Фудбал

Хет трик на Тричко на Кипар, лидер е на листата на стрелци

Во луд натпревар кој заврши 4-4, македонскиот фудбалски репрезентативец Иван Тричковски постигна 3 гола за својот АЕК Ларнака во дуел против Паралимни. Неговиот тим после 7 одиграни кола е трет на табелата, со 11 бода.

Рагби зафат на мечот Арсенал - Кристал Палас

Што чуден клуб е ова Арсеналов. 2:0 имаа по само 9 минути игра и на крај во судиско се спасуваа од пораз, ама со еден нељудски фаул за кој Матео Гендузи замислете доби само жолт картон. Абе судија каков жолт, ребра да не треба да му скрши за исклучување? 

За фудбалерите на ПСЖ изгледа е забрането рогање

Томас Тухел како да посетувал многу семинари на Гвардиола и им рекол на своите играчи да не помислат на рогачката. Како што стојат работите, овие буквално го сфатиле. Погледне од какви говна се извадија од пред гол и како ја завршија акцијата.

2 гола од своја половина за само 90 секунди

Фудбалот секојдневно носи незамисливи работи, па така и денес од јапонската втора лига стигна лудо видео. Тимот Монтедио Јамагата на мечот против Ехиме во рок од 90 секунди даде 2 гола од своја половина. Да, од свое поле два пати ја дувнаа во мрежа.

Мајсторе, само ти и Златан сте до волку откачени

Романски фудбал ако не се истакне со некоја лудорија, нема друг кој, особено во пониските лики. Имаме велемајсторски ножички надвор од шеснаесетник во втората романска лига и тоа за конечни 2:3 на гостинскиот тим.

Гол слават, а гол примаат

Многу чуден момент во хрватската лига. На мечот Хајдук - Славен Белупо, гостите во 74' минута славеа непостоечки гол (голманот ја извади топката на време), а тоа го искористија фудбалерите на Хајдук кои тргнаа во контра и дадоа гол за 2:0.

Импресивен блок со клизачи на дете на Челси

Фикајо Томори е 21 годишен Канаѓанец од школата на Челси. Дефанзивецот се калеше во помали клубови, а има изгледа добро се искалил бидејќи Сините сезонава му дадоа 12 шански за настап на сите натпреварувања. 

Најчудниот пенал некогаш досуден во Германија

За време на дуелот меѓу Холштејн Кил и Бохум во германската втора лига, домашниот резервен играч Михаел Ебервејн се загреваше зад голот. После еден шут топката тргна кон гол-аут, но Михаел ја сопре. Според правилникот, судијата има право да досуди пенал поради овој прекршок. По прегледување на ВАР, судијата Тимо Герарх тоа и го направи па Бохум си доби пенал.

Магија на Пандев за нов гол за Џенова

Џенова со 3-1 ја совлада Бреша после пресврт. Интересно, новиот тренер на Џенова, некогашниот европски шампион со Интер, Тијаго Мота направи три измени во вториот дел (Агудело, Куаме и Пандев влегоа во игра) и сите тројца постигнаа по гол. Гоче ја запечати победата со ремек дело.

Лудост во Премиер лига, Лестер го победи Саутемптон со 9-0

После петочниот натпревар кој влегува во Гинисовата книга на рекорди, можно е Лестер веќе да не го пуштаат во Саутемптон. Тимот на Брендон Роџерс славеше со абнормални 0-9!

Планот на Јуве за развој на брендот Јуве и инвестирање во нов Роналдо

За црно-белото семејство предизвик е да работат по принципот на најголемите европски моќници, каде благодарение на огромниот профит од тв права, се вртат други пари. Во нивната визија постои план за инвестирање сума од 300 милиони евра, од кои дел би оделе за нов бренд од профилот на Мбапе.

