Фудбал

Ќе има турнир во мал фудбал во затворот, Роналдињо изгледа нема да игра

Управителот на притворската единица во Националниот затвор во Асунсион, главниот град на Парагвај, изјавил дека прават сè што можат за на Роналдињо и брат му Роберто Азис да им биде комфорно и безбедно.

Има таков шут што двајца голмани не го бранат

Велез Сарсфилд со 0:3 го декласираше Унион во најдобрата аргентинска лига. Вториот гол го даде Лукас Робертоне, сигурно најубав во неговата досегашна кариера.

Трите можни сценарија за крајот на сезоната во Серија А

Ситуацијата во италијанско е ептен трудна. До крај има 12 кола, ама и кнап време за да се доиграат, бидејќи италијанската влада го стопираше првенството до 3 април, а на 12 јуни почнува Европско. Една од трите опции е воопшто и да не се одигра и да нема првак.

Тренер на романскиот шампион направи измена во 25-та секунда од мечот

Некогашниот член на славната генерација романски фудбалери Дан Петреску е тренер на Клуж, првопласираната екипа во романското првенсто. Синоќа на мечот против Газ Метан Медијашу, Петреску го навлече гневот на целата јавност.

Еден од најубавите голови во кариерата на Арјен Робен

Пред 10 години, на 9 март, холандскиот велемајстор постигна фантастичен погодок за Баерн Минхен против Фиорентина на гости во Лига на шампиони. Мечот заврши 3:2 за Италијанците, ама Баерн отиде понатаму поради повеќе голови на гости.

Сè ќе биде во ред, останете дома

Сасуоло и Бреша синоќа го одиграа последниот меч на колото, но и на месецот, откако премиерот на Италија синоќа изјави дека ќе мора да прекинат сите спортски манифестации заедно со фудбалот до 3 април.

Спикеру олабави и коментаторите ти се смеат

Ленс го совлада Орлеанс со 1:0 во француската втора лига. Трибините сјаат празни, атмосферата театар, а спикерот како по навика бараше навивачите да го следат и да го повторат името на стрелецот. 

Фештата на Бомбонера за титулата на Бока во последно коло

Неверојатна завршница имаше аргентинското првенство. Лидерот Ривер Плејт имаше 2 бода предност во однос на Бока во последните 90 минути од шампионатот, а 3 на две кола до крајот.

Дане Жунињо Митрев од Неготино

Ни стига порака во сандаче со опис: „ГФК Вардар Неготино - Големо Коњари. Ремек дело за првиот гол“. Се разбира мора тоа да се види и објави. Вакви видеа сакаме ние, автентични, од нашиот нисколигашки фудбал кој има луѓе што го негуваат со душа и Твитер.

Од анонимен играч во 2-ра италијанска лига, до лидер на Манчестер Јунајтед

Најозборувано име во фудбалска Британија во моментов е Бруно Фернандеш, Португалецот кој го крена ранетиот Манчестер Јунајтед и го насочи на пат кон Лига на шампиони.

Џејми Карагер уште има последици од дуелов

Поминаа преку 15 години од овој дуел. Го носеа по масери, местачи, ортопеди, ама џабе бидејќи падна, стана, па пак падна од немоќ, а кикаков ќар немаше ниту од помошта на другите двајца. Ете до толку беше јак со топка легендарниот Џанфранко Ѕола. Го испокриви човекот.

Што сака прави со топка, само што не му ја даваат

Во Премиер лига забранија ракување, во Серија А се игра без публика, а и таму не се поздравуваат. Што денови дојдоа, човек да не смее веќе ни топка да фати од тоа проклетата корона. Ама па мајстор си е мајстор и без топка.

Четири гола за кои вреди да платиш скапа карта

Американската фудбалска лига МЛС станува сè погледлива. На некои натпревари, како на пример синоќа Лос Анџелес - Филаделфија (3:3) паѓаат голови како дожд. И тоа онака баш фини голови за око.

Златан од Индија

Додуше Ибрахимовиќ ја офука за Шведска надвор од шеснаесет, ама па ова за индискиот фудбал е најјак гол на сезоната, па и јаче.

Или ја играл во кладилница, или ја наместил, трето нема

Меч од 3. португалска лига меѓу Тореенсе и Анадиа. Играч на натпреварот, судијата Луис Рефорцо. Во 65’ минута суди смешен пенал за домаќинот и дава директен црвен картон за гостите. После го повторува изведувањето на пенал дури 3 пати од кои првите 2 беа промашени од играч на Тореенсе. Португалската фудбалска федерација експресно го дисциплинирала и го тргнале од листата на судии.

Пусти трибини на фудбал во Италија

Сезоната која до пред само неколку недели важеше за најинтересна во Серија А во последните неколку години, полека стивна во сенка на сериозниот замав кој го прави коронавирусот. Фудбал час се игра, час не се игра, а гледалиштата сурово празни.

Првата фотографија на Роналдињо од притвор

Хернан Родригез, кој работи како парагвајски новинар во радио Униканал, ја објави првата фотка од Роналдињо во истражен затвор, обвинет поради влез во Парагвај со лажни пасоши.

Акцијата на Јуве која го зашемети пола Интер

Во дербито на Италија, шампионот Јувентус со 2-0 го доби Интер и бодовно се одлепи на табелата. Арон Рамзи и Пауло Дибала беа стрелци на головите. Акцијата која му претходеше на погодокот на Аргентинецот беше R1 и L2 на Сони Плејстејшн.

И Роналдо се нашали со короната

Дербито на Италија го доби Јувентус со 2:0, но без публика го немаше истиот драж. За тоа е свесен и Кристијано кој се поздравуваше со невидливи навивачи.

Министер во Италија го прекори Пандев што ги гушкал соиграчите

Гоче игра како во најдобрите денови. Со убав гол на „Сан Сиро“ против Милан уште повеќе придонесе во борбата на Џенова за опстанок, но ни крив ни должен наиде на критики од министер во Италија.

Горан тресе мрежи и на Сан Сиро

Џенова води жестока битка за опстанок за која упорно се бори Пандев кој реди голови. На тешкото гостување против Милан му требаа само 7 минути за 7-ми погодок сезонава во Серија А.

Како први така други

Гостува Кардиф Сити кај Барнсли. И до 65' минута нема голови, а после во само неколку секунди Кардиф дава два гола. Прво Вили Волкс а после Калум Патерсон. Вториов неуспешно проба да ја имитира прославата на првиот.

Лапна парче хартија за да не му ја видат тактиката

Спортот, посебно фудбалот е полигон на сваштарија. Може да видите буквално сè и сешто. Ко на пример оваа будалаштина на Баду Ндијае, 29-годишен Сенегалец кој игра за турски Трабзонспор. На мечот против Газијантеп (1:1), тренерот на Трабзон Усеин Чимшир му напишал на лист на Ндијае некои тактички совети, а овој откако прочита го лапна листот.

Ако влезеше шутов на Мане, ќе беше гол број 1 на Енфилд сезонава

Ливерпул конечно по серија слаби резултати, успеа да го совлада Борнмут 2-1 после пресврт и на тежок начин да освои 3 бода на патот до титулата. Садио Мане на овој меч имаше луд обид да го постигне најубавиот гол сезонава во Премиер.