на Кочанчани.
Комичниот Твитер профил на овој клуб твитна фотографии на кои се гледа изоран терен, спремен за компир, пипер, домат.
„Не, не е за тоа. Помошниот терен на нашиот главен стадион ќе добие нова трева и нов лик, за да квалитетот на главниот терен биде сочуван за натпревари“, објаснија од Осогово.
А во еден коментар на социјалните мрежи додаваат:
„Таман се спремивме за сеење и оп останавме и следната сезона во лигата“.
Шегата стигна до многу регионални медиуми меѓу кои РТС, B92, Večernji list и други.