Ваквиот епилог со фудбалот во Босна и Херцеговина му ја донесе втората титула по ред на ФК Сараево, а вкуно седма во клупската историја. По 22 кола, Сараево пред паузата поради Ковид-19 беше лидер со 45 бода, три повеќе од второпласираниот вечен ривал Жељезничар.
Како капитен и најдобар играч Сараево сезонава до првото место го предводеше Крсте Велкоски, македонскиот репрезентативец којшто веќе неколку години е симбол на екипата со бордо дресови.
За „Крки“ ова е трета шампионска титула во БиХ со Сараево и негов вкупно петти трофеј откако е во овој клуб. Велкоски е првиот и единствен фудбалер во историјата на овој трофеен босански клуб кој има пет трофеи, откако во 2014-та стигна на легендарниот стадион „Кошево“.
Велковски накратко го напушти клубот во јануари 2016-та, но набрзо се врати и со Сараево освои две титули и еден Куп на БиХ.
Македонецот е омилен лик во сараевските улици и права легенда меѓу бројните навивачи на Сараево, клубот кој од следната сезона ќе игра во квалификациите за Лига на шампиони на УЕФА.
Велкоски го очекува и бараж дуелот за пласман на Европското првенство 2021 против Косово.