Кога Захов ќе ги извади ракавиците и ќе ја грабне гитарата од голман се претвора во пејач, ама многу добар. Има многу пријатен глас, пее со емоции и ги владее акордите.
„Еден живот живеам“ од Ристо Самарџиев.
Чуварот на мрежата на Шкендија, Костадин Захив - Дино освен што е одличен и талентиран голман, има и друг талент 👇🏻 pic.twitter.com/oja5cWKnIp
— Footbla (@FootblaDigital) October 28, 2020
Чекај бе, таа од Ристо не е случајност. Ние сме имале голман - славеј. Инстаграмот му е полн со јаки настапи. Пазете оваа како ја везе од планина. Уживанции за сите пари.
И со електрична знае
И за крај дует со Елена
Не бе Захов е неоткриен, тоест откриен талент кој ужива во музиката, а ние сме импресионирани. Браво царе.