И покрај фаворитската улога Рома одигра само 0:0 против ЦСКА, а пред изненадувачкиот резултат, внимание во јавноста предизвика еден гест на бугарскиот легендарен фудбалер.
Христо се сликаше со пушка в рака демек сакал многу волци да лови и со тоа направи невкусна шега како асоцијација на прекарот на Рома познат како Римска волчиња.
„Отсекогаш сакав да ловам волци. Со среќа ЦСКА“, напиша Стоичков.
CSKA Sofia legend Hristo Stoichkov, who’s a passionate hunter, ahead of his team’s #UEL clash with @ASRomaEN 🐺 tonight in Rome: ‘I’ve always liked to hunt wolves... Good luck to CSKA!’ pic.twitter.com/4Tn7gHIv9H
— Metodi_Shumanov (@shumanskoo) October 29, 2020
Инаку пред да пристигне во Барселона со која во 1994-та ја освои Златната топка, Стоичков настапуваше за ЦСКА Софија од 1984-та до 1990-та.
Постигна 111 голови, крена 8 трофеи, а во сезоната 1989/1990 со 38 првенствени голови ја освои Златната копачка.