Виери: Кога ќе се пензионира Меси, ќе остане само Нетфликс за гледање

Поранешниот италијански репрезентативец, Кристијан Виери даде свое видување за дербито на колото во ЛШ меѓу Јуве и Барса, со посебен акцент кон Лионел Меси.

Виери е импресиониран од Барселона која триумфираше во Торино 0:2 и не му е јасно како со ваква игра можеле да загубат од Реал Мадрид.

„Барселона беше неверојатна и со таа нивна игра можеше лесно да постигне 6-7 гола. Играат многу добро и не можам да сфатам како загубија од Реал Мадрд. Ако ја гледавте средбата протв Јувентус, ќе помислите нека повеќе нема да загубат натпревар“, вели Кристијан кој работи како кокоментатор за CBS Sports.

А пак за Меси го вели следново:

„Тој е магионичар, Хари Потер во фудбалот. Кога ќе престане да игра, ќе престанам да гледам телевизија, освен Нетфликс, бидејќи друго ќе нема интересно за гледање. Луда работа е што посвои ваква 10-ка“.

Инаку Кристијан Виери кој ја заврши кариерата во Аталанта пред 11 години, беше член на Јуве во сезоната 1996/1997. Постигна 14 гола и освои Скудето, Супер Куп на УЕФА и Интерконтинентален куп.

За време на карантинот во Италија им вртеше на поранешни колеги. Со Верон беа цепки.

29 октомври 2020 - 16:24