Џорџо Кјелини е еден од главните јунаци на карантинот во Серија А. Капитенот на Јувентус меѓу првите се договори со сите соиграчи за тешкото прашање - да се откажат од плати за два месеци и да ги добијат парите кога фудбалот ќе се нормализира.
Уште неотрезнети од чудесниот кам бек на Ливерпул против Барса во ЛШ, ден потоа или поточно на 8 мај лани, Спарси го замрзнаа Амстердам на сличен начин. Зад тој успех се крие приказната на четири трансфери за кои раскажува поранешниот нивен скаут, Дејвид Веб.
Интересна приказна има основачот на сајтот без кој не може да помине некој муабет за трансфер, за вредност на играч или фудбалски гласини. Почнал од 0 па го продал мнозинскиот пакет акции за 10 милиони евра.
Секој носи некаков грев со себе, па така и неприкосновениот Џиџоне кој како млад имал неколку киксови како млад. Пробал да се вади но јавноста реагирала бурно и тоа му е единствена дамка во кариерата.
Бред Фридел, Тим Хауард, Питер Шмајхел и уште малку други голмани успеале да се прослават како голмани со постигнат гол. Ако не можат соиграчите одам јас во шеснаесетник.
Иако се пензионираше во 1997-ма година кога ја освои четвртата титула со Манчестер Јунајтед, Ерик Кантона и ден-денес на 53 години покажа дека има повеќе од осет од многу актуелни млади играчи на англискиот клуб.
Биеше битка со една од најтешките болести која ја победи со дисциплина и срце. Потоа дојде проклетата корона, а со неа и карантинот. Но Синиша Михајловиќ е голем борец. И покрај сите заебанции, утринава се појави во тренинг кампот на Болоња.
Кога кумот и другарите ќе се потрудат на најсликовит начин да ти дадат до знаење, дека прстенот не значи бришење на фудбалските собири во вторник и среда.
Нова супер интересна Инстаграм епизода од серијалот на Бобо Виери кој постојано се слуша со поранешни соиграчи. Конечно се скраси дома и стана татко, ама навечер не спие и го проверува детето дали дише. Откри и кој од колегите се прави дрво од две чаши вино.
Во 2009-та година Пеп Гвариола во дебитантска сезона на клупа на Барселона освои тројна круна: Ла Лига, Куп на Шпанија и Лига на шампиони. Многумина тврдат дека таа екипа на Барса го играше најубавиот фудбал на сите времиња.
На денешен ден, 7. мај пред 13 години, на меч од шведската лига меѓу Еребро и ИФК Гетеборг (0-4) Перуанецот со шведски пасош Андрес Васкез постигна гол кој ги фрапирал сите гледачи.
Напаѓачот на Тотенхем најдобро од сите фудбалери ја искористи паузата поради пандемијата на вирусот - го отслужува воениот рок кој толку долго го прогонуваше.
Тоа што го направи беше претходно невидено од белата точка, а никој потоа не се ни осмели да го повтори. Но за жал новонастанатиот мајстор, беше спречен на суров начин да стане нешто повеќе од само моментална сензација.
Најголеми фудбалери на ХХ век најчесто ги нарекуваат Пеле, Марадона и Кројф. Напаѓачот на Бенфика и репрезентацијата на Португалија, Еузебио е далеку помалку споменуван и неправедно запоставен.
Мануел Ноер не се излежава, туку одржува форма со тренерот на голманите на Баерн Минхен, Тони Топаловиќ. Локацијата му е на мирно место, во планински предел и покрај езеро, а царот ставил и гол поголем од дворот.
Накратко, клупскиот доктор на Хајдук Сплит, Анте Туриќ детално раскажува како се одвиваат тренинзите на „Пољуд“. Ова е прва фаза, а следна е тренинг во поголеми групи.