Дербито на Истокот меѓу Осогово и Саса заврши 1-1. Гостите од Каменица поведоа со 0-1 а бод на домаќините им донесе внукот на легендарниот голман Благој Истатов кој го носи истото име на дедо му. Пазете го голов.
Да не го измислеа Твитерот, во Рома никогаш нема да знаат за Кочани и нивниот македонски третолигаш кој им држи лекции и на прволигашите како се користи оваа социјална мрежа.