Соблекувалната на Барселона во Прага полна ѓубриште

Фудбалерите на шпанскиот шампион некако ја пребродија Прага каде со 1-2 потешко од очекувањата ја совладаа Славија. А после мечот соблекувалната ја оставиле руинирана со лушпи од банани, фрлени цели банани, пластични шишиња и чаши, бадеми, семки, чоколадни шејкови.

Турскиот тренер кој ги шамара играчите

Дали ова го смета за мотивациски говор или само ги мачи поради тоа што лошо изиграле во прво полувреме, не навлагаме. Човеков е за на психијатрија.

Прво заборави дека е капитен, а потоа водеше љубов со тревата на ЈНА

Хари Мегвајер е најскап дефанзивец во историјата на фудбалот за кого Манчестер Јунајтед плати 80 милиони фунти. Ама довчерашниот играч на Лестер синоќа нешто не беше при себе во Белград.

Македонец станува селектор на светскиот шампион Америка

Некогашниот фудбалер на Работнички, Македонија ЃП и Вардар, Влатко Андоновски во моментов е најреномираниот тренер во женски фудбал во САД. Од таа причина добива животна шанса, да ја води селекцијата која пред неколку месеци стана светски првак.

Овој па на лева нога станал

Го доби градското дерби во Лос Анџелес со 5:3, ги елиминираше градските ривали во плејофот од МЛС и е нервозен само затоа што новинарот го праша што мисли за изданиeто на Карлос Вела вечерва. Што се изнервира толку Боб Бредли кој инаку е тренер ЛА, само тој знае, а Вела два гола даде.

На Златан му дојде преку дур

Лос Анџелес Галакси го загуби градското дерби од Лос Анџелес со 5:3 и со тоа се елиминирани во плејофот од МЛС. За Ибрахимовиќ ова е крајот во американскиот фудбал.

Дали е здрав што фати голманов на Селтик?

Момците на Симоне Инѕаги со главоболки ќе си одат од гостувањето во Шкотска бидејќи имаа 0:1 и дозволија да им се случи целосен пресврт во 90-та минута. За нововлезениот Данило Каталди па ќе треба појако апче за глава, бидејќи во 95-та минута го имаше голот на колото во Лига Европа.

Лудачки пресврт на Арсенал со два гола од слободен на Пепе

Со двете мајстории на Николас Пепе во 80-та и 92-ра, фудбалерите на Арсенал се спасија од срам против Виторија Гимараеш. Пресврт во 90-та направи и Селтик против Лацио.

Јунајтед конечно победи на гости, ама капитенот го утна протоколот

Фудбалерите на Манчестер Јунајтед го совладаа Партизан на гости со 0:1 и ја прекинаа лошата серија без гостински триумф која им траеше од март месец кога го изненадија ПСЖ во ЛШ. Борусија Менхенгладбах и скина бод на Рома со пенал во 95-та.

Сан Марино, лигата во која за настап ви требаат само две едвај функционални нозе

Да речеме дека постои човек кој во една сезона успеал да изгледа по еден натпревар во сите лиги во Европа. Ништо не раскажува за нас, што е добро, бидејќи очигледно има и бетер.

Кико, дај му на Пјаниќ да шутира, ти си изгубил осет

Откако дојде во Јувентус, Кристијано Роналдо стана прв изведувач на слободни удари, пред Миралем Пјаниќ и Пауло Дибала кои шутираа во изминатите неколку сезони. До денес Роналдо извел 28 директни слободни удари и учинокот му е : 7 шута му одбраниле голманите, 2 завршиле надвор од рамките на голот, а 19 во жив ѕид.

Најјак сум, му ја земав на Меси

Одбраната на Славија Прага синоќа имаше пеколно тешка задача, бидејќи гостинот во ЛШ по име Барселона им тргна во напад со триото Меси-Суарез-Гризман. Погледнете ги овие радости на нивниот дефанзивец Давид Ховорка, не затоа што му ги зема, туку само му исфрли две топки на Меси.