Фудбал

Кога генијалниот Дејан и Милан ја урнаа златната епоха на Барселона

На денешен ден пред точно 26 години италијанскиот гигант ја имаше можеби најубавата вечер во својата вековна историја. Со скрпен тим, без неколку главни играчи мораше да се борат против страшната Барселона на Кројф, Ромарио, Стоичков, Гвардиола...

Зиеш имаше емотивно збогум со Ајакс и другарите

Една од најсилните карики во овој опасен Ајакс изминативе неколку години беше Мароканецот, кој по четири години престој си заминува од Амстердам. Разделбата е со солзи, бидејќи тоа беше едно семејство, а Зиеш уште повеќе се возбуди кога пуштија видео од мајка му.

Зар вака од сега ќе се поздравуваат?

Германците почнаа со фудбал во кој забрането е поздравување, допирање, гушкање. Кога Томас Милер беше заменет, реши да се поздрави со нога. Некои сметаат дека гестот е недоличен кон тренерот, но неговата порака всушност е јасна, а тоа е да се почитуваат мерките.

Стрелец на прв гол после Ковид-19 е кој друг ако не Халанд

Бундеслигата е прва од Топ5 но и од речиси сите други европски лиги која се врати по долгата пауза поради глобална пандемија. А првиот гол по рестартот го даде Ерлик Халанд на мечот Дортмунд - Шалке (4:0). Трчаше да прослави, ама сфати дека нема гушкање со соиграчите и дека на трибините нема навивачи.

Јужнокорејски тим се извини што поставил секс кукли во замена за публика

Корејската Кеј-лига веќе одигра пар кола по долгата пауза поради глобалната пандемија, а фудбалскиот клуб Сеул направил кикс на трибините.

Клинецов од Баерн се загради ко Малдини

Не видовме какви тренинзи имал Алфонсо Дејвис по дома последниве два месеци, ама на малиот не му влијаела долгата пауза. Погледнете го овој енергичен трк во 87-ма минута на крилото на Баерн, кој во секунда се претвора во бек кога треба.

Гест на колото: играчите на Борусија дојдоа до празна трибина да им заблагодарат на навивачите

Германската Бундеслига се врати. Имаше неколку интересни натпревари, голови, но и тажни празни трибини.

И убаво ти дојде?

Се сложувате со нас дека не треба секаде да постојат камери?

Најстариот играч во Топ5 лигите игра во Франција и е постар од Буфон

Капитенот на Монпеље, Бразилецот Виторино Илтон го продолжи договорот со клубот на уште една година. Овој стопер во септември ќе полни 43 години, а сезонава до паузата ги одигра сите натпревари во Лига 1 и во францускиот Куп.

Роберт Просинечки рекламира бела чарапа

Прво се пентари во автобус, потоа тегне турско, а “креативната“ содржина во рекламата оди вака: Праве ципеле можда нечете начи, али чарапе да. И потоа имаш опасен швенг надолу до нив. За тие времиња ово била најнорамална реклама. Веројатно.

Снимка од Меси како си поигрува со другарите на 8 години

Феноменот не важел за талент од 16, 15 или 12 години. Додека ние сме го гледале Мундијалот во САД 1994, во другата Америка, онаа на југ, да ти имало мега ѕвезда во доаѓање, односно дете по име Лео, кое шеба како сака и по колку сака.

Како шампионската генерација на Вардар ја доминираше Звезда на Градски

Зборуваме за сезоната 1987/1988 од која пред неколку дена објавивте фотографија со тој страшен состав на Андон Дончевски, кој е можеби најјак во историјата на Вардар. Имаме две јаки видеа со историска содржина од Градски, како и два спектакуларни голови на Панчев и Пикси.

За да купи паста за заби и крема го нарушил карантинот - тренерот на Аугзбург го пропушта стартот

На 16-ти мај фокусот на светот на спортот ќе биде свртен кон камбекот на една од европските топ5 лиги. Бундеслига се враќа со детален протокол.

Германија е држава, затоа прва го враќа спортот на голема врата

Иако првиот случај на КОВИД-19 во Германија стаса дури 11 дена пред првиот случај во Италија, Германците најдобро од сите погодени големи земји ја менаџираа кризата. Благодарение на чесниот однос власт-граѓани-медицина, го изгаснаа пожарот и сега го враќаат фудбалот.

Кој заборавил на Џими Флојд Хаселбанк

Многу интересен лик. Роден во Парамарибо во Суринам, Џими Флојд Хаселбанк играше за Холандија. Во кариерата смени 10 клуба од кои најпознати беа АЗ Алкмар, Боависта, Лидс, Атлетико, Челси, Мидлзборо. Кај и да играше се изнадава голови. Му го памтиме оној против Сити на денешен ден во 2005-та година.

Бергкамп до Виера: шах - мат

За непобедливите на Арсен Венгер во 2003/2004 ќе се зборува и пишува и по 100 години. Тоа беше неповторлив состав со врвни имиња на секоја позиција. Погледнете што изрежираа Бергкамп и Виера во последно коло против Лестер. Изгледа едноставно, но е многу мајсторски.

Нема појак гол од овој на Зидан во финале на ЛШ

Се играше во Глазгов на 15 мај 2002, а финалето го доби Реал Мадрид со 2:1 против Баер Леверкузен. Секој има право да каже и одбере кој му е омилен гол во финалињата од ЛШ, па така и ние. Ова е за нас број 1. Па ваква магија и елеганција имаше само тој во нозете.

Не се раѓа повторно ваков Ајакс

Луј Ван Гал да седне да раскажува за таа 95-та, нема да има право никој да трепка. Безвременска генерација која не можел никој да ја победи, од Волендам до Милан. 106 гола збрцале во првенство на 34 средби. Неповторливи се.

Клоп станал тренер на 33 години и правел шоу во Мајнц каде испиша историја

Упорноста на најдобриот тренер на денешницата била видлива уште првпат кога седнал на тренерската клупа. Успеал да направи цел град да го засака клубот, ја подигнал посетеноста на стадионот, а екипата играле фанатично борбен фудбал.

Најдолгиот клизач во фудбалот е дело на Сол Кембел

Хрватска има толку многу легендарни натпревари, што човек може книга да напише за тоа. Еден од нив беше против Англија на сред „Вембли“ кога славеа со 3:2 во квалификациите за Европско првенство 2008-ма. Олиќ, Модриќ и Петриќ танцуваа по теренот, а Сол Кембел тргна да скија.

Деле Али ограбен со нож на лице среде својот дом

Домот на светски познатите спортисти е една од главните цели на лоповите во наше време. Но обично крадците провалуваат додека целото семејство е на стадион и го гледа натпреварот на кој игра нивниот сопруг, татко, брат.

Чехот Лудо кој го спречи Манчестер Јунајтед да освои титула во 1995-та

Со 34 гола Алан Ширер во сезоната 1994/1995 на Блекбурн му донесе титула која што навивачите на овој клуб ја чекале 81 година. Ама сè би било поинаку доколку 287 километри подалеку еден Чех не играл животен натпревар.

Како во Шкотска навивачи го спасија својот клуб

Шкотскиот Партик Тисл од тамошниот Чемпионшип (втора лига) сезоната 2019/2020 ќе ја памети уште долго и тоа по добро и по лошо.

Ладнокрвно и мајсторски од Де Брујн на 19 години

Пред да стане ѕвезда во Бундес и Премиер лига, Белгиецот играше за Генк, каде ја почна кариерата во 2008-ма. На меч против Гент, вака си поигра при еден корнер.